Што ќе кажеше нашата легенда Ди Матео „покажавме карактер“.
Прво бевме дрва малце фалеше да заспијам, во второто почна машка игра трчање, шутирање ,правење акции.
Читам веднал сте почнале со плукање по Шварцер.
На сите може да им се случи таква грешка, далеку дека е од незнаење туку ете се дешава. Шварцер премногу меко отиде на топката, а и Бертран лошо му ја подаде па уште и во рамките на голот одеше пасот. Но ајде што вика Мурињо ако се греши нека се греши на вакви натпревари.
Браво за Френки, човекот е невидена класа играч кој нема вредност, едноставо кажано бренд. За него годините воопшто не се пречка, повреди, замор или пак мала минутажа. Тој секогаш е во форма и го дава максимумот.
Само можам да му посакам да игра долго како Гигс и Занети.
Ај доста фалење, Донев убаво објасни за подготовките и
верувам дека 90 % од нас ќе се сложите со неговото мислење така да нема потреба да се повторуваме.
Него нешто што сериозно треба да не плаши е позицијата напаѓач. Јас пишав пред некој ден дека не ни треба напаѓач и дека можеме да се ослониме на голови од другите позиции. Но мислев дека на секоја втора- трета утакмица ќе имаме барем по еден гол од таа позиција, но нападот ни е попара. Лукаку покажа нешто малку од малку, но не можеме да се потпреме цела сезона на него. Млад, неискусен едноставно кажано сеуште не е зрел да ни биде главен напаѓач.
Многу повеќе очекував од Торес и Ба. Поготово од првиот, тој се обидува нешто, трча се труди но на нас ни треба од него голови а не пасови и дриблинзи и деструкција.
Почнав веќе сериозно да се сомневам во него т.с во неговите напаѓачки способности и да ја губам довербата, не дека претходно не се сомневам но ова веќе ја помина секоја граница.
Мислам дека на подготовките само еднаш постигна гол или грешка сум ?
Ќе видиме како ќе оди со Хал и после со Вила, ма да како тргнало, гол можеме само да очекуваме од Лукаку.
Само последните денови/часови што знам кој би се согласил да продаде напаѓач за разумна цена.