Религиите ќе исчезнат до 2041ва

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Веќе Ти посочив линк на таа тема, не аздисуј...
Мики, дај ми библиски линк каде вели “И од денес саботата нека не ви е света и не ја држете како божји ден а место неа славете ја неделата“
Како што е убаво јасно и прецизно кажано за саботата, ваљда од тогаш бог не стана сенилен па да заборавил да каже, или меу се сменаа навиките....
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики, дај ми библиски линк каде вели “И од денес саботата нека не ви е света и не ја држете како божји ден а место неа славете ја неделата“
Како што е убаво јасно и прецизно кажано за саботата, ваљда од тогаш бог не стана сенилен па да заборавил да каже, или меу се сменаа навиките....
Кликни овде:

Религиите ќе исчезнат до 2041ва
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Површно и тендециозно даваат објаснувања, само што го погледнав текстот ми паднаа во очи две катастрофални грешки кои не би требало ни ученик во богословија да ги направи, прво вели дека Саботата е еврејски празник, даден на евреите, што е смешно, во библијата саботата се нарекува Божја а не Еврејска и таа настана уште од Адама и првите луѓе, Саботата постоеше како божји ден и пред првиот грев и пред падот на човештвото и пред потопот, тој е ден кој бог го благословил, кој беше наменет за цел човечки род и за кој има мнооогу библиски цитати каде се споменува, благословува, опоменува да се држи...
Недела пак од друга е работен ден, беше работен и обичен и кога Бог го создавал светот и за првите луѓе и за апостоли и за Исус, никогаш никој не ја благослови не ја посвети ни еден закон не ја спомена никогаш не била божји ден, ни една казна не е предвидена ако се работи или не се работи во недела, во библијата нигде не е помената дури и на лабави нозе стои обид да воскресението се доведе во контекст на неделата како свет ден пошто Павле вели “ Зар не знаете дека сите ние што се крстивме во Исуса Христа, во Неговата смрт се крстивме“ така да и тука нема основа за неделно празнување.... Многу површно и многу аљкаво објаснување давате.....
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Thanks GOD! Со исчезнувањето на религиите,народот ќе се обедини.Ќе почитува сечии права и нема да биде уназаден и прост !
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Со исчезнувањето на религиите,народот ќе се обедини.Ќе почитува сечии права и нема да биде уназаден и прост !
...е сега, уште ахтихристо‘ да дојди и тоа обединуење ќе можит да се извршит...
--- надополнето: 11 август 2013 во 01:26 ---
Површно и тендециозно даваат објаснувања, с.... Многу површно и многу аљкаво објаснување давате.....
Имаш поу‘боо?...:)
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
812
Поени од реакции
510
Bog rekol sedmiot den da e neraboten, koj kaj evreite se vika sabat a kaj nas nedela... Malce se pomesani iminjata kaj nas, ama nema vrska biten e denot...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
.


Имаш поу‘боо?...:)
шом ни бог ни Исус не наредија такво нешто, шом саботата е споменувана низ цела библија од бога и Исуса како ден за славење, пазење, свет и благословен ден, во 10сете заповеди овековечена, а денес неделата ја имаме како таква - значи чоечка измислица и ујурдума е тоа.
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.771
Поени од реакции
1.166
Колку повеќе светот оди напред и се повеќе и повеќе има учени луѓе што не им е дојдено до фанатизам и герила ништо чудно да дојде до преголем број на атеисти погледнете скоро сите научници големи се атеисти ( размислувале повеќе од религиските книги ) . Немам некој посебен став за тоа ( дали е добро или лошо ) но сепак религиската книга е начин на живот кога би ја немало нејзе и нејзините морални и етички кодекси би била права анархија .
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Кога се споменува религија во негативна смисла и нејзино исчезнување поради добробит на човештвото, заради нејзините лоши страни, или поточно, како е истата искористена и извитоперена од одредени структури за свои цели, тогаш најчесто се мисли на религискиот фанатизам, закоравеност, конзарвативност и неретко најлошиот дел - убивање во име на некој замислен пријател на небото.

Согласно ова, во 21 век, има само една таква религија, која треба и мора да исчезне, и тоа многу порано од 2041 година, за добробит на сите, а која трагикомично се самонарекува религија на мирот.

Се друго, различно од неа, е во некоја фаза, која е далеку од фанатизам или екстремизам, и не претставува никаква пречка за развојот на човештвото, а со самото тоа не би требало да претставува предмет на дискусија.

Ако речете Исус не бил Бог, или не воскреснал и Библијата не е точна, тогаш нема да станат христијанските верници, ниту ВАтикан да поведат света војна. Доказ се еден куп филмови снимени како иронија и сарказам на таа тема, од Брајановото Житие на легендарните Монти Пајтон, до последниот Код на Да Винчи, од Ден Браун.

Спротивно на тоа, ако само помислите, а не дај боже кажете нешто против Мухамед, на пример, следува верски фанатизам, екстремизам во крајни граници, и спремност да се појде во џихад, и да се убие заради такво нешто. Доказ се данските хумористи и нивната карикатура, и секојдневните убиства во таканаречените исламски земји, кои се во обид да спроведат шеријат.

Страшно и тажно.

Го напишав овој пост, само колку да се знае во секоја дискусија на оваа тема да се направи јасна дистинкција и да има два коша, во едниот е религијата на мирот, а во другиот е се останато. И најчесто треба да се мисли, на првиот кош.
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Не исчезнале со милениуми,ќе исчезнат за 28 години во време кога 84% од светската популација се поклонува на некоја религија.:pos:
 

golem brat

dojdov vidov pobediv
Член од
23 февруари 2009
Мислења
417
Поени од реакции
20
religiite ke postojat sekogas , no brojot ne religioznite ke se smaluva
religiite nikogas nema da iscezant
a koga ke dojde sinot covecki dali ke najde vera na zemjata luka 18, 8
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.655
Поени од реакции
59.655
Ако верниците во затворите не се „вистински верници“ затоа што згрешиле, тогаш ни е еден од вас овде кој се декларира за верник не е „вистински верник“.
--- надополнето: 11 август 2013 во 15:31 ---
Согласно ова, во 21 век, има само една таква религија, која треба и мора да исчезне, и тоа многу порано од 2041 година, за добробит на сите, а која трагикомично се самонарекува религија на мирот.
Тоа е идеологија која или ќе биде поразена или ќе го уништи светот. Шеријатските држави се срам за човечката цивилизација. Човекот кој се бореше против фашизмот и најразлични диктаторски режими, должен е да се бори и против ова зло и да го победи.
 

Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
Остајте ги религиите. Нека исчезнат глупаците и слабаците на кои им се потребни, и гнасите кои си ја оправдуваат злобата со нив.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.834
Поени од реакции
2.928
Батка ова библија што си постирал не е оригинал и згора на тоа обични пагански свештеници го измислиле изговори оти саботата е за човекот ,а не човекот како што правеа паганите ;)
--- надополнето: 11 август 2013 во 22:18 ---
Bog rekol sedmiot den da e neraboten, koj kaj evreite se vika sabat a kaj nas nedela... Malce se pomesani iminjata kaj nas, ama nema vrska biten e denot...
Не,не туку БОГ рекол седмиот ден е сабота господава ....... кај евреите сабат во превод значи одмор.Значи сабота е за сите ,а ако не празнуваш твој проблем и покрај многупати спомнувања за саботниот ден и многумина си тера по пагански обичај .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom