Barclays Premier League Season 2013 - 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ја освои Премиер Лигата?


  • Вкупно гласачи
    289
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Премиер лигава ќе биде јака годинава, првово коло досега солидни утакмици :) Големи очекувања за утре!
 
Не знам што чека А. Вилиамс, требаше да го убие РВП до сега.(n)
 
Мизерни бевме, неможам да сфатам зашто секогаш даваме гол и се кочиме...
Фалат играчи факт е тоа, го зборам цело лето.

Е сеа судијата си беше посебна прича, ај што дозволуваше груба игра, ок негов критериум ама бар да беше за двете екипи ист. Пеналот на Кош не беше пенал, така да првиот жут незаслужен. Вториот жут исто така обичен ситен фаул какви што Вила ги правеа цел натпревар. А моментот што највеќе изнервира е тоа што Влаар не доби втор жут за далеку полош фаул од Кошчелни одма откако овој беше исклучен.

Како и да е, иако судијата влијаеше на конечниот резултат во оваа ситуација, воошто не се вадам на него. Наместо Арсенал да притисне и да поведе со 2-3:0 они секогаш го прават истото. И да, Артета фалеше ептен, неговото отсуство убаво се виде, за првиот пенал никој не го затвори Агбонлахор а за вториот никој не се наоѓаше на таа позиција каде што треба да има деструктивец. А тоа што немаме замена за Артета е вина само на Венгер и никој друг.

У секој случај со повредиве сеа (Гибс, Сања, Росицки и Ремзи имаат проблем) против Фенербахче нема ни нерешено да извадиме. Да не зборам за во лига следната, ќе треба Фабијански да игра централен дефанзивец. Венгер се изгуби тотално овој трансфер период, мислевме дека ќе иде на добро кога ги шутна сите оние што ништо не правеа прошлите сезони, ама тоа што не ги замени до сеа ќе не чини многу. Трансфери ќе има пошто нема играчи доволно, само прашање е кој ќе дојде...
 
РВП пак ќе биде најдобар стрелец сезонава...
 
8 ебани години беше како стаклен, лани беше како железо, изигра максимално, предвидувам оваа сезона пак бело влакно нема да му фали од главата. Изгледа сите наши клетви имаа контраефект.

Најмака ќе ми биде ако Суарез остане во Ливерпул или биде продаден надвор од Англија. Тогаш Роџерс може да му одржи лекција на Венгер како се справува кога сака да си отиде најдобриот играч од тимот, а не да му го дадеш на Ферги на тацна за сума која во денешни стандарди на фудбалски трансфери е делеку од висока.
 
Кога ќе ми текне дека имаше фаци на форумов што викаа дека Бони уствари е преценет играч што никогаш нема да испадне квалитетен играч и е уствари тешко дрво :pos:
 
Имате среќа што не ви го пуштија Бони од почеток. Ќе ве згазеше бе :sneaky:
Се остава ли ваков играч на клупа ? ...и тоа против Јунајтед (n)
 
Ејјјјјј Венгере Венгере им даде титула на Јунајтед. И лани, а можеби и годинава.
 
8 ебани години беше како стаклен, лани беше како железо, изигра максимално, предвидувам оваа сезона пак бело влакно нема да му фали од главата. Изгледа сите наши клетви имаа контраефект.

Најмака ќе ми биде ако Суарез остане во Ливерпул или биде продаден надвор од Англија. Тогаш Роџерс може да му одржи лекција на Венгер како се справува кога сака да си отиде најдобриот играч од тимот, а не да му го дадеш на Ферги на тацна за сума која во денешни стандарди на фудбалски трансфери е делеку од висока.


Шала на страна, Роџерс перфектно се справи во ситуацијава со Суарез. Му покажа кој е газда. Сите кога ни се смеевте од ваш фан клуб, дека исто и Венгер викал за РвП, дека Суарез ќе си оди ние ви викавме дека не е иста ситуацијата. На Венгер (Арсенал) им е битно да заработат, на Роџерс (Ливерпул) им е битно да се вратат во топ 4 и да освојат ПЛ. Дали оваа, дали за 3-4 сезони, тоа им е целта. До тоа не се стигнува ако на конкуренти им го продадат најдобриот играч. Хенри имаше убава изјава „Нема да оди во конкурент со сигурност. Овој преоден рок (изавено 5 Август некаде) нема да оди никаде. Не станува за парите што ќе ги добиеме туку едноставно не можеме да најдеме соодветна замена за толку краток период.“
 
Шампионот, шампионски....одлични утакмици денеска.
--- надополнето: 17 август 2013 во 20:30 ---
http://www.youtube.com/watch?v=dMMENE50qCE
Колку е само специјално кога ќе го слушниш ова "jeeeee"
 
ibbwdOtcSJva7X.gif


Ова дојде ко гром од ведро небо кој удри во коприва,а покрај копривата имаше грозје на кое растеа банани:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom