H
Hip.Hop_MKD
Гостин
Албански неосновани теории и фалсификати врз историјата, присвојување на Осмалиското културно наследство и препишување како нивно
Уште едни во низата. Баш ме интересира каде е Турското население во пописот?
Историчари ( оќе позз ): Пред Земјотресот Албанците мнозинство во Скопје
На дебата на Здружението на историчари Албанци на Македонија во врска со 50 годишнината од земјотресот, беа претставени документи од државниот архив, според кои, до 1963 година во Скопје поголемиот број од жителите биле Албанци. Директорот на Државниот архив, Ќерим Лита со став:
„Пред сè сакам да истакнам дека Скопје со околината во 1945 година броело 145.260 жители, а само во градот имало 67.743 жители. Најголемиот број од жителите беа Албанци, каде според статистиките, албанското население споредено со вкупното население во Скопје, во 1945 година сочинувало некаде 47%“, рече Ќерим Лита, директорот на државнио архив.
Историчарот Неби Дервиши пак, ги обвини властите во тогашната држава дека ја искористиле катастрофата за да ги иселат Албанците од Скопје.
„До 1963 година Скопје имаше најголем број Албанци во албанските краишта. По земјотресот на 26 јули, помошта што беше дадена од цивилизираниот свет по катастрофата, славомакедонските кругови ја искористија за да го исчистат градот од Албанците и да ги заменат со словенско население. Значи, по земјотресот од 26 јули се интензивираа мерките за менување на структурата на населението, особено по заминувањето на Албанците во ветената земја Анадолија, а паралелно со тоа почна масовната миграција на Македонците во Скопје. За тоа говорат официјалните историски документи што се чуваат во Државниот архив на Македонија во Скопје“, вели Неби Дервиши историчар.
Од друга страна, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, најави разни активности по повод 50 годишнината од земјотресот. Очекува учество и на градоначалниците на Тирана, Софија, Дрезден и други градови, ќе има изложби, ќе се дарува крв и ќе има богата културна програма.
И претседателот на државата Ѓорге Иванов им се придружи на активностите за одбележување на годишнината, па денеска ја посети Управата за сеизмологија во Скопје.
Мелихате Рустеми
Извор: http://alsat.mk/index.php/vesti/od_zemjata/4217-Историчари-Пред-Земјотресот-Албанците-мнозинство-во-Скопје.html
.