Man of Steel - Супермен 2013 (Маn of Steel 2 - 2016)

  • Креатор на темата Креатор на темата MEDDLE
  • Време на започнување Време на започнување
Ич да не се секираш. Еден ден кога државава ќе процвета и ќе имаме врвна филмска индустрија ќе снимиме суперхерој филм како што треба. За Цацко Бизнисмен.

Ќе видат тие.

Ио, филмот е лош. Не знам што добро виде од него, ама нема ни С од Супермен. Ја би посоветувала луѓето да си ги зачуваат парите и да идат на некој друг блокбастер, ако се во прилика. Тотално разочарување.

Знаеш сарказмов со тоа како ние не можеме да направиме ваков филм, не значи дека треба да го прифатиме секој холивудски филм. И онака си плаќаме билет.;)
 
Не, сарказмот беше за друго, прочитај пак :)

Не спорам со тие на кои не им се допаднал филмот. Или ти се допаѓа или не, впечатокот не може никој да ти го смени. Јас си пишав зошто ми се допадна - горе долу од истите причини од кои ми се допаѓа Стар Трек и Планетата на Мајмуните. Ги сакам тие приказни, пораснав со нив, и сегогаш сум среќен да изгледам нешто на таа тема. Исто пишав, жал ми е што толку материјал е набутан во еден филм бидејќи можеше да се гради пополека, како Бетмен Бегинс што спомна Коцка (да се согласам и со него во нешто :) ).

Инаку ако сакам да им наоѓам мани на блокбастерите треба да одам на кино само за потоа да ги раскомадам на парчиња, пошто нема ништо ни подобро ни полошо во Супермен, Бетмен, Ајрон Мен, Спајдермен... сите имаат неверојатно слаби приказни и се е фрлено на ефекти. Реков и во рецензијата, денес за жал на кино тоа се продава и затоа ги прават филмовите такви. Во некое друго време овој филм ќе беше милина. Не е дека не знаат, туку се водат од заработката и тоа е тоа.

Мене ми е јасно тоа пред да изгледам и затоа се чудеа луѓево зошто сум задоволен од Дарк Најт. Затоа што одам да уживам во тепачката и не се замарам многу многу со детали. Како на пример, Бетмен влегува во тепачка, возат низ цел град, удри мавај пукај, на крај кога завршува оп - Кет Вуман е тука, магично се наоѓаат на исто место. Супермен се тепа со Зод, рушат неколку згради, еден сателит, паѓаат назад во рандом зграда, завршува тоа и оп - Луис Лејн е тука, магично.

Кој да се замара за тие работи, однапред знам дека ќе се случат. И Sci-fi филмовите во 80-те беа тотално шашави па сеуште ги сакаме. За мене е важно да знаеш што сакаш од филмот. Ако влезеш со погрешни очекувања, секој филм е потенцијално разочарување.

btw, во горе наведената листа не ги ставам X-Men пошто се најдобрите и најкомплетни комик филмови.

Исто она што фали, и тоа многу во споредба со старите Sci-fi и старите акции e добра доза хумор. Ни Х нема од хумор. Како на пример во стариот Супермен ако се сеќавате на Италијанецот во Пиза кој продава статуетки од кривата кула а Супермен ќе му ја исправи. После бизнисот тапа, ќе направи нови статуетки, исправени, овој со гаќите ќе се врати ќе му ја искриви :)

Ги нема тие моменти за паметење... но сепак задоволен сум што се врати Супермен и што имаше страшно добра акција.
 
Знаеш прв пат ми се случува за време на филм да се смеам, од што гледам глупости. Лани се крена огромна прашина околу глупата смрт на Бејн, ама па сценава со смртта на Зод, шта речи? :D

Ова е така шуплив филм, да не знам од каде да почнам, без човек да мисли дека неправедно го хејтам. Не знам кај му бил паметот на Зак Снајдер. Милион клише сцени, од моментот со Фишбурн и зградата што паѓа, до тоа Лоис Лејн да паѓа во градот баш кај што е Супермен. Ја смениле смртта на таткото на Супермен, ама најмногу што не можам да им простам е што гледајќи да го наполнат филмот со ефекти и тепачки, заборавиле дека Супермен никогаш не би го уништил Метрополис за да го убие Зод. Да се разбереме, најголемиот пацифист меѓу суперхероите одеднаш си вика, абе гајле ми е што ќе загинат илјадници, дај да му ја скршам кичмата на овој.

А и Кларк Кент првично е новинар и таму ја запознава Лејн, а не ја запознава Лејн, па после станува новинар.

Зак Снајдер имаше се. Хенри е одличен актер и направиле супер избор за главната улога. Кога човек ќе ја погледне листата со актери, тоа е нешто неверојатно, имиња боли глава. Ама тотално се неискористени. Едно време дури Расел Кроу ми заличе на џедај. :icon_lol:

Јас ете сум од тие што тврдат дека филмовите за суперхероите имаат основ за одлична приказна, за морални дилеми, дијалози и затоа сум благодарна што 3д-то не беше толку употребувано кога Нолан го правеше филмот за Бетмен, особено мислам на вториот дел. Добивам впечаток дека толку се фокусирани на 3д-то и ефектите, што забораваат дека треба да направат филм. Уште малку актерите нема ни да бидат потребни, виртуелно ќе ги создаваат. Кому му се потребни, кога имаме ефекти. :гик:
 
A смртниците шо чекаме снимки.. (n)
 
Знаеш прв пат ми се случува за време на филм да се смеам, од што гледам глупости. Лани се крена огромна прашина околу глупата смрт на Бејн, ама па сценава со смртта на Зод, шта речи? :D

Ова е така шуплив филм, да не знам од каде да почнам, без човек да мисли дека неправедно го хејтам. Не знам кај му бил паметот на Зак Снајдер. Милион клише сцени, од моментот со Фишбурн и зградата што паѓа, до тоа Лоис Лејн да паѓа во градот баш кај што е Супермен. Ја смениле смртта на таткото на Супермен, ама најмногу што не можам да им простам е што гледајќи да го наполнат филмот со ефекти и тепачки, заборавиле дека Супермен никогаш не би го уништил Менхетен за да го убие Зод. Да се разбереме, најголемиот пацифист меѓу суперхероите одеднаш си вика, абе гајле ми е што ќе загинат илјадници, дај да му ја скршам кичмата на овој.

А и Кларк Кент првично е новинар и таму ја запознава Лејн, а не ја запознава Лејн, па после станува новинар.
Јас не знам само зошто си изненадена и пак, што очекуваше? Не знам ни како тоа прв пат гледаш глупости, не виде Бетмен како ја заздраве кичмата? :) Ти викам, сите се исти, ако се замараш со детали пиши пропало.

Тоа за татко му на Супермен е ОК не е некој проблем промената а за Луис Лејн добро што ја смениле приказната оти многу беше ретардирано што не можеше да си го препознае колегата зошто носел наочари. Смртта на Зод, право чудо е што куртули тоа семејството :) И да, Супермен на мравка не гази но денес филм без деструкција не поминува... значи се враќаме пак на парите и заработката, и време е да се помириме со тоа, пошто нема да се смени.

Анализа на блокбастер е беспредметна. Се оди за акција и од некоја поврзаност со темата. Тоа е тоа.

Јас тука би завршил. Се моли новиот модератор да ги провери мислењата од спојлери. Баравте - гледајте :P
 
Јас го очекував Супермен. Убаво пишал еден фан - за луѓе кои не се нешто запознаени со Супермен, ова може и да им се види како добар филм. Но, за луѓето кои ги читале стриповите, ги знаат претходните филмови и ја знаат основата ова ќе биде филм за еден суперсилен човек облечен во костим.

Не се проблем ефектите, 3д-то. Технологијата си оди напред и треба да се искористи. Но, умерено. Овие не заслепуваат со ефекти, нудејќи шупливи филмови. Филмов можеше да биде милион пати подобар.

П.С: Темава е веќе слободна за спојлери, и дадовме фора, филмот веќе е во кинотека, луѓе го гледале и затоа го сменив насловот, чисто како предупредување. :)
 
koa ke mi tekne na Watchmen....Superman iskreno bi mozel da go sporedam so Afterearth poso tolku e razviena prikaznata....
 
Јас го очекував Супермен. Убаво пишал еден фан - за луѓе кои не се нешто запознаени со Супермен, ова може и да им се види како добар филм. Но, за луѓето кои ги читале стриповите, ги знаат претходните филмови и ја знаат основата ова ќе биде филм за еден суперсилен човек облечен во костим.
Не е така. Подгрупа е тоа :). Се јавува по секој Бетмен, Стар Трек, Ејпс, Стар Ворс, Алиенс итн... со пароли од типот „Ова е се само Стар Трек не е...“. Ако не е што мајка бара Ентерпрајз во него?

Има и друга подгрупа во која сум јас. И мене сите овие ми биле омилени, па не ги хејтам новите, напротив мило ми е што се обновува приказната. Нормално е филмовите да се разликуваат, по 30 години некој ќе сними филм од сосема поинаков агол за сосема поинаква публика.

Сега е и потешко гледај, порано не се одеше на кино со посебни очекувања нити публиката имаше изгледано којзнае колку. Денес секој има изгледано илјадници филмови, прочитано книги или стрипови, знае се и сешто за ликовите и секој си има некаква визија за тоа како треба да изгледа филмот. И секогаш ќе има незадоволни.

Како и да е, Супермен е Супермен. Само што овој пат немаше гаќи.
 
A смртниците шо чекаме снимки.. (n)

Летните кино блокбастери за смртниците како нас се уствари есенски компјутерски/ телевизиски настани. :(

Де бре па идете гледајте го,шо е проблемот?Еве јас неделава пак ке идам да го гледам.
 
Денеска бев во кино да го буљам филмот СУПЕРМЕЕЕЕЕН LoL поточно во шинеплекс и ме чинеше 230 денари и се прашувам дали вреди да се гледа и покрај што не е 3D ефект ,а во милениум што чинат околу 150-180 денари и кога ќе се додаде паркинг трошок и излегува мала разлика така што исто ми се фаќа :D

А филмов што да кажувам изобилува многу специјални ефекти со илјадници милијарди долари материјална штета и понекои човечки жртви барем така што го прикажува филмот.А што се однесува за приказната и сценарио би рекол фифти-фифти (лош-добар) режисерот одлично ги доловува публиката за да разбере содржината па и критики .И не е за џабе во САД филмот е најгледана со заработка над 200 милиони долари за помалку две недели .
 
Момци, го излгеав Man of Steel и филмчето си е на место.... и заслужува големо внимание.

Не сакам да правам споредби со Бетмен, оти бетмен е едно а супермен сосема друго како лик. Но она што е заедничко до сега со овој филм, како рибут на овој стрип јунак, е развојот на приказната и редоследот на дејствијата. Man of Steel ја следи динамиката на Batman Begins... И не знам што е тоа толку трагично и лошо?
Мислам, истите тие кењаторски муабети беа и кога излезе Batman Begins, за после да испадне дека триологијата е добра...

Поготово не можам да ги сфатам оние што критикуваат, што точно „бараат“ од Супермен да биде т.е. што точно очекувале Супермен да биде во новиов филм на Зек Снајдер? Прво, старите 4 филма со Кристофер Рив беа типично семејни филмчиња со класичен суперхерој шо секој домашен дома, деца примарно, би го засакале.. Друго, филмот од 2006 Superman Returns беше катастрофално враќање и поврзување со приказната од претходните 4 филма.. така да не знам шо е тука проблемот? Тие 5 филма се тотално различна концепција..

Трето, дали некој од вас изглеал барем еден долгометражен анимиран филм, од поновите секако, на Ворнер Брадерс, за Супермен или барем за Justice League? Ако критика на овој филм е дека Супермен бил „лигуш“ и неразработен лик, онда не знам што претставува во стриповите и во спомнатите анимирани филмови? Па да ги читате стриповите, добар дел од нив, ќе ви се згади од лигавење.. особено стрипот на Френк Милер -The Dark Knight Returns..поголем лигуш од Супермен во тој стрип нема да најдете.. Во суштина, Супермен како лик одсекогаш бил таков (да не зборам за фамилијарните 4 филма со Кристофер Рив).

Така да сите знаеме дека некад од преголеми очекувања, се добиваат најголеми разочарувања... а забораваме на филмот шо сме го изглеале.... А тоа дали Нолан земал пари од ова или не, па нешо као сеа се осеќаме скршени во срцето, е најмалку важно. :pos:
Па по срања филмови со суперхерои излегоа, а луѓево се палат на тоа, и едно чудо пари се нафатираа режисерине, и никој нишо не коментира за тоа, него сеа во супермен не знам немало доволно тучња, бил лигуш и шо знам шо...

Дајте малце по суштински околу концептов на Зек Снајдер...

Бај Д Веј.. џимеј повели рецензија, а за сите останати што сакаат да прочитаат, а не го гледале филмот, внимавајте на spoilers
http://meddle.blog.mk/2013/06/24/neugodnoto-vo-bedata-na-mekdonskata-intelegencija-–-totalitarnata-otsutnost-i-sintetichkiot-moral-vo-„chovekot-od-chelik“/
 
Captain America= Superman....najdosadnite superheroi.....
 
Филмот е :гомце:.

Гледајки го како критичар, ќе му најдеш милион и три маани. Еве една. Добра половина од градот е уништен и има милиони и милиони жртви. Но, кога нашиот херој се наоѓа во Grand Station, пушта солзи и не можеш да го сопреш од плачење за едно четиричлено семејство. :facepalm:

За тепање на време, супер е. Два саати не ги ни осетив. Приказната = :гомце: x9000.

Ефекти н шит: +

Музиката :drk: ХАНС <3
 
Не беше за тие 4ца туку заради тоа што требаше да го убие последниот од неговиот вид,не успеа да ги смири двете раси како што побара таткому да проба и затоа се изнервира толку детето.
И не разбирам што не ви чинеше толку во филмот ,во овој дел се објаснија што/како/кога? за во вториот дел да дојде лекс лутор и да си се истепаат,он ке си биде новинар у ДП и со лоис ке се плескаат на страна ,па она ке биде у невоља па ке ја спаси....мислам си ја знаете приказната
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom