Death Note

  • Креатор на темата Креатор на темата ~2A
  • Време на започнување Време на започнување
Code Geass>Death Note
Зошто го викаш Лајто? Light се вика. Raito е јапонското изговарање.

Да, се извинувам за мојата ненамерна и механичка грешка. :)


Иначе што се однесува до Code Geass и Death Note, првата серија е истотака одлична. Блиску се со Death Note негде по квалитет. Но, исто така има и сличности помеѓу главните ликови... (Лулуш и Лајт).

-И двајцата имаат моќи со кои што можат да влијаат врз останатот население.

-Лајт има Шинигами (Рјук) кој што е постојано до него, а Лулуш ја има C.C која што ми се чини беше вештерка..

-И двајцата имаат за цел да му се спортистават на светот.

- Шинигамите е љубител на јаболка, а C.C е љубител на пици.

-Но, на крајот еден успева во својата намера и цел. :icon_mrgr:
 
Зошто не би смееле спојлери за серија која е одамна завршена.
Значи вака, јас сакам аниме, иако до сега имам гледано само Ouran highschool host club. Ама многу бев забегана по таа серија.
И пошто обожавам трилер/мистерија, а за оваа серија сум чула дека е врв на жанрот, ја спуштив пред некој месец. И ја пуштив првата епизода, овој ја најде тетратката и почна да ги утепува сите еден по еден. Некако си реков добро што ќе се дешава понатаму? И главниот лик многу ме нервираше, почна многу да аздисува.
Во секој случај, со оглед на тоа што мислење лошо немам прочитано за Death Note, ќе и дадам уште една шанса.

Голема грешка си направила.
Убавината на Death Note можам да ја споредам со Шерлок Холмс т.е седум-осум епизоди се дешаваат многу работи и тек после тоа кога ги објаснува сите постапки ти застанува срцето.

Ouran High School е занимлив Reverse Harem.Други добри серии слични на неа се Vampire Knight и Vampire Knight Guilty(продолежение) тука имаш исто хероина во главна улога опкружена со повеќе машки обожаватели(и сите изгледаат како супер модели).
Серијата ти е мистерија, трилер, комедија.

И друга слична е Kaichou Wa Maid Sama(Во превод нашиот претседател е слугинка/келнерка, се мисли на училишен претседател претставник)

Тука нема многу мистерија повеќе е љубовна комедија каде исто така имаш повеќе додворувачи, но еден повеќе се истакнува, а хероината на некој начин го игнорира т.е наивна е не сваќа дека он јас сака иако повеќе пати и кажува и докажува на дело.
 
Само да кажам дека ја изгледав и втората епизода и заразена сум!
Тој Л кога се појави на тв, абе овој Кира се подмоча. Навивам за Л.
 
Code Geass е правена за да привлече и помлада популација за разлика од Death Note каде имаме апла трилер мистерија.


Мене angsty teenager амбиентот во Death Note ми е многу понезрел од Code Geass.
 
Не смеат спојлери?
Зашто може многу да се анализира личноста на Лајт, неговите постапки и секако крајот кој забележав дека во светот наиде на позитивни и негаивни критики.

Иначе, Лајт е совршено осмислен карактер, премногу е интелигентен и таа негова желба да се создаде една утопија според мене уште од старт беше осудена на пропаст.
И да, Лајт ни е пример колку е тенка границата меѓу генијалноста и лудилото.

L заслужуваше многу подобар крај (смрт). До душа секако тој претходно сам ја заврши целата работа, а Near беше тука за да ја додаде само црешката на шлагот.

Не верувам дека не смеат спојлери туку јас лично во во воведниот пост мислев дека е добро да не се вклучуваат бидејќи можеби има некој што не ја изгледал.
Е сега секој кој ќе се реши да навлегува во темата нека го прави тоа на свој ризик.

Инаку да се согласувам за Light и неговите морални и етички дилеми како и за неговите трансформации после средбата со Death Note и Ryuk како и трансформацијата кога ја губи меморијата и кога повторно му се враќа.

Он е можеби еден од подобрите пример дека моќта корумпира, а апсолутната моќ корумпира апсолутно.

Друг интересен дел е како е заслепен од ново добиената моќ кога низ разговорот со Ryuk вели дека ќе ги избрише сите злобни луѓе на планетата, и добива неочекуван одговор дека ако ги отстрани сите лоши луѓе тогаш ќе остане сам.

Има доста за коментирање ама ќе оставам простор и другите да напишат нешто.


Нешто во што ептен се согласувам е дека смртта на L беше недоволно обмислена дури некако избрзана.
Повеќе ми беше жал начинот на кој што авторот се реши да го убие отколку тоа што умре.
Во акционите филмови ми се допаѓа повеќе како умира L иако анимето е далеку подобро сепак заради смртта на L повеќе го сакам крајот во филмот отколку во анимето.
 
smihajlo

Што мислиш за моментот во автобусот, како знаеше Лајт дека ќе влезе крадецот па се однапред смислено..? :)
 
Еве ви песничка од третиот акционен филм Death Note : L Change The World

Песнава е на Lenny Kravitz I'll Be Waiting и постигнува нова димензија кога ќе ја асоцираш со L.

Инаку е главна тема на третиот филм т.е свири на крајот.



П.С Филмот ептен не чини освен ако не си die hard фан на Death Note како мене :D
--- надополнето: 13 јуни 2013 во 20:25 ---
smihajlo

Што мислиш за моментот во автобусот, како знаеше Лајт дека ќе влезе крадецот па се однапред смислено..? :)

Тоа беше многу јако ама ако се сеќаваш он целото сценарио го имаше напишано во тетратката така да немаше никаков психички притисок кај него за разлика од детективот кој беше цел на Light.

Мене поинтересен дел поврзан со ова ми беше по смртта на детективот кога неговата свршеница се обидува да го одмазди, а Light се обидува да ја убие.

Тоа беше можеби еден од моментите со највеќе возбуда во целата серија.
Кога му даде лажно име, а Ryuk се кикотеше :sneaky: така подмолно.
Иако на крај успеа во замислата ја убие сепак доста се испоти и свршеницата покажа потенцијал на размислување на исто ниво со L иако не доживеа да ја изврши одмаздата.
--- надополнето: 13 јуни 2013 во 20:28 ---
"Remember, no matter how gifted; you alone cannot change the world."
Еден од цитатите што ми оставија впечаток.
 
smihajlo

Значи на некој начин има моќ да го натера човек да прави нешто..? Малку нејасно ми е тука. :confused:

Па ако беше за така можеше и за L да стори нешто такво..
 
smihajlo

Значи на некој начин има моќ да го натера човек да прави нешто..? Малку нејасно ми е тука. :confused:

Па ако беше за така можеше и за L да стори нешто такво..

Да има 6 минути и 40 секунди да го напише целото сценарио.
Ако се сеќаваш он експериментираше со затворениците што се може да направи.
На пример цртаа некакви цртежи со крвта во затворите итн.

Проблемот со L e што низ целата серија не му го знае името т.е L не му е вистинското име.

Се согласувам дека има разни начини на power play како на пример некој со бомба да ја таргетира зградата на L, но тука смртта не е неизбежна и тогаш најверојатно сомнежот ќе паднеше на него.

Друго нешто е што целата серија е надмудрување па се потенцира умот како најсовршено оружје и користење на мускули би се сметало како мамење барем јас така мислам дека поради тоа авторот не се решил за таков начин на борба.
--- надополнето: 13 јуни 2013 во 20:37 ---
Еве се правилата
http://deathnote.wikia.com/wiki/Rules_of_the_Death_Note
 
Сосема случајно начекав интересен линк на јутуб каде што дава простор за втора сезона на Death Note... (y)


 
Само да кажам дека ја изгледав и втората епизода и заразена сум!
Тој Л кога се појави на тв, абе овој Кира се подмоча. Навивам за Л.


Хахаха, иначе јас бев уште од прва епизода заразен.
Ова треба секој да го изгледа. :)
 
Јас сум скептична малку во врска со втора сезона на серијата. Мислам дека ќе ја утепаат само, шо знам...
 
Мене angsty teenager амбиентот во Death Note ми е многу понезрел од Code Geass.

Тој амбиент е совршено вклопен во приказната која што следи, додека хуманоидни воени машини управувани од луѓе асоцираат на Power Rangers. Не дека Code Geass е лошо аниме, напротив. Го изгледав одма после Death Note уште пред годинаипол. Сепак комплексноста на ликови ко L и Kira, нивните mind games и опседнатоста со противникот ко да гледаш партија шах помеѓу велемајстори ја прават Death Note неповторлива. Буквално се восхитуваш на секој потег кој на никој начин не си можел да го предвидиш, како и на нивните дедуктивни способности, прашувајќи се до каде се спремни да одат. Монолозите и дијалозите се совршени, ја има потребната доза на тензија која секогаш те држи на работ од столчето а и темпото со кое се одвиваат настаните не ти дава да дојдеш до здив. Ко плус би го додал и психолошкиот профил на Лајт кој има некоја сик прича и темнина комбинирана со високо IQ и death note, па резултатот е блиску до serial killer mastermind. Едноставно шоуто те грабнува и те исполнува со таква интригирачка енергија и ентузијазам што во моментот додека го пратиш не постои ништо на светот што повеќе би ти го привлекло интересот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom