Kсамил

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Пошто е поефтино од мк, а се капиш на море.

Зависи со што правиш споредба? Ако го споредуваш со некој наш град сред лето без излез на езеро на +40 тогаш ќе речеш добро овде барем има море али ако го споредуваш со друго туристичко место недај боже Хрватска е тогаш богами има да се разочараш. :unsure:
Искрено кажано ја и без пари да е не би идел.
 
Да се речи дека летување во Албанија е лош избор,а најупотребувана фраза во народот да е дека `народот трпи за јадење` и дека сме `најсиромашна` држава во европа,едноставно не одат заедно.

грција е топ дестинација,ама таму мислам дека одат на летување разни фаци како Буш постариот,Кардашиан и разни белосветски богаташи.

Ако ни е стварно реалноста дека `народот нема пари`,тогаш Албанија,поточно јужниот дел од Албанија е права мерка
 
Ако ни е стварно реалноста дека `народот нема пари`,тогаш Албанија,поточно јужниот дел од Албанија е права мерка
Ако ни е таква реалноста тогаш има две подобри мерки:
1. Дома ќе си седиме
2. Охрид, Преспа, Дојран, верувај многу е подобро од Албанија (y)
 
Леандра отприлика добив претстава кај си сместена ама не комплетна, ако не ти е проблем и имаш некоја слика од улицата каде си или тоа ресторанот пушти тука, иначе јас бев на едно 100 метра од банката сместен и затоа тоа со пеењето од оџата што го спомна во 10 дена не бидна ни еднаш инаку секако ќе се споменеше досега.
 
Ами ако појдам во охрид, исто ко со сите комши да сум пошла на одмор.

Јас искрено одам за морето, цел ден нема да се приберам од плажа, за сместување, колку да се истуширам и да преспијам.

А грција исто така не ми се оди, потшто не знаеш дали си во грција или македонија. Ко да сме преселени таму преку летово.
А плус албанија е поефтино од грција..така да.
 
И таму е преполно Македонци, особено Прилеп и Битола врие. Најчести гости се Македонците.
Не е работава за убедување или преубедување, работава е што секогаш треба да се каже вистинската слика како е. Па луѓето добро да размислат дали сакаат да одат таму или не. Некој ќе рече многу сме пребирливи, за мои пари и те како сум пребирлива. Да е нешто просечно, ќе речам просечно, ова е далеку под просек, тотално промашување.
Тоа не да врие од комарци, абе носете си 50 раид за во штекови око нема да склопите.
Единствена позитивна ствар е што мештаните се фини луѓе и гледаат да ти помогнат. Мене ми се виде доста ефтино, иако станавме вегетаријанци, само зеленчук и овошје јадевме, таков кај нас нема, секоја чест природно, вкусно, сочно Јадење на места каде велат нема струја нема шанси.Во продавница со изгасени ламби седат во темница. Штедлив народ се гледа. Најмногу се смеев е што во собата ставиле штедлици сијалици, а струја немаат пола ден, се прашувам што ли штедеа?:D

Ознаки, табли? Ма какви табли научна фантастика. Снаоѓај се, на секои десет метри застанувај и прашувај. Јазик само Албански, никаков друг, разбирање со раце и нозе.
Се на се, многу лош впечаток, моја нога во наредните 30 години таму не. Децата само до Грција и никаде на друго место не останува опција додека се мали. Кога дојде ред они да плачат за дома, немам коментар за туристичково место.

Hellsing; кравата ми е слика од улицата која ме дели од плажата и морето. Од Тирана Банка идеш десно и нагоре, ја минеш црквата, ја минеш „чаршијата“, на демек раскрсница идеш надоле кон морето има пазарче, отворена шахта на улица ако може тоа да се нарече улица и стасуваш до апартманите.
 
Исто како Арачиново,само што Арачиново има струја а Ксамил море.
--- надополнето: 9 јули 2013 во 22:18 ---
Пошто е поефтино од мк, а се капиш на море.

Е арно де,ама морската вода не е лековита:X3:
 
И така луѓето ке сфатат дека наместо да отидат во Охрид на езеро 5 дена, со истите пари ќе отидат во Албанија на море 10 дена. ~
А од кога ќе се вратат ќе сфатат каква глупост направиле.
 
Исто како Арачиново,само што Арачиново има струја а Ксамил море.

Мислам дека Арачиново е поубаво, мене ми личеше на исечоци од Авганистан на тв што ги гледаме. Фраери локал на мотори од оние старите големите незнам ни како се викаа пред 30 години кај нас ги возеа, или некое бесно бемве отворени прозори внатре пука некоја музика шота шота, абе шо.
Важно завиткани немаше, шо е право право си е. Не се како нашине, само се гледа сиромаштијата во која живеат.
 
Боље на Велешко езеро да си била :icon_lol: Кој те излажа кој те запусти.
 
Боље на Велешко езеро да си била :icon_lol: Кој те излажа кој те запусти.
Ам ај си викам да поглумам патриотка, да ја скокнам Грција годинава, кога прво па мушко :icon_lol:
 
Пошто е поефтино од мк, а се капиш на море.
Поефтино е (иако веќе и не е), ама затоа е и погнасно каде каде, па за ситни пари ризикувај поготово ако си со мали деца
--- надополнето: 9 јули 2013 во 22:29 ---
Ам ај си викам да поглумам патриотка, да ја скокнам Грција годинава, кога прво па мушко :icon_lol:
Ама патриотка, не Грција право во Албанија! Е тоа ти е патриотизам :)
 
Исто како Арачиново,само што Арачиново има струја а Ксамил море.
--- надополнето: 9 јули 2013 во 22:18 ---

Е арно де,ама морската вода не е лековита:X3:

Kај спомнав дека е лековита?
Нема да се бањаш во тињи и тревишта..
--- надополнето: 10 јули 2013 во 01:37 ---
Исто како Арачиново,само што Арачиново има струја а Ксамил море.
--- надополнето: 9 јули 2013 во 22:18 ---

Е арно де,ама морската вода не е лековита:X3:

Kај спомнав дека е лековита?
Нема да се бањаш во тињи и тревишта..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom