Тито и Македониjа

Дали е Тито предавник или херој?

  • Предавник

    Гласови: 10 62,5%
  • Херој

    Гласови: 6 37,5%

  • Вкупно гласачи
    16

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Се занесе премногу во твојата реплика на темава, повторно сосема непотребно замерувајќи се со мене.

Чинам овде нема да си ги мериме, а нема да има ни простор за тебе на овој форум чим вака си одбрал.
 
H

^HITMAN^

Гостин
Сум ги прочитал и двата тома автобиографски пишувања од Тито, сум учел историја, сум гледал документарци и странски и наши, сум се интересирал за неговото дело и лик дури и премногу.

НО, кога доаѓа ред да се средат впечатоците невозможно е Тито да го окарактеризирам како позитивен или негативен за Македонија и Македонците.

Тој според мене е најконтроверзна, нај мистериозна личност во 20-тиот век. Од шпекулациите и тврдењата дека Тито потекнува од Австриска кралска фамилија ( играл поло подобро од Англиските лордови, свирел пиано подобро од кралицата на Англија, го имал оној типичен акцент на говорот кој дефинитивно не е од Кумровец - неговото "родено место" во Хрватска) па се до некои теории дека е вонземјанин. :), како и да е да се вратам на темава, за Македонија Тито бил и мајка и макеа.

Сум националист, но да не се лажеме, Тито бил оној кој на овој народ му дал република во рамките на Југославија, но откако Ченто го пратил на Голи Оток :) Koнтроверзо!!!

Тито (според кажувањата на дедо ми - воен ветеран од втората светска војна) Тито бил оној кој во последен момент дал наредба да Југословенските вооружени сили се префрлат од границата кај Гевгелија каде требало да ја ослободат Егејска Македонија, и се префрлиле во Војводина и Трст (веројатно заради одлуката на состанокот на Јалта, со Черчил Рузвелт и Стали) повторно... Контроверзно!!!

Дека повеќе од 50,000 Македонци пратил на Голи Оток или ги погубил во времето на Информ бирото...Контроверзно!!!

Дека можел Македонците сосема лесно да ги направи Срби можел(како во времето на Кралството на СХС, но ни дал да се нарекуваме Македонци и посебна република.... Контроверзно!!!

Е сега за режимот кој го спроведуваше социјализам-комунизам - одвратен... Зошто? Затоа што не уназади со години да сега мораме да се враќаме од почеток со капитализам, затоа што за времето на Национализацијата Експропријацијата и Аграрната реформа од народот одзел се што имале, и дуќанчиња и фабричиња и овци и говеда и ги оставил во беда со објаснение - ова не е повеќе ваше, ова е наше!!!

Се вршела секаква тиранија од страна на УДБА и тајните служби, кодошите. Се замолчувал секој кој размислувал поинаку. Нормално дека никој жив денеска (освен будалите и необразованите) неможе да го оправдува комунизмот или социјализмот, тоа е јасно.

Тито и Македонија - се е измешано и навистина неможам да дадам црно бела оценка - добар или лош. Тоа просто не е возможно. Се надевам дека успеав да го образложам мојот став, согласно правилата на темата и форумот.
 

f91

Член од
12 мај 2008
Мислења
338
Поени од реакции
27
Тито и Македонија?

Тито беше странски државник кој неколку пати ја посети Македонија во тек на 45 години од неговото владеење.Така и беше пречекан ...како странски државјанин со сите почести. Вистинското прашање е колку пати ја посетил Македонија во 45 години. Нека биде тоа прашање со кое би завршила една глупрдија да се става во некакво равенство Тито и Македонија. Еднаш ,двапати трипати ,можеби четрипати но не повеќе од 5 пати...По тоа бар се гледа дека ептен не имал на ум, не можел да спие и нокни мори му се јавувале ако не помислел за работничката класа на Македонија.

Овие што на Тито го :drk:му го :pusk:на Бранко по непишано правило, иако Тито беше за општествена сопственост и самоуправување, а Бранко за kапиталистичка сопственост и приватизација - тотални спротивности.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
било jако, имало работа, леб, пошто една само Jугославиjа е получавала толку донации од Западот колку цела Африка. BBC филм говореше за 20 милиарда долари општо некаде во 70-те (и 60-те?). Проблемот специално за Македониjа е дека тоа е било навистина наj-добриот период од новата j историjа, дека е било толку лошо во последните сто и кусур години дека Титовото време изгледало, за мнозинството народ, како наj-доброто.

Т.е. проблем стои сега пред новата интелигенциjа во Мак. - како да намери пат напрет кон ново општествено устроjство, во новите геополитички услови без огромните донации, кога ги има сите теа "jуго-носталгичари" , со стари политички преференции/светогледи решениjа, кои jа дрпат страната назад кон апсолутно нелогични политички решениjа.
Тоа е тоа. Заради тој комуњарски паразитски менталитет ја посравме државава после 1990.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.073
Поени од реакции
9.342
било jако, имало работа, леб, пошто една само Jугославиjа е получавала толку донации од Западот колку цела Африка. BBC филм говореше за 20 милиарда долари општо некаде во 70-те (и 60-те?).
Точно, но сега една Хрватска има над 60 милиарди долг, сама Србија над 35 и така натака. Пак се задужуваме само секој посебно. Долгот нема врска ако се паметни оние што се задолжуваат и знаат како да ги искористат средствата (не како Грците сега).


Проблемот специално за Македониjа е дека тоа е било навистина наj-добриот период од новата j историjа, дека е било толку лошо во последните сто и кусур години дека Титовото време изгледало, за мнозинството народ, како наj-доброто.
Па, во Титово време според мене било најдобро од економска гледна точка. Си можел да се нарекуваш Македонец без некој да те рчка заради тоа, имало МАНУ, Македонски јазик, Факултети на Македонски, Собрание на Македонија (Социјалистичко али сепак), милиција на СР Македонија, итн.

Точно имало и заебанции али ако некој може да ми посочи период од 50 години во последните милениум и пол каде на Македонците им било подобро радо ке го проучам.

Е сега за народно ослободителната војна и „необединувањето“ како и за Егејското прашање:

Ако ги прочитате мемоарите на Винстон Черчил (не ми текнуе точниот том моментално) ке видите дека уште по признавањето на Партизанското движење за сојузник, Черчил изразил загриженост дека новата Југославија може да проба да ги смени границите на Балканот и тоа пред се во Грција кон Солун. Грција по тогашната политика на Британската Империја морала да остане целовита во предвоените граници и про-западна.

Во моментот кога настанува чувената заебанција Солун или Срем, Черчил и Британската команда веке имаат одвоено ако не се лажам цел корпус со се тнкови, авиони и флота како подршка за во случај на народно ослободителната војска да и текне да тргне накај Солун. Дури и на Тито му порачак дека може без проблем секој ноќ да се бомбардира врз Југославија.

Се си стои во мемоарите на еден од тројцата најмоќни луѓе на планетава. Тито и компанија немале баш некое влијание тука освен да се обидат да не навлечат уште еден моќен непријател.

Дали наебале храбри Македонски војници за џабе? Дефинитивно, али која била алтернативата? Вртење на Британија и автоматски Америка против партизаните? Враќање на кралството кое е про-Британско а не признава Македонци?

Инаку за Сремски фронт се ангажирани 42 и 48 Македонска дивизија со уште 10 други дивизији (21 и 22 Српска, 16 и 36 Војводинска, 1 и 2 пролетерска, 5 и 11 Крајишка, 6 Личка пролетерска, 17 источно Босанска) на сега веќе Југословенската војска односно првата армија на ЈА под команда на Пеко Дапчевич.

Загубите на овие единици за 170-на дена колку траела рчката се нешто над 13000 загинати војници на НОВЈ на целата прва армија (овие се со име и презиме утврдени, има уште илјада и нешто непознати), 1000 војници на Црвената армија, околу 600 Бугарски (на Бугарската Народна Армија) и 200 Италијански војници кои се бореле во бригадата „Италија“ на страна на Југославија.

Оваа битка била битна од аспект што на Тито и компанија им дава поголема важност во преговорите со сојузниците, дека сега Југославија има регуларна војска која држи фронт и не се бори веке герилски. Иако според некои интервјуа во Српски весници со партизански команданти и со пријателите на дедо ми од овде кои биле таму, поголем дел од Југословенските партизани мислеле дека фронтот е непотребен и дека Немците како и да е ке си отишле да се борат со Русите, али јебига политика е курва.

За Егејците мислам дека највеќе наебале кога настанува поделбата меѓу тито и Сталин. За жал, поголем дел од Егејските Македонски команданти биле про-Стаљинистички настроени (тогаш никој не знаел за Сталин и го гледале како голем херој) и по тоа Тито ги укинува камповите за обука во Вардарска Македонија и прекинува испорака на оружје и материјал.

По втората светска војна Југославија ги помага со оружје, доброволци и опрема комунистите во Грција (читај 95% Македонци) пошто сега има јак пријател (Сталин) кој е доволно блиску да им контрира на Британците заради кои место на Солун се тргнало на Срем. Но по раздорот Тито - Сталин се мењаваат работите.

Тито од страв од Сталин, морал да се удвара на западот и ги жртвува Егејците.

Грците биле наоружани од Британците и Американците за борба против комунистите и кога Македонците остануваат без подршка победиле и ги очистиле етнички Македонците од Егејот.

Ова е мое поедноставено мислење, но отворен сум за дебата и сугестии.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Српскиот антимакедонизам во Југославија

По поделбата на Македонија по завршувањето на првата светска војна делот кој припадна на Србија беше изложен на разни видови на терори.

Српската власт не признаваше постоење на Македонци и територија наречена Македонија,па така народот го нарекуваше јужносрбијанци,а територијата Јужна Србија.Нивните „докажувања„ за непостоење на македонски народ,јазик и држава било одсекогаш актуелно како и денес.

Но како што е речено да дозволиме историјата даја каже вистината.
„ Amicus Plato, sed magis arnica veritas.„

Имено во околу 1940 година во Југославија постоело постоела организација „Велико-српска младина„ која имала задача да ги ликвидира поистакнатите Македонци.

„ `Србинко`
... На последната наша тајна седница решивме да пристапиме кон труење.Од најглавните места на Јужна Србија мораат да исчезнат најпознатите личности.Беше решено во Охрид да се отруе судијата Филиповиќ.
...Пред некој ден нему незбележано во чашата му е турен отров...потребно е да му се даде уште поголема доза од отровот.

Како одговор на ова писмо група на Македонци од КПМ доставиле писмо до поугледните македонци во кое меѓу другото се вели :

Тие будали младежи ,терани от нифните татковци и нифните учители,како од академико Никола Вулиќ, есапат оти е дошло време да ги применат мерките на грчките фанаристи - владици,који отрѕја во Царинградските апсани двајца големи Македонци браќата Миладинови од Струга.„

Освен овој пример овој однос на српските власти може да се прочита и од извештајот на Вардарско и Брегалничката дивизиска област од 28 јуни 1940 година во кој се вели:

Некои службеници се појавиле и како сепаратисти или како комунисти.во тој поглед особено се пројавуваат учителите,потоа судиите,професорите и др.потребно е прашањето на учителите и судиите од основа да се разгледа и од овие краеви да се отстрани сето пто е национално...Межу судиите имаме помлади генерации,кои веќе од 1930 година се дојдени на место судија,межу нив има и носители на комунистичката идеологија,додека межу нив како и помежу постарите генерации има убедени идеолози на „ВЕЛИКА МАКЕДОНИЈА„.. како особено негативен пример во Охрид го наведуваме и судијата Ставре Филиповиќ

Овие писма и извештаа и само мал доказ за тешкиот живот и теророт на кој бил изложен секој оној Македонец кој ќе сакал да се изјасни како Македонец,кој сакал да учи на македонски јазик,и да се моли во македонска православна црка.


Извор:
„Илегалниот печат на КПЈ во Вардарска македонија межу двете светски војни„,том II,книга 2 Скопје 1983,122
„Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава„,том втори ,Скопје док 9 страна 33

http://www.macedonianspark.com/istorijaideologija/makedonskaistorija/451-2010-11-10-14-38-22?lang=mk

--- надополнето ---

Осуден за книга за Македонија и Македонците

Во 1924 година Коста Новаковиќ објави книга под наслов
“Македонија на Македонците! Земјата на земјоделците!„

“...И Србија ,и Бугарија и Грција им служеа постојано како слуги на едната ту на другата му империјалистичка држава.Македонците увидоа дека нивното ослободување може да дојде од самите нив.„
„Македонците ја создадоа својата внатрешна македонска организација во Солун во 1893 година.Тие ја истакнаа паролата:
Македонија на Македонците!Земјата на селаните!За автономија на Македонија!
Организацијата ги опфаќаше сите националности:Македонците,Србите,Бугарите,Грците,Власите,Турците.“

Ова е дел од книгата заради која авторот ќе биде осуден, а делото забрането.
Поради оваа книга тој е осуден на 6 месеци затвор.

Коста Новаковиќ (1886-1939) бил Србин во раниот 20-ти век. Истакнат член на српската социјалдемократска партија и еден од основачите и лидерите на Комунистичката партија на Југославија. Исто така бил уредник на весникот “Труд„, „Работнички“, и „Битката“ .
Во 1906 година тој се приклучи на српската партија „Социјалдемократската партија„ која дејствуваше како опозициона партија во Кралството на Србија, силно спротиставувајќи се на плановите за “Голема Србија“ т.е. за проширување кон Македонија и Албанија.

Заедно со Тучовиќ, Лапчевиќ и Драговиќ, станува еден од најистакнатите членови и првенци во партијата.

Во текот на Првата Балканска Војна е дел од Експедициски сили, кои учествуваат во српската кампања во Албанија. Оставил сведоштво за насилното колонизирање на српската држава во Косово ,кое било извршена во области со етничко албанско население.

На основачкиот конгрес на Комунистичката партија во 1919 година, Новаковиќ бил избран за член на нејзиното непосредно управување.Коста Новаковиќ бил избран за член на Централниот комитет на Комунистичката партија и бил делегат на Четвртиот и на Шестиот конгрес на Комунистичката интернационала. Во 1924 година бил осуден од Кралството на СХС на затвор од 6 месеци.Повторно бил уапсен на пет години затвор,но во 1927 година бега од затворот,го напушта кралството и емигрира во Советскиот Сојуз. Во Москва работел како помошник за печатење, под името John Doe Dragačevac .

Тој бил уапсен на 19 Јули 1938 година во времето на сталинистичките чистки. Стрелан е на 19 Април 1939 во Русија, заедно со други истакнати лидери на Комунистичката партија (Сима Марковиќ, Симо Мињуш и Акиф Шеремет), по одлуката на Тито да ги исклучат од партијата. Нивните тела биле кремирани , а останоците поставени во заедничка гробница.

http://www.macedonianspark.com/mk/istorijaideologija/makedonskaistorija/427-2010-10-19-09-54-07
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Српскиот антимакедонизам е сличен на Бугарскиот само што е многу пософтициран. Инаку, нема разлика помеѓу нивните стремежи. Тито на таквиот српски антимакедонизам му стави брана, а и она што поминуваше низ таа брана не беше толку опасно како во кралска Југославија.

Сепак, иако методите и ставовите на антимакедонизмот беа многу поприкриени - тие постоеа и понатаму (фаворизирање на српската култура, српскиот јазик низ списанијата и радио-телевизиските програми, во што за воља на вистината индиректно помагаа и Македонските уредници на медиумите со својата некадарност да создадат своја програма или весник кои ќе бидат интересни - а истиот тренд е актуелен и ден - денес).

На Тито му беше важно да го зачува мирот и целовитоста на државата, за цената на тоа не прашуваше, а прашање е колку ја познаваше Македонија и колку му беше гајле за неа.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Им остана уште влијанието на Пинк и по некој Шабан и Екрем.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Кој може да порекне дека Тито е најголемиот странски инвеститор во РМ.

Некој спомна регенерација.

Јас би кажал со дегенерирани политичари инвестицијата отиде у к...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
За состојбите во Македонија пред се би обвинил одредени структури и лица (меѓу кои и Македонци) Колишевски, Темпо, Ранковиќ...

Ако немало развој, нејасно е што беше тогаш предмет на приватизација од која државата Македонија заради малверзациите изгуби по некои проценки многу милијарди долари и благодарение на кои денеска постои т.н. транзициска елита.

И колку и да се негира, универзитетот на кој сум учел во 80-тите е основан по 2 светска војна, во Народна Република Македонија, по земјотресот е формирана МАНУ.

Тој период е возобновена и МПЦ, изградени се можеби 95% од школите во денешна Македонија, истиот тој период по војната официјално ги добивме македонскиот јазик, правопис и азбука.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е најстар и најголем македонски универзитет со седиште во Скопје. Формиран е на 24 април 1949 година со три факултети, а денес претставува заедница на 23 факултети, 9 научни институти (5 составни и 4 кои соработуваат со универзитетот) и 6 други институции. За прв ректор е избран Кирил Миљовски, а сегашен ректор е Велимир Стојковски.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.994
Поени од реакции
24.429
Често од испиените маркситички мозоци растени во ерата на комунизмот ќе ја чуеме следнава изјава-Тито нас ни даде држава. Ајде конечно да го разрешиме овој ментален дегенеризам. Колкава е улогата на Тито и апаратите на системот под негово водство во НОБ 1941-1945-та и развитокот на Македонија после тоа? Колку каде е вложувано и дали ние не сме биле амалите за да се богатат останатите? Дали малоумноста наречена титољубие и ексјуплачипичкие има реална економски издржана или било каква подлога или е еден пуст сон на една генерација која и после 23 години не може да си ја увиди лоботомијата и живее во еден холограм на глупост? Му должиме ли ние на вампирот нешто и колку?
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Често од испиените маркситички мозоци растени во ерата на комунизмот ќе ја чуеме следнава изјава-Тито нас ни даде држава. Ајде конечно да го разрешиме овој ментален дегенеризам. Колкава е улогата на Тито и апаратите на системот под негово водство во НОБ 1941-1945-та и развитокот на Македонија после тоа? Колку каде е вложувано и дали ние не сме биле амалите за да се богатат останатите? Дали малоумноста наречена титољубие и ексјуплачипичкие има реална економски издржана или било каква подлога или е еден пуст сон на една генерација која и после 23 години не може да си ја увиди лоботомијата и живее во еден холограм на глупост? Му должиме ли ние на вампирот нешто и колку?
Ај ти одговорими на едно прашање,доколку успееше планот за Македонија да не биде дел од Југославија по ослободувањето,дали ќе се изградеше како независна држава,и со чија подршка од големите сили?
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Знам само дека вампирот ми должи мене. Плус кога ќе мавнеме камата на се тоа што крадел од моја фамилија две генераци претходно и на крај кога ќе видиш колку вакви фамилии има во Македонија искаша дека многу дужи. Негова среќа што си умре.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Живио друг Тито...
(тргам на работа, а интересно ќе биде го осеќам тоа)
но рачунајте на (мене)нас....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom