Fantasy Premier League 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.365
Е па дојде и тоа време кога повторно започнува новата сезона на играта што ја играат милиони луѓе низ целиот свет- Fantasy Premier League.

Еве го и линкот: http://fantasy.premierleague.com/

Значи бирате 15 фудбалери од сите англиски екипи. Морате да имате 5 одбранбени, 5 средина, 3 напад и 2 голмани.

Максималната вредност на тимот не сме да помине 100 милиони. Секој фудбалер си има одредена вредност и интересното е што неможете да ги одберете сите ѕвезди од тимовите, па ќе треба навистина да се помачите додека го најдете вистинскиот тим.

Еве како оди и бодувањето:

Голман: За непримен гол +4п, за секои 3 одбрани на натпревар +1п, за секои примени 2 гола -1п(ова важи и за одбраната), за одиграни барем 60 мин од натпреварот 2п(ова важи за сите), за асистенција +3п(ова важи за сите), за помалку од 60 минути на терен 1п(ова важи за сите), за жолт каротн -1п(ова важи за сите) и за црвен картон -3п(ова важи за сите).

Одбрана: За постигнат гол +6п, за непримен гол +4п

Средина: За постигнат гол +5п, за непримен гол +1п

Напад: За постигнат гол +4п

Напомена: На секој натпревар се доделувааат бонуси од 3п, 2п и 1п. Тоа оди за најдобрите играчи на тој дуел. Исто и имате можност да одберете капитен, кај него ви се дуплираат поените.

За секое коло можете да направите еден дозволен трансфер, но можете и повеќе ама при тоа ќе висе одземаат 4п од вашето конто. Имате и да искористите и вајлд карта. Тоа значи ако некогаш правите реконструкција на тимот за да не ви одземе поени кликате на тоа(тоа е само за еднаш во годината). Можете максимум 3 играчи од еден тим да одберете.

За да имате успешна сезона и да бидете топ менаџер потребни ви се околу 50-60 поени неделно.

Се разбира некои трансфери сеуште не се завршени, па така до стартот на првенството можете да го менувате колку сакате тимот и нема да ви бидат минусирани поените.

И да надополнам, се до првиот натпревар можете да правите колку сакате измени, нема да ви се одзимаат поени.

Еве и кодови за лигите:

Кајгана Класик-
767-590

Кајгана хед-ту-хед :
767-631
 
Е баш си брз :)
 
Ај да те'еам ја сакав да ја отворам првата конструктивна тема у мојата кајганџиска кариера :(
 
^ Дали саат време помина откако ја пуштија во погон играва, одма отворија тема...
Баш ми е мило што беа побрзи од тебе :P

Рики, лани во фото финиш ме помина, така ? Епа сега мисли му ја :D
 
Сеа интересно е како Шоукрос, Бегович и компанијата од Стоук не се сигурен избор, па поише мислење ќе има за одбрана.
 
Со цените претерале малку.
Што е тоа 14милиони Ван Перси. На негова сметка, цел тим мора да го ослабнам.
Барем за почеток нека појде од 12, после и нека достигне цена од 14... кога ќе се заработи и од другите играчи.
Земав тројца солидни напаѓачи. Но неможам да се потпрам на нив. Не сум сигурен колку ќе бидат константни :)
Мичу уште е меѓу играчите од среден ред.

Да го објавам уште сега тимот, рано е. Еден добар трансфер во ПЛ, може комплетно да ми го измени.


Сега зборам против РВП, но кога ќе поминат 3-4 кола, одма ќе се фатам за вајлд картата да го доведам во тим. Така беше и претходните 2 сезони :D
 
do7p.jpg


После 5 сезони спремен за 6-тата :D

epyz.jpg


Почетно развлекување на составот на месец дена пред старт на сезона :D
 
Цениве не се мењаат до почетокот на првото коло без разлика дали некој ќе се повреди, така?
 
Цениве не се мењаат до почетокот на првото коло без разлика дали некој ќе се повреди, така?

Цените веќе се сменети, но можно е да претрпат уште некоја ситна модификација.
Минатата сезона исто така рано го имав направено тимот (100м вреден), и после некој ден забележав милионче во банка... :)
 
Мислам дека максимална цена треба да биде 10м, па макар играчот дал 50 гола во лига.
14 за Ван Перси, мало морген.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom