Океј, признавам.. иако секогаш сум бил оптимист кога е Вардар во прашање.. вчера се надевав дека ќе изиграме храбро, дека ќе се обидеме да им парираме и дека нема да изгубиме повеќе од 5 разлика. Да бевме во друга ситуација можеби и ќе размислував на друг начин. Но се уште имаме тим кој има потреба од воигрување.
И што добивме? Лу-ди-лооооо!!!
Што викаа кладилнициве? Кој бил фаворит за освојување на Лига на шампиони??
Дајте ни бе некој појак!!!
Кога видов дека дури и Џамбо скина неколку шутеви, знаев дека ќе имаме добра вечер. Него, што ќе кажете за Малумбрес?? Човеков функционира 200 на саат. Одличен мотиватор. Како што седев веднаш позади клупата на Вардар во второ полувреме.. Цело време ги бодреше останатите, им покажуваше дека предноста на Барса е достижна и дека се е во нивните глави. Пред да отиде Милиќ да го брани клучниот пенал, му викаше: Ајде Џамбо, ајде!!!
Крилата денес беа беспрекорни. Да, утна Тимур на крајот, ама што се погоди претходно? Брумен генијалец, истотака. Остај што игра одлично на десно крило, ама имаше и неколку пробиви од позиција на десен бек кои ги заврши со гол.
Бековите можеа и подобро. Бели и Растворцев не се вклопија во вчерашната партија, но затоа Карачиќ и Душебаев бриљираа. Доколку се остварат шпекулациите дека во декември пристигнува и Дисингер, е тек тогаш ќе имаме што да кажеме. Прибак влезе на кратко, но и за тој период успеа да реализира неколку асистенции.
Пивотите исто така солидни. На почетокот Столе, потоа Тоскиќ, на крајот Чипурин. Постојано градеа простор за бековите и беа исклучително корисни, а Тоскиќ и на три пати постигна прилично битни голови.
И за крај, Зоки Кастратовиќ. Еве и него да му признаам. Повлекувам се што мрчев за него до сега. Вчера беше тактички перфектен, единствено што можеби требаше да го повлече Петриќ порано од игра. Јасно е дека Вујо е и ќе биде наша икона, но мора да му се даде поддршка и на Зоки.
Во среда Минск. Кои се вашите прогнози?