Верувате ли во Господ? Дали постои?

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???

  • Вкупно гласачи
    994
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
13,8 милијарди години :)

Не знам јас тоа, го читав членот Мики и тој тврди дека земјата е околу 6000 години стара, а муслиманите тврдат дека има напишано во куранот за биг бенг, па кога ќе се спојат тие две мислења, не можам, а да не го извлечам горниот заклучок. Бидејќи е ова потфорум религија, сигурно тие подобро знаат од нас на темава.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
266
Поени од реакции
238

Научниците знаат ваљда најдобро.
Мики е во грешка тогаш дефинитивно.
Настанувањето на земјата нема врска со религија:)
Религијата е родена(настаната многу подоцна)
освен ако првите суштества биле религиозни тогаш нешто сум пропуштила во образованието.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Вие теистите ги напаѓате атеистите со прашања како можело од ништо да настане нешто (се однесува на Биг Бенг). А сакам јас да прашам ваше мислење: Кој го создал Господ? Како тој настанал?

Не зборувам во името на сите теисти, но ние христијаните не веруваме во создаден Господ. За нас Бог е прапричина на се што постои. Тој е самобитен, што значи дека дека причината за Неговото постоење не е надвор од Него, туку во Него.
За христијаните прашањето „Што било пред Господ?“ е еквивалентно на „Што е појужно од јужниот пол?“.

п.с. И не сите теисти ги „напаѓаат“ атеистите. Мене на пример атеистите (и скептиците) ми се едни од омилените неистомисленици и дискусиите со нив многу повеќе ми се допаѓаат од дискусиите со муслиманите, православните, будистите, ошовците и сл. И затоа не ги напаѓам, туку уживам во дискусиите со нив.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264

Чорбаџи....
Еве што јас замерувам на монотеистичките религии..
Зошто секогаш го барате Бог во минатото и се докажувате чии Бог е подобар?
Зарем мислиш дека тоа ќе ти помогне во твојата доизградба како човек?
Зошто не го бараш Бог во сегашноста?
Па и за иднината, секогаш се молите на Бог за да заслужите некаков подобар задгробен живот.
Нели мислиш дека со твоите постапки во сегашноста , си ја кроиш и иднината па и задгробниот живот?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Биг Бенгот бил пред приближно 14 милијарди години! А второ не разбирам зошто навредливо кога исто така и атеистите ги навредуваш со тоа што го негираш биг бенг зашто ме сметаш за будала. Очигледно е дека немаш одговор ти кажал некој Исус или зависи која религија си не е важно и терај напред ние атеистите немаме целосен одговор за биг бенг ама ние се трудиме да најдеме и секој ден сме се поблиску и поблиску
А што врска има биг бенгот со темава? Сигурен си дека се случил, и сигурно се 14 (13,8) милијарди? Што било пред биг бенгот и која е причината за да се активира?
Не гледам разлика во прикаскиве: А) Бог е почетокот и Б) Биг бенг е почетокот. Си размислил малку на тема?
Негацијата на А) не го докажува Б), а секако ни обратното.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не знам јас тоа, го читав членот Мики и тој тврди дека земјата е околу 6000 години стара, .
Неколку пати имам напишано дека Земјава, односно Вселенава се стари по 7500 г., но тоа е проценка од православната Црква, не е црковна догма. Проценката е извршена ретроспективно, според родословот Христов: од Христа Бога до Адама, плус овие 2 000 г. христијанство. Во тој родослов не се наведени одредени недостојни ликови, па бројката од 7500 г. може да биде нешто повисока.
--- надополнето: 19 август 2013 во 08:23 ---
Религијата е родена(настаната многу подоцна)
освен ако првите суштества биле религиозни тогаш нешто сум пропуштила во образованието.
Многу нешта имаш пропуштено во образованието, а ако Ти е за утеха, не си исклучок, туку се работи за свесно сторена системска грешка во образовниот систем кај нас, а и шире низ Светов...
--- надополнето: 19 август 2013 во 10:22 ---
Не гледам разлика во прикаскиве: А) Бог е почетокот и Б) Биг бенг е почетокот. Си размислил малку на тема?
.
Атеист,

ај троа подразмисли па види која е разликата помеѓу А и Б па кажи ни‘.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
266
Поени од реакции
238
Неколку пати имам напишано дека Земјава, односно Вселенава се стари по 7500 г., но тоа е проценка од православната Црква, не е црковна догма. Проценката е извршена ретроспективно, според родословот Христов: од Христа Бога до Адама, плус овие 2 000 г. христијанство. Во тој родослов не се наведени одредени недостојни ликови, па бројката од 7500 г. може да биде нешто повисока.
--- надополнето: 19 август 2013 во 08:23 ---

Многу нешта имаш пропуштено во образованието, а ако Ти е за утеха, не си исклучок, туку се работи за свесно сторена системска грешка во образовниот систем кај нас, а и шире низ Светов...
--- надополнето: 19 август 2013 во 10:22 ---

Атеист,

ај троа подразмисли па види која е разликата помеѓу А и Б па кажи ни‘.
Извини но никако не се сложувам со ова.
Не е земјата настаната со христијанството.
Ниту пак со стариот завет.
Што е со диносаурусите(ќе го земам како пример тоа ми падна на памет)
И тие настанале со христијанството?
Што е со сончевиот систем?
Настанал со христијансвото?
Мислев типот кој го пиша ова трола дека си рекол така.
Сега гледам стварно мислиш.
Нелигично ми е.Пред христијанството(многу време пред тоа постоела земјата и постоеле други верувања во различни божества).
Постоеле племиња на пр.шаманите кои по некои пресметки постојат повеќе од 30 000 години.
Никако не се согласувам со тебе,нит пак со библијата во врска со ова.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Неколку пати имам напишано дека Земјава, односно Вселенава се стари по 7500 г., но тоа е проценка од православната Црква, не е црковна догма. Проценката е извршена ретроспективно, според родословот Христов: од Христа Бога до Адама, плус овие 2 000 г. христијанство. Во тој родослов не се наведени одредени недостојни ликови, па бројката од 7500 г. може да биде нешто повисока.
--- надополнето: 19 август 2013 во 08:23 ---

Многу нешта имаш пропуштено во образованието, а ако Ти е за утеха, не си исклучок, туку се работи за свесно сторена системска грешка во образовниот систем кај нас, а и шире низ Светов...
--- надополнето: 19 август 2013 во 10:22 ---

Атеист,

ај троа подразмисли па види која е разликата помеѓу А и Б па кажи ни‘.
Miki1 бе друже па ти го анатемиса целиов образовен систем , ни крив ни должен.
Па побогу, не е толку трагично, не заебаај.

Претпоставувам дека твојата одбивност кон ваквиот систем, највеќе се темели на тоа што Дарвиновата теорија на еволуција, е етаблирана како најплаузибилна во однос на објаснувањето на настанокот на живиот свет.

Меѓутоа, никој со сила не вели, дека мора да ја прифатиме оберучке, и да не се сомневаме во истата.

Згора на тоа, се работи за прашање, кое не го тангира огромното мнозинство во секојдневниот живот, за да биде темел за осуда на целокупниот образовен систем.

Дарвин и неговата ТЕ, немаат благе везе со математика, информатика, физика, хемија, области врз кои почива напредокот на техниката и технологијата.

Истотака нема речиси никакво посериозно влијание и во медицината. Оваа гранка си ги користи 4те механизми наведени во еволуцијата, особено мутациите, во својата разноврсност, за подобро разбирање на одредени проблеми кои го мачат човештвото.
Никој не вели дека ради Дарвин, и со него, започнале да ги разгледуваат мутациите, пред се.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Никако не се согласувам со тебе,нит пак со библијата во врска со ова.

Ве молам не ја мешајте Библијата во вашите несогласувања со MIKI1. Многупати на форумов е покажано дека мислењата на MIKI1 не само што не се библиски, туку често пати се и контра Библијата.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Ве молам не ја мешајте Библијата во вашите несогласувања со MIKI1. Многупати на форумов е покажано дека мислењата на MIKI1 не само што не се библиски, туку често пати се и контра Библијата.
Кое е правилно толкување на Библијата,,,нововерското?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
овластен толкувач на библии
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Подразмислено е над 30 години. Нема разлика. Прикаски се и двете.
После 30 г. размишљање, се сети дека „...прикаски се и двете..„? :confused:
Ај сподели со нас барем дел од тоа 30 годишно размишљање-како дојде до овој „заклучок„?
--- надополнето: 19 август 2013 во 12:37 ---
Кое е правилно толкување на Библијата,,,нововерското?
Да, по можност да се користи „динамички„ и „современ„ превод на Библијата, кој е „прилагоден„ кон „модерниве„ времиња и на кој (превод) му е убиен духот....
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Да, по можност да се користи „динамички„ и „современ„ превод на Библијата, кој е „прилагоден„ кон „модерниве„ времиња и на кој (превод) му е убиен духот....
Мики...го погоди сега....ова нововерците и атеистите убиваат се пред себе...да не зборам за секташите и екстремните муслимани.
Остави ги..не им се секирај...ке горат во пеколот.:pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom