McDonald's и случувањата со McDonald's во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
2 до 3 пати годишно... не за друго ако сакам да се најадам како шо ми доликува и како шо секој нормален човек јаде ке ми требаат 300 денара... тоа сендвичите шо ги даваат ни колку ракава не се големи бе :nesum:
 
Многу ретко идам во MC DONALDS, но ме интересира дали некој приметил дека во хамбургерот сегогаш има едно кругче кисела краставичка.
 
Мнооогу често јадам.Знам,не е здраво ама неможам да се одвикнам:nenene:
 
211q5ut.png

малце повеќе од овој ххх
 
Не редовно,ама јадам во MC Donalds.
Најмногу ми се допаѓа супер шејкот со јагодки.
Инаку обично јадам оброк хамбургер некако највкусни ми се.
Само едно од таму не можам да се начудам:"Бараат работници таму,па дури и преку радио".:nesvest:
Да се чуди човек.:toe::toe:
Што им прават на вработените ,па бегаат толку,не можам да сватам.
 
Не јадам таму, некогаш ако веќе поминвам би купила сладолед ... Имат многу поубај места кај шо можам да јадам брза храна па и дома ќе си напрам нешто сама барем немат да ми се загинит тостот в заб. :tapp:
 
Не јадам од таму ... едноставно не ми се допаѓа junk и fast food , посебно не овие , имам купено неколку пати хамбергери и тотално сум незадоволен .
 
Само едно од таму не можам да се начудам:"Бараат работници таму,па дури и преку радио".:nesvest:
Да се чуди човек.:toe::toe:
Што им прават на вработените ,па бегаат толку,не можам да сватам.

Им даваат мизерни плати, тоа е.

Утрово, ми се разбуди ужасна потреба за чизбургер од Мекдоналдс.
Ама зошто ми е далеку и скапо, си отрпнав.
Не сакам да јадам од таму, ама вкусно ми е понекогаш!
Грев, не грев, тоа е.
 
Јадам баш е убаво,само треба да купиш едно 2-3 оброци за да се најадеш :wink:
 
абе ајде каков мекДололс ке фрлам 70 ден и што? ништо! пак ке ми се јаде и уште 1 оброк треба да земам а тоа се 140 ден. за 140 ден ке земам 3 хамбургери од сендвичара цел ден ке јадам...
 
абе ајде каков мекДололс ке фрлам 70 ден и што? ништо! пак ке ми се јаде и уште 1 оброк треба да земам а тоа се 140 ден. за 140 ден ке земам 3 хамбургери од сендвичара цел ден ке јадам...
Каде има хамбургер за 50 денари заедно со пијалок?:)
Во Скопје најефтин хамбургер во центар е 70 денари и тоа без пијалот...да купиш кока кола 40 ден. и исто ке ти испадне :)
 
Мекдоналдс повлекува 12 милиони чаши


Светски познатиот ланец за брза исхрана Мекдоналдс повлекува 12 милиони чаши со ликот на анимираниот јунак Шрек бидејќи во боите со кои е насликан е откриен кадмиум.
Американската комисија за заштита на безбедноста на потрошувачите вчераутро објавила необврзувачки повик за повлекување на чашите, предупредувајќи ги потрошувачите веднаш да престанат да ги користат.

Мекдоналдс соопштиле дека следната недела на својот веб-сајт ќе постави упатство за рефундирање на парите потрошени за купување на чашите.

Чашите се продавале за два долари во рамките на промотивната кампања за анимираната комедија "Шрек среќен засекогаш" чија премиера во САД беше на 21-ви мај. Според информациите од Мекдоналдс вакви чаши не се продавале во Македонија.
 
Каде има хамбургер за 50 денари заедно со пијалок?:)
Во Скопје најефтин хамбургер во центар е 70 денари и тоа без пијалот...да купиш кока кола 40 ден. и исто ке ти испадне :)

kaj nas vo dracevo 50 den e hamburger. a pijalok ne mora xD
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom