Ситуацијава со Луиз и неговиов евентуален трансфер во Барселона ми е чудна. Луиз е поприлично тивок и го нема никаде со демант или одрекување. За разлика од Мата и Рамирес, кои за краток период излегоа во јавност и кажаа дека не ни мислат да заминат од Челзи.
И ова страшно ме нервира. Каталонските весници како по навика притискаат, измислуваат, додаваат, играчите од Барселона исто така зборуваат во јавност за тоа како би сакале да имаат играч како Луиз во тимот.
Би било ептен нефер ако Луиз замине, не поради тоа што ќе оди во Барселона или што ќе не напушти, тоа си е нормално. Но, премногу беше или сеуште е приврзан за тимот, па Гизери-Мизери, па секогаш изјавуваше дека Челзи му е во срцето и дека е среќен во клубот, па близок со навивачи, пеење химна, едноставно заштитен знак на некој начин стана и глупаво од негова страна би било да возврати на таков начин. Особено ако знаеме, дека тој сам кумуваше во приказната '' Јас и Челзи ''.
Oколу Ето. Абе такво напаѓачиште, со две раце, во било кој момент. Ето би бил подобар од Ба и Торес, сигурен сум.
Ако не го земеме Руни, тогаш Ето за евтини пари би било право решение. Верувајте.