Како знаете дали сте преболеле некого?

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.677
Поени од реакции
13.291
Нормално дека ако ја видиш пред тебе, особено неочекувано дека нема да ти биде сеедно, можеби и пеперутки ќе имаш во стомак. Но, тоа не значи дека е љубов, не значи дека ја сакаш и не значи дека не си ја преболел.

Не може да не знаеш. Секогаш има еден момент кога човек знае.

Се појави, се појави, ќе изреагираш како што ќе изреагираш и тоа е тоа.
Плус преболувањето е психичка работа, која нема толку врска со другата личност. Ако сакаш во главата да преболиш ќе преболиш. Едноставно.
Хмм интересно.
Би се сложил ако тоа би се сметало као принипиелно преболување.
Но не е ли таа состојба иста со онаа на почетокот кога прв пат ја гледаш?

Сеа зависи од личните принципи дали и колку ќе закочиш.
Мојата поента е ако ги немаш тие принципи. Пошто хеј, во име на љубовта принципите имаат најголема нелогичност.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Хмм интересно.
Би се сложил ако тоа би се сметало као принипиелно преболување.
Но не е ли таа состојба иста со онаа на почетокот кога прв пат ја гледаш?
Не. Тука работи егото. Ја гледаш и егото сака да се покажеш, за да види она дека можеш без неа. Само его и ништо повеќе. Не сакаш да се посрамотиш пред неа, пошо сакаш да мисли дека ти е најтоп. Его, самобендисаност, доза на ароганција, тоа е. Не е како кога прв пат ја гледаш.
Сеа зависи од личните принципи дали и колку ќе закочиш.
Мојата поента е ако ги немаш тие принципи. Пошто хеј, во име на љубовта принципите имаат најголема нелогичност.
Самите го дозволуваме тоа. Нелогично е затоа што ние го правиме нелогично. Се држиме за завршени приказни, затоа што е полесно, затоа што не мора отпочеток се. Па макар и по цена на мизерија.
Човек и ќе се лаже сам себе дека е се уште заљубен само за да не мора да менува ништо во животот.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.677
Поени од реакции
13.291
Не. Тука работи егото. Ја гледаш и егото сака да се покажеш, за да види она дека можеш без неа. Само его и ништо повеќе. Не сакаш да се посрамотиш пред неа, пошо сакаш да мисли дека ти е најтоп. Его, самобендисаност, доза на ароганција, тоа е. Не е како кога прв пат ја гледаш.

Самите го дозволуваме тоа. Нелогично е затоа што ние го правиме нелогично. Се држиме за завршени приказни, затоа што е полесно, затоа што не мора отпочеток се. Па макар и по цена на мизерија.
Човек и ќе се лаже сам себе дека е се уште заљубен само за да не мора да менува ништо во животот.
А кој треба друг да го прави логично?
Постапките се посекако наши и само наши. Исто како и борбата. Твоето мислење е дека човековата психа е репрограмабилна. Јас би се сложил до одредена точка на кршливост.
Лесен/тежок пат? Никој ништо не знае, а особено не ние во даден момент на таа кршливост. Треба пак време.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Не. Тука работи егото.

Самите го дозволуваме тоа. Нелогично е затоа што ние го правиме нелогично. Се држиме за завршени приказни, затоа што е полесно, затоа што не мора отпочеток се. Па макар и по цена на мизерија.
Човек и ќе се лаже сам себе дека е се уште заљубен само за да не мора да менува ништо во животот.
Е ова е мајка и татко на сите заебанции .
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Откако во текот на подолг период по прекинувањето, здраворазумно* сте ги анализирале неговите/нејзините лоши реченици/особини/размислувања , и сте откриле дека би можеле да споделувате живот со сето тоа, добро, тогаш не преболувајте, туку барајте ги.

Обично за се` што завршило постојат очигледни причини, кои еден ден ќе ги осознаете многу јасно ко од авион, дури и откако подолго време претходно здравиот разум сте го ставиле на крчкање на тивко.

* Здраворазумно размислување е превртлив поим, ретко кој го има, а и плус ретко кој смета дека му недостига. Вистината е дека на секој му недостига здрав разум и дека треба што повеќе да се стреми кон истиот, давајќи си време и фокусирајќи се.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.133
Поени од реакции
15.979
Ова е индивидуално за секого, секој си има свој начин и секој си знае кога и како.

Бар за мене, преболувањето е повеќе психичка работа. Ќе се измачуваш и ќе мислиш дека само времето лечи се, додека не сфатиш дека и да е последниот останат на планетава, нема шанса пак да бидеш со него. Не дека тој е ѓубре, туку дека едноставно не е за тебе.
Тоа е тоа, крај на приказната.
Помислување на некои убави моменти и случки понекогаш е многу нормално, сепак си поминал доста време со личноста, не значи дека не си го преболела.
За вистинска љубов мислам дека нема преболување.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Откако во текот на подолг период по прекинувањето, здраворазумно* сте ги анализирале неговите/нејзините лоши реченици/особини/размислувања , и сте откриле дека би можеле да споделувате живот со сето тоа, добро, тогаш не преболувајте, туку барајте ги.

Обично за се` што завршило постојат очигледни причини, кои еден ден ќе ги осознаете многу јасно ко од авион, дури и откако подолго време претходно здравиот разум сте го ставиле на крчкање на тивко.

* Здраворазумно размислување е превртлив поим, ретко кој го има, а и плус ретко кој смета дека му недостига. Вистината е дека на секој му недостига здрав разум и дека треба што повеќе да се стреми кон истиот, давајќи си време и фокусирајќи се.
Види сега здраворазумно зависи за кого како, и одговорив на една членка во љубовни проблеми мислам дека беше,после две години неидење таа е подготвена да го шутне сегашниот за бившиот и ќе го шутне тоа е јасно ко ден ( зашто ниеден човек не може да се бори против фантазии соништа и опседнатост ).
Нема здраворазумно размислување нема анализирање тука и да се изанализирало и процесуирало се како што треба има такви дегени што ќе почнат да ги обвинуваат другарите ,другарките,познаници,фамилија,овој е крив оној е крив сите се криви дури и себеси ќе се обвинат само тој/таа не се криви за нишо за неколку слатки моменти подотвени се пак повторно низ срања да поминуваат,уствари не се подготвени и пак ќе си ја лупаат главата од ѕид после некое време али тоа ти е,садисти сме по природа.
Таквите луѓе обично мислат дека повредуваат,дури и емоционално убиваат а на крајот кога ќе видиш само самите себе си се повредуваат и во таквите игри имаат голем потенцијал да налетаат на личност на која што не треба да налетаат па после да се чудат што ги снашло,иако свесно го прават тоа и одбираат баш личности кој што можат да ги повредат без никаква опасност по нив НО ризикот дека ќе се налета на погрешна особа е секогаш присутен и кад тад нагазуваат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom