И двајцата (Lurtz и Ateist) сте во право, но не целосно. Можеби Атеист е
пообјективен. Познавам еден таков случај (мислам дека веќе пишував затоа) кога еден мој комшија кажуваше дека бил суден за ВМРО, а всушност прободел со нож некој што му крадел од гулабите. Сите такви случаеви се обидуваат своето криминално (и антинационално) досие да си го “исперат“ со членувањето и закрилата во некоја од политичките партии. Интересно е тоа што оние кои ги пријавувале и суделе “предавниците“ на Титова Југославија, биле исто така (недокажани и неосудувани) кодоши и соработници на окупаторските сили во Втората Светска Војна. Мојот дедо бил соработник и јатак на Партизаните (од неговиот дуќан тргнале кон зборното место востаниците ноќта на 10 Октомври 1941 г.) и многу добро ги познаваше сите раководители на Партизанското движење (од Прилеп). Од сите нив најдобро мислење имаше само за Кузман Јосифоски, а за многу од нив само ќе кажеше : “пред него се вардевме што зборувавме оти беше кодош...“ Многу од тие кодоши (на Бугарскиот окупатор) беа подоцна носители на партизанска споменица, “писатели“ на книги со спомени, носители на раководни функции, судии и т.н.
Према тоа, станува збор за луѓе со ниски морални критериуми и луѓе кои се “продаваат“ секогаш на појаката страна (такви има уште повеќе сега, кога отворено, за вработување или функција се членови на било која партија).
Затоа, поентата ми беше ова : -кој тоа ги судел македонските патриоти и “патриоти“? -Истите оние кои ги суделе и кодошеле партизаните. Тука не ни е виновен Тито.
Тито ја спроведувал генералната политика, а таа била зачувување на територијалниот интегритет (политичкиот се менувал во нијанси) на Југославија и нормално тоа го правел со сите средства што му биле на располагање. Дури мислам дека такво нешто и недостига денес на Македонија за да биде здрава држава ( ни треба еден диктатор од типот на Хитлер, Сталин, Тито, Пиноче, кој ќе владее со нас едно 10-тина години, ќе не научи на ред, а после тоа можеме да си играме демократија:wink: ). Сега во оваа држава бре не се знае кој пие кој плаќа, ќе го цитирам еден мој сограѓанин : -има хиерархиска и интерстициска пореметеност (Пр. во прилепската болница болничарите не чистат затоа што се од истата партија со директорот и ни тој не може да ги натера одговорно да си ја работат работата, па затоа умираат родилките...).
Затоа, немојте еднострано да го осудувате Титовиот режим, затоа што судењата беа во функција на зачувување на државниот интегритет на Југославија. И дали мислите дека судењето на Албанците кои учествуваа во конфликтот во 2001 г. е за осуда или е тоа исправна постапка на државните органи? (иако во сите тие постапки неминовно би страдал и понекој невин Албанец).