Летово една недела во Охрид за двајца ќе чини 285 евра
Повеќе од 17.000 денари ќе чини летово еднонеделниот одмор за двајца во Охрид, без пресметани трошоци за вечерните излегувања по кафиќи и дискотеки.
Сместувањето во приватни апартмани би чинело 10.675 денари, а преостанатите околу 7.000 денари ќе бидат неопходни за храна, која сами би ја подготвувале, и за превоз.
Ова го покажува истражувањето на студентот Тони Павловски и неговата професорка Ангела Василеска од Факултетот за туризам во Охрид.
Ааах, Факултетот за туризам и неговите експерти
Тие направиле пресек на цените на приватното сместување, на големите супер маркети и на зелениот пазар во Охрид и врз основа на утврдени нормативи за исхрана дојдоа до цените за престој за претстојната летна сезона.
1. Сместување................. 10.675
2. Месо............................. 890
3. Зеленчук..................... 140
4. Овошје........................ 310
5. Појадок....................... 1.246
6. Други додатоци......... 600
7. Пијалок...................... 560
8. Превоз........................ 3.000
Вкупно: 17.421 денари или 285 евра
Не знам по кој критериум им се наоѓани податоциве...негде претерале, негде пропуштиле...
1.Сместување
10.675 : 2 / 5337,5
5337,5 : 7 = 76
2, 5 денари по особа
А реално некој просек е 400.Е сега постојат и телиња, па ги лажат некои малку пописмени од нив за кревет од времето на Тито и 600 ден. во центар...
....на Лескоец
2.Месо
890 : 2 / 445
445 : 7 = 63,57 ден. или ~ 300 грама стек дневно, два домашни чикенбургери
5.Појадок
1246 : 2 / 623
623 : 7 = 89 ден... секој ден од сабајле хамбургер или бурек со јогурт од 0,5
7.Пијалок
560 :2 / 280
280 : 7 = 40 ?! Ова па е помалку од реално...по 3/4 филџан макијато во денот
8.Превоз
3000 : 68 = 42 литри
Претпоставка дека 7 литри е средна потрошувачка, ова е гориво за 600 км.
За Битолчани на пример е 160 км. двата правци или 10,5 литри = 714 денари.Уште 2286 денари за заебанција.За некој од Кичево/Дебар уште помалку трошок.
За Велешани/Неготинци е ~ 400 км. двата правци од/до Охрид, Скопјани 370, Кумановци 450...Единствено е ова краен резултат за некој од Берово или Делчево.
Овие места со некоја средно голема далечина уште 150-200 километри за од/до плажа или секојдневно до Градиште и назад (200:7 = 28,57)...Значи 1000 денари за до Градиште секој ден, а со јавен превоз би било 20 - 30х2х7 = 280 - 420 денари.
А поголем дел од луѓево идат со автобуси, или 4 со една кола и не одат сите до Градиште секој ден...
Цените на хотелските аранжмани само со појадок се веќе друга приказна. Ако хотелската цена за ноќевање со појадок е во просек меѓу 20 и 40 евра дневно, во зависност од местоположбата и категоријата на хотелот, просекот е 25 евра. Тогаш цената за седумдневниот престој во хотелско сместување за двајца летово во Охрид ќе чини 546 евра.
И тука претпоставката е дека две лица за главните оброци, кои ќе ги земаат надвор од хотелот, т.е по ресторани, пицерии, објекти за брза храна и слично, дневно ќе трошат по 1.000 денари за ручек и вечера.
За сместување (ноќевање со појадок)........... 21.350 денари
За исхрана по ресторани.................................. 7.000 денари
За други трошоци (превоз, лежалки...).......... 5.000 денари
Вкупно: 33.350 денари или 546 евра
1000 денари за ручек и вечера дневно... 2 пици и 2 мали Т‘га/Александрија секој ден
700-740 ден.
300 : 2 =150 за вечерта брза храна или како било..ова под претпоставката погоре да е комбинација пицерија и брза храна.Домашно готвење исклучено.
А секој ден по ресторани можат и 15000 да потрошат...ама ако трошат толку, не им е проблем
Ова е огромно малцинство од вкупниот број.
А цените по кафетерии можат да се намалат, ако Скопско набавна е 23 ден., а го продаваш 100, Пелистерка 0,2 - 15/50, вино од Тиквеш/Стоби/Далвина 0,187 - 40/120-150 не е нешто в ред.Огромни кирии, огромни државни давачки за секакви глупости и казни.И алчноста на газдите изразена освен преку цени и преку ниски дневници.
И пак, за цените во Охрид најмногу се бунат тие од места со слични или повисоки цени и милион пати е повторувано до степен на досада.
На крај барем сега изборот е голем.На одмор не одиш за да штедиш, ако одат странство и е поефтино ок, ама кукање за два дена во Охрид со цени поефтини од тие кај нив е лицемерно.