Значи, пред почетокот на утакмицата многу бев убеден дека ќе му се удри од глава на Сполстра што го играше Леброн на центарската позиција, но страшен демант ми удри. Морам да го пофалам човеков и целиот тренерски тим на Мајами за тактиката на текмава.
Вејд

Остајте Леброн што даде 30 и кусур поена, човек на утакмицата беше Вејд, иако и Леброн беше одличен, нема збор тука. Може сите велат дека Леброн и Џејмс беа клучниот фактор за победата, и не се далеку од вистината, али според мене одбраната е таа што го реши мечот. Каква само подвижност, каква само ротација..., ова го може само Мајами, тоа е една од нивните главни предности. Страна на помош ПЕРФЕКЦИЈА, многу јасно кога во тимот ги имаш Леброн и Вејд, невидени атлети. Затоа и беше таа смол бол постава на Сполстра, за да ротираат полесно во одбрана. Ги натераа Спарси да имаат 18 загубени топки ако не се лажам, ме мрзи сеа да проверувам боксскор.
Нешто што највеќе ми се допаѓа во играта во одбрана кај Мајами е како го бранат пик енд ролот. После пик они удвојуваат, одма затвараат прв пас, а од страна на помош како што реков се одлични и тука ги намамуваат противниците на грешка. Па вчера колку пати само видовме Џинобили и Данкан од очај да фрлат топка во рацете на некој од играчите на Мајами, исто и Сплитер дебилот.
Лоша поставеност на Спарси дефинитивно, требаше да бидат свесни дека не се повторува секоја вечер Грин и Нил да дадат по 30 поена и по 7-8 тројки. Џинобили е катастрофален во оваа серија, не знам дали е во прашање некоја повреда или стварно игра лошо, а и да е во прашање повреда нема изговор, Вејд без колена ги потопи вчера.
И да, ако изигра Вејд во овој ритам до крај на серијата, ако освои Мајами и ако не му дадат МВП се најголеми гомнари на светот. Не дека нешто го мрзам Леброн али стварно во таков случај Вејд би заслужил МВП. Морам и Бошко да го пофалам, конечно да изигра нешто како што треба, одличен и во дефанзива и во офанзива, залепи неколку банани, фати 10 скока, даде 20 поена, тоа е она што се бара од него.
И дај некој нека најде гиф од Бош кога одглуми вчера, како само смешно се фрли, се валкав по паркет од смеење.

Зборам за ситуацијата со Данкан, кога Данкан сакаше да му ослободи простор на Паркер, или т.н. да му очисти ливада.
Едит: Like a Bosh
