Тука коментираме книги

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување
ne sum po knigite mnogu vo posledno vreme, ama bas ic, mi se stemni na fax od niv..
posleden vpecatok ajde erotskiot roman ....50shades of grey....me relaksirase ne za drugo :)
 
14. Ејми ја нема - Џилијан Флин

Прекрасен псхилошки трилер кој навистина ме остави без зборови. Нема шанси да почнеш да ја читаш и да ја оставиш, се чита во еден здив! До првиот дел се случуваат многу интересни работи прикажани преку дневникот на Ејми и деновите кога ја нема прераскажни од нејзиниот маж. После во вториот дел се случува пресврт кој најмалку ќе го очекуваш. Неочекуваните пресврти ми се многу интересни и даваат желба за да читаш понатаму и да го одгнатеш завршетокот. Си правиш претпоставки, ама ниедна не се испоставува како точна зошто авторот има смислено баш зезнато сценарио да го речам. Во третиот дел се дознава вистината, но и покрај се, книгата има среќен крај. Не откривам ништо повеќе, дефинитвно ја препорачувам. Кој сака интригантнност и големи пресвртници нема да згреши.
Среќен крај??
Среќен крај е тоа што сопругот за да биде со детето мора да е во брак со психопат? Да бидеме реални, да и побараше развод на Ејми, оваа ако не го убиеше детево пред него еве ве. Или барем нема да му дозволи да е дел од неговиот живот.
 
Грешно се изразив, среќен крај во случајов е за Ејми (ама сигурно сум мислела на тоа што не е вистина исчезната во таа смисла и тоа што успеа да го задржи покрај себе и покрај нејзината психотична состојба.[/quote]
--- надополнето: 25 април 2013 во 20:35 ---

Можда офтопик ама верувам ќе му се најде на некој...на странава има ефтини книги, нови и користени, по ептен пристапни цени, секако ако не ви смета да читате на англиски ;)

www.awesomebooks.com

Не читам моментално ништо, додека не ми стигне една книга шо си ја порачав од интернет. Па би сакал, некој ако може/сака да ми препорача нешто интересно, нешто што не е многу познато и популарно, може научно, филозофско, религиско, фантазија, драми и сл....било што, што ви оставило голем впечаток, а не е во, така да кажам, mainstream литература :D

П.С. Може и на англиски. ;)
 
Стив Џобс...... заслужува да се одвое време според мене. Ако може да одвоите време и пари за некое срање трилер,дефинитивно за овој човек кој практично има дел во промената на светот вреди да се дадат пари и време.
 
Гледам горе оставија линк за купување книги па еве да оставам и јас линк од страна (по мене најдобра) на која може да порачувате и книги коишто се надвор од принт, нови итн. Цената е пристојна и фаќа поевтино сосе испорачка отколку од амазон, што е најбитно стигаат до Македонија, имам 10тина купено до сега.

http://www.abebooks.com/

Верувам дека ќе ви послужи многу.
 
Од Wilhelm Reich сто страни за 2 дена се чита . Интересен приказ за човекот/човештвото, какви сме по природа, како се однесуваме , кои се наши јаки и слаби страни колку сме лесни за манипулација ....
Многу познат научник, единствен автор чии книги биле забранети, палени во УСА.
Listen you little man
http://www.arvindguptatoys.com/arvindgupta/listenlittleman.pdf
 
Дечаци, не знам кај да го објавам ова па ајде тука. Денес излезе новата книга од Ден Браун - Inferno. Ја има на торенти.

Видете под какви строги услови се држени преведувачите.
 
Засекогаш исчезнат,од Харлан Кобен.
Вил,во ист ден доживува огромна загуба-ги губи својот брат и љубовта на неговиот живот.
Пред единаесет години,бившата девојка на Вил е пронајдена мртва,брутално искасапена а главен осомничен за нејзиното убиство е братот на Вил,за што има и многубројни докази на местото на злосторството.Од неговиот брат нема ниту трага ниту глас,едноставно исчезнува и го остава своето семејство во тешка психичка состојба,кое е лишено од правото да ја знае вистината и што точно се случило.
Но,во нивните очи сепак Кен е невин.
На денот на смртта на мајката на Вил,таа му кажува на својот син дека братот е жив.Скептичен во однос на оваа вест и сеуште незакрепнат од шокот од смртта на својата мајка,Вил прекуноќ,одненадеш го напушта неговата девојка,со која е во врска после огромната трагедија.И животот повеќе не е ист,Вил набрзо сфаќа дека живеел во илузија и лага.
Харлан е мајстор за пресврти,кои никогаш нема да ги предвидите.А штом помислите дека се е готово и решено,тој повторно ве шокира и враќа назад.Прекрасен трилер,не сум сигурен дали го има во македонско издаваштво.
 
Топло ви ја препорачувам книгата: In Sheep's Clothing: Understanding and Dealing with Manipulative People од George K. Simon.
 
Очекувам некој коментар за добра книга, уствари се нешто за филмови у пишана верзија. Порано се екранизираа книжевни ремек-дела, но веќе подолго време се хит некои мелодраматични бестселери базирани на сценарија што го задоволуваат просечниот вкус.
Скоро ми падна во рака „За должностите“ на Кикерон.
Задолжително безвременско четиво!
 
Од септември во издание на Наша Култура „Пеколот“ на Ден Браун.
 
Брзо препорачувајте книги на англиски шо ги имате читано, на странава кај шо пратам има попуст за 3 купени, земаш 4, трае недела дена :)
--- надополнето: 26 мај 2013 во 11:55 ---
Гледам горе оставија линк за купување книги па еве да оставам и јас линк од страна (по мене најдобра) на која може да порачувате и книги коишто се надвор од принт, нови итн. Цената е пристојна и фаќа поевтино сосе испорачка отколку од амазон, што е најбитно стигаат до Македонија, имам 10тина купено до сега.

http://www.abebooks.com/

Верувам дека ќе ви послужи многу.

Како се движат цените, и шипингот до мк? Јас кај шо купувам, има комплети од 3 книги од ист автор или жанр за 11 евра со се достава. А постари книги шо се, и користени, по 3 евра и нагоре се цените.
 
Брзо препорачувајте книги на англиски шо ги имате читано, на странава кај шо пратам има попуст за 3 купени, земаш 4, трае недела дена :)
--- надополнето: 26 мај 2013 во 11:55 ---

Како се движат цените, и шипингот до мк? Јас кај шо купувам, има комплети од 3 книги од ист автор или жанр за 11 евра со се достава. А постари книги шо се, и користени, по 3 евра и нагоре се цените.

Па тука мислам дека нема комплети, али од таа The Book Depository (англиска книжара) имаш нови книги за 10-11 долари со бесплатна достава, а на пр исти книги од амазон со достава фаќаат повеќе. А доставата е од 3 долари па нагоре како што сум приметил, зависи од каде е книжарницата, ако е од европа најчесто помалце ќе те чини.
Иначе ајде ако земаш по 4 книги од твојата страна можеме по пола ако сакаш да купиме :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom