Kсамил

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не ми е јасно само како можете според едно ваше искуство да кажувате дали треба или не треба да одат таму луѓето. Јас се вратив пред два дена од Ксамил и сум многу задоволна. Пред се, на одмор одам за плажата и за тоа ете сите сме согласни дека плажите се преубави. Второ, ни еден ден немавме ама баш никаков проблем со струјата а уште помалце па дека фрижидерите во продавница не работеле и храната била со поминат рок, мислам стварно не е убаво до толку да се критикува. Луѓето се прељубезни, а за тоа што не знаат англиски, кај нас во туристичките места да не знаат сите случајно? Комарци не може некој да ми каже дека имало повеќе од Грција кога е ист случајот, единствено и на мене што не ми се допадна беше ѓубрето наоколу, а за кравите напротив, ми се допадна таа идила. Поздрав
Мене не ми е јасно па ти како го препорачуваш (фалиш ) Ксамил. Затоа е ова форум, ти да фалиш со своето искуство, јас да кудам, некој трет ќе избалансира. Јас и ти неможеме исто да перципираме ствари бидејќи јас и ти имаме ем различни исукуства од претходни одмори, ем различни ствари не интересираат.

Како што ти имаш за право да го пофалиш Ксамил, јас имам исто толкаво право да го исплукам. Очај у раскош ете тоа е. Ако јас се прашувам и плажите им се очај, а тие им се главен адут. Имало струја, храната не била со поминат рок и немало толку комарци - мислам дај те молам, озбилно?

И ако сакав да гледам крави на летен одмор како појадуваат од контејнер преполн со ѓубре и да воздивнував на таа идила, ќе идев во Шутка десет дена на одмор.
 
Член од
24 декември 2010
Мислења
66
Поени од реакции
13

Точно така, целосно се согласувам со тебе во врска со тоа што јас можам да го фалам местото а ти да го плукаш и другите да одлучат дали да отидат таму врз основа на своите вкусови и интереси. Едно нешто само не ми е јасно, што поточно ти беше очајно на плажите? Мислам ако претходните години си одела на Бали, Бора Бора и слично во ред, ама не знам што се полоши плажите од оние во Грција (зборам конкретно за песокот и водата не зборам за рестораните и инфраструктурата од страна)?
 
Прво тоа не е песок, него дробен камен. Значи едно е песок, друго е ова незнам ни како да го наречам. Водата е чиста, Јонско море нема збор. Поладано е од Егејско у секој случај, али нема споредба. Во водата плива ѓубре, кој стаса таму фрла. Така да после 12 не се ни влага во таа вода. Тоа чадорите на плажа ако им се исперени во последниве 5 години еве на.

Плажата обележана тоа е ок, креваш поглед на соседното ридче градат нова плажа. Камиони во 10 саат истураат од ова као песок на плажа, димни облаци насекаде. Кој каде стаса си прави плажиче, си става лежалки и оп мое е.

Да бидеме само искрени, а секој сам нека процени дали ќе оди. Спомена струја си имала, е како тоа јас од 11 дена што седев таму немав? Како во било која продавница не дека ги има многу 5/6 колку се 80% од производите имаа поминат рок? Продавниците беа темни и претопли внатре. Сега или јас не сум нормална и имам лош вид или ти нешто криеш и не кажуваш како што е :)

Ксамил ви е отровање у движење.
 
Ме збуни малку со водава, не ми е баш најјасно твоето мислење за водата. Како и да е секој нека си процени според тоа што на него лично му смета од овие работи ама пак за струјата морам да кажам дека и јас пред да одам слушав многу коментари од тој тип ама јас стварно ни еднаш не снемав струја, од исто така 11 дена што бев таму.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ме збуни малку со водава, не ми е баш најјасно твоето мислење за водата. Како и да е секој нека си процени според тоа што на него лично му смета од овие работи ама пак за струјата морам да кажам дека и јас пред да одам слушав многу коментари од тој тип ама јас стварно ни еднаш не снемав струја, од исто така 11 дена што бев таму.
Јонско море е кристално чисто море. Во Ксамил плива ѓубре во водата. До 12 саат е чиста, после не е.

За струјата чим си слушнала значи навистина ние бевме без струја. И тоа автоматски значи дека си имала среќа со 11 вечери со струја. И дека Ксамил е наградна игра дали ќе имаш струја или не. Што значи дека не е дораснато за туризам.
 
Член од
24 декември 2010
Мислења
66
Поени од реакции
13
Јонско море е кристално чисто море. Во Ксамил плива ѓубре во водата. До 12 саат е чиста, после не е.

За струјата чим си слушнала значи навистина ние бевме без струја. И тоа автоматски значи дека си имала среќа со 11 вечери со струја. И дека Ксамил е наградна игра дали ќе имаш струја или не. Што значи дека не е дораснато за туризам.
Во ред можеби не е дораснато, но сепак тоа е место што воопшто започнало да развива туризам пред 2-3 години и сакам и јас да кажам дека му треба уште многу за развивање ама луѓето се трудат барем ако ништо друго почнале со инвестирање во куќите (ретко каде може да се види стара куќа). И јас сум за тоа дека треба да се чисти ѓубрето и да се средат улиците но најверојатно и тоа ќе стигне на ред. Па мислам еве во Охрид кај нас ќе платиш исто пари а ќе те сместат во стара куќа со баба и дедо во другата соба со кои што ќе треба да ги делиш тоалетот и фрижидерот, значи тие до таму се со развојот не можат ни во смештајот да вложат не па во друго, а за море е друга работа, еве на пример во Грција, гратчињата околу Солун до пред 5-6 години беа ниви со по 10-тина куќи а сега се преубави туристички гратчиња. Мислам дека треба да му се даде шанса на Ксамил зашто за 5-6 години (посебно со плановите на новата тамошна власт за која што разбрав дека ги имала) мислам деќа ќе биде до некаде на ниво на некое гратче во Грција, а на оние кои не им сметаат недостатоците што ги набројавме можат дотогаш да искористат евтин одмор на море.
 
Е ова е веќе одговор кој прилега на реалноста. Само што би додала плус години на развој, бидејќи немаат основна инфраструктура меѓуградска, гранична, а камоли туристичка. Немаат стабилен електричен систем. Немаат патокази и ознаки. Мостови. Би додала дека за некои си 30 години Ксамил би бил туристичка дестинација. Дотогаш треба да ги срушат можеби половината апартмани и да ги изградат по урбанистички план кој очигледно не им е познат.

За сега некој да даде пари за тоа место не треба да даде. Не одиме на море да седиме во апартман, кои секако кажав и претходно дека се нови, широки и удобно опремени.

Јас читајќи ги коментарите на темава решив да идам во Ксамил годинава. Бидејќи ѓокомкд го претстави како топ дестинација во замена за Грција. И благодарение на такви коментари кои се далеку од реалноста, јас го видов местото со свои очи и несакам и некој друг да се излета како мене. Она што е добро да се пофали, она што е лошо треба да се каже. За секој да си планира што го очекува.

Па сега вие кои планирате да идете, прочитајте и одлучите дали сакате да идете.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.607
Поени од реакции
5.241
Јас планирам да тргнам за Ксамил, кола немам затоа гледам со автобус да тргнам, со колку пари може да издвојам солиден 10 дена одмор за двајца?
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Јас планирам да тргнам за Ксамил, кола немам затоа гледам со автобус да тргнам, со колку пари може да издвојам солиден 10 дена одмор за двајца?

Нас пред 2 години не фати по 250 евра од човек вкупно, сосе пат (автобус) и смештај и плус рушување од јадење по кафани/кафиќи.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.607
Поени од реакции
5.241
Нас пред 2 години не фати по 250 евра од човек вкупно, сосе пат (автобус) и смештај и плус рушување од јадење по кафани/кафиќи.
Супер, се надевам немам да се разочарувам, некои велат супер е, ќе видиме....
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Е ова е веќе одговор кој прилега на реалноста. Само што би додала плус години на развој, бидејќи немаат основна инфраструктура меѓуградска, гранична, а камоли туристичка. Немаат стабилен електричен систем. Немаат патокази и ознаки. Мостови. Би додала дека за некои си 30 години Ксамил би бил туристичка дестинација. Дотогаш треба да ги срушат можеби половината апартмани и да ги изградат по урбанистички план кој очигледно не им е познат.

За сега некој да даде пари за тоа место не треба да даде. Не одиме на море да седиме во апартман, кои секако кажав и претходно дека се нови, широки и удобно опремени.

Јас читајќи ги коментарите на темава решив да идам во Ксамил годинава. Бидејќи ѓокомкд го претстави како топ дестинација во замена за Грција. И благодарение на такви коментари кои се далеку од реалноста, јас го видов местото со свои очи и несакам и некој друг да се излета како мене. Она што е добро да се пофали, она што е лошо треба да се каже. За секој да си планира што го очекува.

Па сега вие кои планирате да идете, прочитајте и одлучите дали сакате да идете.
Од истава причина и јас се заебав.
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.391
Поени од реакции
8.505
Море шо ме задумавте ,едни викаат убо други катастрофа не само тука на форумот туку и тие шо ги познавам шо беа годинава :confused: за тоа најубо да скокнам да видам па ќе ви пишам дали бива или не ;)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.296
Поени од реакции
15.447
Ако одиш Горан се видиме околу 20-ти таму.од разговорот со луѓе што биле годинава разбрав дека `направиле` нешто со струјата.дали е точно незнам додека не појдам

За плажите пак ќе кажам-слична но многу полоша ваква песка има на цел Свети Стефан,но за таму никој не се буни бидејќи таму оди `кремот`,а во Ксамил `останатите`.

Јас имам приоритети за летување:

1.Плажата и водата(немојте во шпиц на сезона да барате стакло вода)
2.Сместување(да е Ок,да не е како црногорското)
3.Храна(и цените на храната)

Другите работи се сепак поминорни,и јас лично не гледам во работи кои и дома кај нас ги има.

дека Ксамил е поевтина замена за грција ми зборува и фактот што знам многу луѓе на кои летувањето во Грција не им е финансиски проблем,а сепак последно време одат во Ксамил.Кога можеше да го бендиса една постара пријателка која нема место во белиот свет каде не била(има многу пари),мислам дека на просечен македонец сигурно треба да му одговара
 
Kajgana Shop

На врв Bottom