Тука коментираме книги

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување
Па тука мислам дека нема комплети, али од таа The Book Depository (англиска книжара) имаш нови книги за 10-11 долари со бесплатна достава, а на пр исти книги од амазон со достава фаќаат повеќе. А доставата е од 3 долари па нагоре како што сум приметил, зависи од каде е книжарницата, ако е од европа најчесто помалце ќе те чини.
Иначе ајде ако земаш по 4 книги од твојата страна можеме по пола ако сакаш да купиме :)

Хмм...можи да напрајме комбинација, само види прво разгледај дали ќе те бендиса некоја.
http://www.awesomebooks.com/bargain-books/
Барај само во тие шо се во bargain books, само тие се дел од акцијата. И попустот се однесува на најефтината книга. Пример ако земиме книги со цени од 3, 3, 5, 6 евра, само едната со 3 евра нема да влезе во вкупната цена.
 
da mozebi knigite na ditas ne se bas prvoklasni. nemaat nekoja metafora, ne se premnogu so skrieni poraki i pouki, lesni se za citanje, no barembi edno nesto imaat koe mn go cenam: VISTINA. jas bi ti ja preporacala "Kriv pravec". taa kniga iskazuva gola vistina iako na mn luge ne im se dopaga taa vistina. inaku ima i "Kriv pravec 2" no bidejki tamu e se apla kazano e zabraneta da se izdava. ima nekolku primercoi koi tesko se naogaat. jas seuste ja baram. procitaj pa ke vidime sto ke mislis za nego.

Ги имам прочитано и Крив правец и Крив правец 2, на некој начин се поврзани ама и не се. Лесни за читање, без скриени метафори се’ е јасно, гласно, сурово вистински и затоа е интересно, а плус кога ќе ти текне дека се зборува за луѓе од Македонија, тука, до нас.. малку да се наежиш. Сепак, според мене, вреди да се прочитаат и двете книги. А и други книги од ДИТАС.
 
Хмм...можи да напрајме комбинација, само види прво разгледај дали ќе те бендиса некоја.
http://www.awesomebooks.com/bargain-books/
Барај само во тие шо се во bargain books, само тие се дел од акцијата. И попустот се однесува на најефтината книга. Пример ако земиме книги со цени од 3, 3, 5, 6 евра, само едната со 3 евра нема да влезе во вкупната цена.

Abe books се најдобри, бар со моево искуство... има повеќе книжарници кои продаваат преку нив. На betterworldbooks.com своите книги поефтино ги продава на abebooks.com отколку преку нивниот сајт.
 
Abe books се најдобри, бар со моево искуство... има повеќе книжарници кои продаваат преку нив. На betterworldbooks.com своите книги поефтино ги продава на abebooks.com отколку преку нивниот сајт.

Хмм не знам баш...awesomebooks има скоро се и доста ефтино и понови и постари книги, а и испораката исто е ефтина...а и со овие понудите за комплети и попусти доста е поволно. Еве сега се спремам да порачам 4 книги по цена за 3 и испораката е само 3.5 евра за цел пакет. првата книга шо ја порачав ми стигна за 2 недели, гланц како нова, а само 400 ден. ме фати.
 
Само што ја дочитав „Норвешка шум“ од Харуки Мураками и уште сум под импресии. Авторот добро знае да те задржи до последна страница, барем мене може. Еден од ретките кои успеваат да те вовлечат во меланхоличното расположение на главниот лик и да те насмеат со некој чуден хумор. Врди да се прочита, како и се’ друго од Мураками.
 
Се викам Црвено - Орхан Памук. Во секоја книга од Орхан Памук што досега ја имам прочитано прави споредба во различни сегменти на Истокот и Западот. Во оваа книга се работи за сликарството. Интересно е тоа што сликарството во муслиманството е поставено во позадина, поради верувањето дека сликањето на Алах, но и самата природа поради тоа што се сметало дека човекот не смее да се меша во божјата работа. Под муслиманска уметност се смета уметноста создавана од муслиманските народи, што значи постојат одредени ситни разлики меѓу народите, иако генерално гледано муслиманската уметност се смета за доста кохерентна. Интересно се претставени тие ситни разлики, па ако се чита внимателно може да се забележат нијансите. Во книгата постојат повеќе наратори, луѓе, животни, дрво, боја. Тие според мене се многубројни со цел полесно да се прикажат различните ставови околу / за уметноста и според мене заради тоа не се толку силно изградени од психолошка гледна точка. Преку уметноста се допираат и други теми нормално, на пример за / контра религиозната фанатичност. За книгава мислам дека е добро да се има предзнаење за исламската уметност, барем основно. Човек треба да знае во што се впушта кога ја почнува оваа книга, односно да има увид во тематиката и слично, а за разлика, другите книги на Памук според мене може полесно да се следат и без некое предзнаење.
 
За книгава мислам дека е добро да се има предзнаење за исламската уметност, барем основно. Човек треба да знае во што се впушта кога ја почнува оваа книга, односно да има увид во тематиката и слично, а за разлика, другите книги на Памук според мене може полесно да се следат и без некое предзнаење.

Јас го мислам спротивното, дека не е неопходно претходоно сознание, кога почнав да ја читам немав поим како изгледаат тие минијатури од 16-тиот век. Памук е одличен писател, толку успешно со зборови доловил како изгледало тогашното сликарство што откако ја прочитав книгата, побарав на нет и толку беа блиски реалните уметнички творби во однос на претставата што ја добив за нив преку читање на книгата, што бев навистина импресионирана :)...
 
Да, се сложувам дека доста верно ги претставува сликите. :) Па, мислам дека 10 години работел на книгата. Но, сакав да кажам да човек се запознае со поетиката на муслиманската уметност. Мислам, полесно би влегол во книгата тогаш. :) Може и јас лошо се изразив на почетокот.
 
Која е најдобра книга од Памук? Јас ништо немам читано, а дома ја имам од него „Снег“, и се имам некои други книги за читање пред него. Книгата ја имам веќе 3-4 години, моите ја читаа, ама сметав дека тогаш не би ја разбрал и потешко би ми била за читање. Сега кога веќе имам подруг стил за читање на книги, мислам дека е одлично време.
 
Прочитај ја Снег, мене ептен ми се бендиса.
За разлика од Се викам црвено полесно и побрзо се чита, што не ја прави оваа другата нели помалку добра. Само зборот ми е дека за втората ти треба време и концентрација.
ПС. Ги заврши ли сите три книги од 1Q84 оти видов дека првата веќе си ја прочитал?
 
ПС. Ги заврши ли сите три книги од 1Q84 оти видов дека првата веќе си ја прочитал?

Не, само втората ја имам дома, третата не сум ни ја купил. Не ги читам наеднаш затоа што побавен ми е неговиот стил, и правам пауза со друга книга помеѓу неговите книги. :)
 
Не, само втората ја имам дома, третата не сум ни ја купил. Не ги читам наеднаш затоа што побавен ми е неговиот стил, и правам пауза со друга книга помеѓу неговите книги. :)

Леле, браво како можеш така. Јас кога го читам него буквално ништо друго не ме интересира и заборавам и да јадам и да спијам што се вика. Така ми е и сега со овие книги, психички ќе се пореметам. :)
 
Ги завршив вчера по втор пат расказите од Дино Буцати - Девојката што паѓа. И повторно, повторно ме обземаа. Толку лесно ги пишува скоро секогаш со некој неочекуван пресврт ( иако се случува во секој расказ, ко намерно да заборавам што ме очекува ) и секогаш на некој начин крајот прераснува во поука. Фантастиката и реалноста се прелеваат, на некој начин паралелно се одвиваат. Секој расказ ме истоштува, ме фрла народски кажано во бед. Мислам дека една од целите ( глупав збор, ама во моментален недостиг на друг нека го ) е да те прави тажен, депресивен. Да те внесе у виорот на нештата, да ти ја замагли перцепцијата за тоа што е внатре во книгата, а што е внатре во тебе ( надвор од книгата ). Сметам дека уметноста ја подражава тагата и само тогаш кога ќе ја почувствуваш, е нешто исправно. Секако, има исклучоци.
 
Синоќа ја почнав да ја читам „Пиреј“ ( па и од тука дознав за таа книга)
прочитав 140 страници. Се сретнав со многу непознати зборови,
зборови на нешта што сега ги нема или не се употребуваат.
За повеќето ќе побарам објаснување во друга тема. можеби не ми се познати затоа што се зборови кои се употребувале во секојдневието пред еден век и тоа на село.
Сепак добра книга имате право. (прво ги прочитав расказите од истиот автор)
 
26. Дваесеттата сопруга - Инду Сундаресан

Ја прочитав и уште не можам да сфатам, како може еманципирани женки да се ложат на ваква книга!? Да вие феминистки, ви ја фрлам ракавицата. Харем, злата, чуда, беси се тоа толку ефтино ја продава жената и калкулира со нејзината свест (дека ја личи да биде робинка на мажот и дека е у реду да си го чека својот ред додека тој се реши еднаш во годината да ја плесне) што ме натера да се замислам дали во гените на секоја жена вирее таа потреба да се биде ефтина дроља? Па и уше у книгата бесрамно се фура дека била за припадничките на понежниот пол. Ма немој да ме јебеш бе! Па младината наша без пемпеле меѓу нозете била похотна и матeријалистички настроена. Е така ќе е, кога мајка на ќерка, тетка на внука, севкрва на снаа, лакомо ја препорачува книгата. Џоа макроа се, кои си дилаат материјализам, курвање и понизност. Та принц бил, та цар бил, та дрн дрн јариња! Не бива со 20 пенисовидни органи е. Ебате културата и уште повеќе жените кои слепо ја почитуваат истата.

Ам па нашиве се полошата варијанта. Ти ибам и турски серии и се. Опиени од книгава се работат на велико.

Нејќу такви жени бе!

Шо бидна со жената која чезнее да ми припаѓа само мене со сите свои вагинални монолози и со сета своја душа и женственост, башка посесивно да ме чува и да не ме дели со друга?

* А при тоа јас да сум без кочии злато, и само чиста љубов, див секс и долги ноќи исполнети со муабети да не сврзуваат заедно.

Хммм па мислиш дека Мехруниса немаше да го сака тој да не беше султан?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom