Гладиус
notusually
- Член од
- 14 август 2008
- Мислења
- 5.508
- Поени од реакции
- 1.728
Мислам дека реално, откако сѐ ќе заврши, без разлика на каков начин, ако некого сме сакале секој пат нешто во нас ќе затреперува кога ќе ја видиме таа личност. Е сега, дали треперењето е знак на длабока омраза или потсетување на убавите моменти е веќе поврзано со начинот на кој сето тоа завршило.По завршување на врска, секој има свој начин на преболување, тажење и слично.
Но кога ќе пројде тој период на преболување, како човек познава дали преболил или не?
Имате ли начин?
Како сте сигурни дека сте преболеле некој?
Сеедно ви е?
Ве интересираат други личности?
Не размислувате на бившиот партнер?
Ако мислите на бившиот/а, дали тоа значи дека се уште не сте го преболиле?
Како знаете дека вашите чувства исчезнале?
Дали веднаш исчезнале или требало време?
Процесот на преболување од друга страна знае да биде и многу тежок. Мислам дека оние кои викаат дека некого преболеле туку - така само си креваат штит за другите да не видат колку се реално повредени.
Јас лично немам начин на преболување. Едноставно само по себе ми доаѓа да можам веќе да размислувам како понатаму, што понатаму и со кого може. И тука веќе мислам дека е моментот кога сфаќам дека сум преболел.
Има многу кои за да преболат некого се фрлаат во врски без емоции, секс за одмазда и буквално стануваат развратни. Тоа сметам дека е најголемата грешка која може да се направи под оправдување дека преболуваш некој. Така само се губи достоинството кое треба да се има за да можеш по раскинувањето и преболувањето да продолжиш без огорченост.
Ако мислам на бившата според мене значи дека чувствата се уште присутни. Но ако повремено помислувам на неа, всушност мислам или на моменти кои ми биле убави или на такви кои ме повредиле, а тоа е добро затоа што ниту една врска не може да се заборави.Токму таа е елемент кој дури и да е со минимално учество, сепак влегува во составот на она какви сме ние како личност по неа.