Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
q0gdsws.jpg


Кога ќе трчам јас тука? :(

Ако оди некој во Портланд нека ме земе мене или барем нека истрча за мене.

http://www.runnersworld.com/photos/rave-runs-2012-2013
 
Стигна и Heart Rate Monitorot за трчање, велосипед итн. Сега сум комплетиран :)

23916015_1_585x461.jpg


Колку го зеде и од каде? Оти јас гледав едно време ама многу скапи ми беа, по 80 долари.
 
Колку го зеде и од каде? Оти јас гледав едно време ама многу скапи ми беа, по 80 долари.

Братучед ми од Грција го донесе од www.lidl.gr
Мислам дека неможе да се порачува на нет туку од тој таму маркет или што и да е во Солун вајда. Се начекува на периоди кога има понуди на евтини работи, 16 евра го земал толку евтини не биле никад, последниот пат беа околу 25 евра мислам, што пак не е скапо.
Разгледувај ја одвреме навреме страната па кога ќе се појави на понуда порачај го ако иде некој натаму тој период.
 
Ова ми е 3 недела трчање, досега трчав 3 пати неделно а од денеска почнувам да трчам од понеделник до петок, со одмор за викенди. Тотален почетник сум, цигарите ги откажав пред 4 месеци но преслабата кондиција и состојба ми останаа, што значи последно ниво ми е трчање на патека од 400 метри 5 пати со паузи со пешачење измеѓу. Слабо, но се надевам за брзо да почнам да ги трчам 5 круга без одмор (тоа иди 2 километри) па здравје за некој месец и да стигнам до 5K. За занимација ја користам Runtastic апликацијата од Андроид и трчам заедно со другар за да не биди досадно. Некои совети за побрзо да стигнам до целта од 5К? :)
 
Тренирајте па ќе идеме на Подгорички маратон на крајот на Октомври. :)
 
Тренирајте па ќе идеме на Подгорички маратон на крајот на Октомври. :)

Доста бе ти, ние аматерите нема шанса да идеме нигде заедно со тебе. Освен ако не сакаме да паднеме у депресија :)
 
Ова ми е 3 недела трчање, досега трчав 3 пати неделно а од денеска почнувам да трчам од понеделник до петок, со одмор за викенди. Тотален почетник сум, цигарите ги откажав пред 4 месеци но преслабата кондиција и состојба ми останаа, што значи последно ниво ми е трчање на патека од 400 метри 5 пати со паузи со пешачење измеѓу. Слабо, но се надевам за брзо да почнам да ги трчам 5 круга без одмор (тоа иди 2 километри) па здравје за некој месец и да стигнам до 5K. За занимација ја користам Runtasticапликацијата од Андроид и трчам заедно со другар за да не биди досадно. Некои совети за побрзо да стигнам до целта од 5К? :)


Јас пре би ти рекол да трчаш 1 ден, со 1 ден одмор. Вака трчање 5 дена, со 2 одмор ми е како одење во школо. Веројатно затоа и така планираш. Трчај пон-сре-пет а недела сабајле или сабота играј фудбал.

Од пон ако трчаш до петок, ќе го премориш организмот и после 2 дена ништо, ќе се оладиш и пак од почеток. Не сум стручен којзнае колку ама од лично искуство, кога почнував да трчам, трчав на тој начин.

Најдобро на себе ќе си осетиш и гледај брзо да не изгубиш мотивација затоа што за 2-3 месеца ќе залади, па да не посакаш да се вратиш дома со цигарите :)

Со среќа(y)
 
Доста бе ти, ние аматерите нема шанса да идеме нигде заедно со тебе. Освен ако не сакаме да паднеме у депресија :)

Не сум ни ја повеќе од обичен аматер шо е посветен малце повеќе :D
Секоја година има бесплатен превоз и смештај обезбеден од Подгорица,ќе има дружба :)
 
Не сум ни ја повеќе од обичен аматер шо е посветен малце повеќе :D
Секоја година има бесплатен превоз и смештај обезбеден од Подгорица,ќе има дружба :)



А има ли 21км или така нешто, или само маратон ? :D
 
Ова ми е 3 недела трчање, досега трчав 3 пати неделно а од денеска почнувам да трчам од понеделник до петок, со одмор за викенди. Тотален почетник сум, цигарите ги откажав пред 4 месеци но преслабата кондиција и состојба ми останаа, што значи последно ниво ми е трчање на патека од 400 метри 5 пати со паузи со пешачење измеѓу. Слабо, но се надевам за брзо да почнам да ги трчам 5 круга без одмор (тоа иди 2 километри) па здравје за некој месец и да стигнам до 5K. За занимација ја користам Runtastic апликацијата од Андроид и трчам заедно со другар за да не биди досадно. Некои совети за побрзо да стигнам до целта од 5К? :)
Како што ти кажа пеџа.
Не форсирај, голема промена е да преминеш од ден трчање ден не трчање во трчање 5 дена по ред па 2 дена одмор. Многу подобро варијанта за одмарање и заздравување на мускули и коски е да правиш ден пауза после секое трчање. Особено кога си почетник. Ако почнеш да трчаш 5 дена по ред, ќе ти биде многу напорно, ќе се чувствуваш глупаво после трчањето и многу полесно ќе изгубиш мотивација. И шансите за повреда се зголемуваат.

Немој да се обесхрабруваш. Слабата кондиција ќе ја подобриш. Јас не можев да се замислам 500 метри да истрчам па еве ме после 3 месеци трчам по 4-5 км без да се чувствувам како да ќе умрам после трчањето. Добро е и да следиш некоја програма.
Како на пример c25k.

Друга битна ствар ти е да не брзаш. На почеток не се замарај за тоа колку брзо трчаш. Како мерило за тоа дали трчаш побрзо од што треба, поспоро, или таман нека ти е:
ако можеш да пееш, споро трчаш
ако не можеш да пееш а можеш да водиш разговор со другар ти, таман трчаш
ако се задишуваш после 2-3 збора уз разговор со другар ти, пребрзо трчаш

За дишењето, пробувај што повеќе да ти биде и вдишување и издишување низ нос. Така се подобрува работата на белите дробови, внесуваш повеќе кислород а ако внесуваш повеќе кислород, се ти е полесно и поубаво :)

Не брзај нигде за стигнување до целта, пополека зголемувај го времето на трчање, немој да стагнираш (види ја убаво табелата во c25k) и за 2 месеци би требало да стигнеш до целта.

Исто така, имај на ум дека некое трчање ќе ти биде лесно, нека ќе ти биде тешко некогаш поради причини кои ни самиот нема да можеш да ги дознаеш. Занемари све (освен повреди се разбира) и продолжи да трчаш и за 50тина дена те чекам да ми пишеш дека комотно можеш да истрчаш 5 километри без престан, 3-4 пати неделно :)
 
Не сум ни ја повеќе од обичен аматер шо е посветен малце повеќе :D
Секоја година има бесплатен превоз и смештај обезбеден од Подгорица,ќе има дружба :)


Од кога можи да почниме со пријавување и кај кого?
 
А земаат од кај нас рекреативци, или само про и што се по атлетски клубови? :)

Кој сака може да се пријави.
--- надополнето: 14 август 2013 во 01:45 ---
Од кога можи да почниме со пријавување и кај кого?

Рано е уште ќе објават од Скопски маратон најверојатно,преку нив оди организацијата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom