Кајганче!
Конечно наидов на разбирање од другаркиве, ќе ме пуштат вечерва дома да ја преседам

). Сакам повеќе време со семејството да поминам, конечно да ги седнам мама и тато да ги гледаат сликите (сестра ми скришно седнала на пц и ги изглеала, морон -.- ), да им раскажам уште некоја интересна дешавка и впечаток

.
Цигарите полека но сигурно ги намалувам, но не се гордеам се уште ради големата самокритичност ваљда. Плус отсекогаш според мене било подобро другите да ги приметат моите подобрувања наместо јас да се фалам за истите.
Помислив дека сум адаптирана на средината од кога се вратив, но лежејќи прееска (затоа што не можев да заспијам, сестра ми го тресеше станот со појачалото) сфатив дека се уште сум хаос. Една работа ќе завршам, уште две нови ќе ми се тупнат и така секој ден.
Очајно сакам денот да трае повеќе од 24 часа за да се потшишам, да го средам плакарот, да направам уште една крвна слика, да пишувам дипломска, да исфрлам негативна енергија со вежбање, да залепам зрнца кафе на тапетиве и мал милион други ситници .
И вечер ќе си легнам порано за утре да станам на време и да слушам ППП, ми фалат да се изнасмеам асално

)).