Неколку пати имам напишано дека Земјава, односно Вселенава се стари по 7500 г., но тоа е проценка од православната Црква, не е црковна догма. Проценката е извршена ретроспективно, според родословот Христов: од Христа Бога до Адама, плус овие 2 000 г. христијанство. Во тој родослов не се наведени одредени недостојни ликови, па бројката од 7500 г. може да биде нешто повисока.
--- надополнето: 19 август 2013 во 08:23 ---
Многу нешта имаш пропуштено во образованието, а ако Ти е за утеха, не си исклучок, туку се работи за свесно сторена системска грешка во образовниот систем кај нас, а и шире низ Светов...
--- надополнето: 19 август 2013 во 10:22 ---
Атеист,
ај троа подразмисли па види која е разликата помеѓу А и Б па кажи ни‘.
Miki1 бе друже па ти го анатемиса целиов образовен систем , ни крив ни должен.
Па побогу, не е толку трагично, не заебаај.
Претпоставувам дека твојата одбивност кон ваквиот систем, највеќе се темели на тоа што Дарвиновата теорија на еволуција, е етаблирана како најплаузибилна во однос на објаснувањето на настанокот на живиот свет.
Меѓутоа, никој со сила не вели, дека мора да ја прифатиме оберучке, и да не се сомневаме во истата.
Згора на тоа, се работи за прашање, кое не го тангира огромното мнозинство во секојдневниот живот, за да биде темел за осуда на целокупниот образовен систем.
Дарвин и неговата ТЕ, немаат благе везе со математика, информатика, физика, хемија, области врз кои почива напредокот на техниката и технологијата.
Истотака нема речиси никакво посериозно влијание и во медицината. Оваа гранка си ги користи 4те механизми наведени во еволуцијата, особено мутациите, во својата разноврсност, за подобро разбирање на одредени проблеми кои го мачат човештвото.
Никој не вели дека ради Дарвин, и со него, започнале да ги разгледуваат мутациите, пред се.