За PS и Xbox ќе бидат две, ќе бидат обележани со знакот на конзолата, а за PC разлика ќе се осети само на новите графички кои ќе излезат во ноември.
Исто како што беше со Crysis 3 кога имаше поплаки, прави EA договор со некоја компанија и ич не им чуе дали имаме пари да си ги дозволиме новите графички.
Затоа повеќе копии се продаваат за конзоли кои не трпат голема хардверска промена на кус рок.
Вакво нешто едноставно не е мозможно. Графичката нема никаква врска со гејмплејот.
Пример јас имам стара а јака графичка. Фифа 13 ја играв на мах, и фифа 14 ќе ја играм исто така.
Тоа не значи дека ако земам нова графичка гејмплејот ќе ми се смене
Е сега за конзолите е сосема друга приказната, а јас тоа го велам "нова игра".
И тука не треба да се лутат ПС3 корисниците. Прост пример: Фифа 13 на ПС3 и ПС2 не е иста.