Death Note

  • Креатор на темата ~2A
  • Време на започнување
2

~2A

Гостин
Ко може да има тема за Archer, истотака анимирана серија зошто да не и за ремек дело како што е Death Note. :icon_mrgr:


За првпат се појавило како аниме на 3ти Октомври 2006та година, а завршило 26ти јуни 2007ма година со вкупно епизоди (37).


Главниот лик Лајто Јагами е студент којшто случајно ја пронајде книгата (Death Note). Книгата му дава можност да убие кого сака и кога сака само со запишување на името и презимето на личноста којашто сака да ја убие. Лајто е ултра-паметно момче на којшто животот и те како му бил досаден, но ете си најде занимација којашто му даде моќ да создаде свет каков што сакал/замислувал.

По кратко време, свесен за моќтта која што ја поседувал решил да ги казнува (убива) сите луѓе кои што правеле штета на земјата. Почнал да ги убива криминалците и со тек на време, ситуацијата околу насилството и криминализмот се намалил во Јапонија.
По некое време на интернет кружело името "Kira" што во превод би значелo "Убиец"....

Така Лајто се самопрогласи за "Бог" којшто го чисти злото на земјата.



По некое време го "заинтересира" што се случува во државата, еден од најдобрите детективи за решавање на најмистериозните убиства во светот, попознат како L.



И тој истотака ултра паметен, но и некако многу несекојдневен лик со чудни манири и констркција на телото.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
нема боље
кој не го глеал нека се гаси од интернет, уствари првин нека ја спушти серијава па нека гаси нет и нека го изглеа за 2 дена.
thank me later.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Јас бев за L. Сакав да го скини копиленцето но ништо. На почетокот ми се виде симпатичен со криминалците и му се подвосхитував , но го мавна Господовиот комплекс во главата и забега.
Има страшно добра музика во позадина, максимално погодена спрема миговите.
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.136
Поени од реакции
1.068
Една од најдобрите серии кои сум ги гледал во животот, ремек дело.... Долго време барав нешто слично ама реално ништо не е ни доволно близу до она што го нуди оваа серија. Откако ја изгледав останатите криминални серии ми личат на прости приказни.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Точно името му е Light.А Death Note не е книга туку тетратка.
И за да се убие некој потребно е име презиме и да знаеш како изгледа.
Воведов не ти е лош, но некако е многу сувопарен (no offense)

Еве ќе пробам јас некако поживописно да дадам резиме без да спомнувам спојлери.


Light Yagami е исклучително интелигентен млад човек кој чуствува длабока омраза насочена кон криминалот и корупцијата во светот. Неговиот живот поминува низ драстични промени кога ја открива мистериозната тетратка позната како "Death Note", лежејќи на земјата. Упатствата на Death Note тврдат дека ако човечко име е напишано во неа, тоа лице ќе умре. Light е на почетокот скептичен за автентичноста на тетратката, но откако експериментира со неа, Light сфаќа дека Death Note е вистинска.

Со користењето на тетратката Light се соочува со низа етички и морални дилеми, но преовладува убедувањето дека нашиот свет е расипан(скапан).
Потоа со новодобиената моќ тој се самопрогласува за Бог на новиот свет и како негова највозвишена цел си ја зема одговорноста да ги отстрани сите криминалци и злобни луѓе на светот.

Светските власти алармирани од новонастаната ситуација во која криминалци умираат насекаде низ светот го ангажираат светски познатиот детектив "L" кој се занимава само со случаи кои останатите се неспособни да ги решат.

Со ангажирањето на "L" почнува првата конфронтација помеѓу Light("Познат на полицијата под името Kira збор извлечен од англискиот killer") и од другата страна "L" и здружените сили на полицијата.

По драматичната прва конфронтација помеѓу L и Kira низ целата серија гледаме како започнува борба на мачка и глушец, битка на интелекти и надмудрување помеѓу двата главни ликови.




П.С Серијава е совршена за секој што е љубител на мистерија бидејќи до последен момент нема да знаете што се случува исто така ако сте повеќе фан на ментални битки во контраст со физичко одмерување на силите оваа серија е совршена за вас.

Понатаму иако на почетокот со воведувањето на Death Note се наговестува некаква надреална и фантастична приказна сепак не е така и авторот пробува во секој сегмент да вклопи логика иако се работи за аниме серија па отсуството на логика и не е баш нешто ново или застрашувачко.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.763
Поени од реакции
14.028
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.021
Code Geass>Death Note
Зошто го викаш Лајто? Light се вика. Raito е јапонското изговарање.
Code Geass е правена за да привлече и помлада популација за разлика од Death Note каде имаме апла трилер мистерија.
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013

Песнава е..
Ја имам изгледано серијата, епптен ми се бендиса, шо е ептен ретко да ми се бендиса аниме серија.
Инаку Ryuk ми беше ептен смешен. :D Најмногу со јаболката кога ги јадеше.
Инаку Кира на почетокот ми беше интересен ама кога се појави Л, веднаш се префрлив на него.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Супер серија, у топ 5 аниме ми е, надам се ќе се развие дискусија како у темата со наруто (y)
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Code Geass>Death Note
Зошто го викаш Лајто? Light се вика. Raito е јапонското изговарање.
Двете се исклучително добри и за тоа која е подобра може да се дискутира ако се замараш со нијанси од типот 1/ милијардити дел од целото.

Мене лично во целата серија некако Death Note повеќе ме има внесено во приказната, но од друга страна пак крајот на Code Geass е многу епик и тоа благо кажано.

Така да според мене не би можел баш да се одлучам која е подобра со оглед на тоа што се работи еве пак ќе кажам за две исклучително добри серии и разликата за тоа која е подобра е само за нијанса ако се тргне личниот вкус како варијабла.
--- надополнето: 13 јуни 2013 во 18:18 ---

Песнава е..
Ја имам изгледано серијата, епптен ми се бендиса, шо е ептен ретко да ми се бендиса аниме серија.
Инаку Ryuk ми беше ептен смешен. :D Најмногу со јаболката кога ги јадеше.
Инаку Кира на почетокот ми беше интересен ама кога се појави Л, веднаш се префрлив на него.
Death Note ти е класика, можно е да не ти се допаѓа само ако си слеп или глув :)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Има страшно добра музика во позадина, максимално погодена спрема миговите.
ааааа
колку си се палев на музикава :))
мислев само ја ја иам приметено
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Не смеат спојлери?
Зашто може многу да се анализира личноста на Лајт, неговите постапки и секако крајот кој забележав дека во светот наиде на позитивни и негаивни критики.

Иначе, Лајт е совршено осмислен карактер, премногу е интелигентен и таа негова желба да се создаде една утопија според мене уште од старт беше осудена на пропаст.
И да, Лајт ни е пример колку е тенка границата меѓу генијалноста и лудилото.

L заслужуваше многу подобар крај (смрт). До душа секако тој претходно сам ја заврши целата работа, а Near беше тука за да ја додаде само црешката на шлагот.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Не смеат спојлери?
Зошто не би смееле спојлери за серија која е одамна завршена.
Значи вака, јас сакам аниме, иако до сега имам гледано само Ouran highschool host club. Ама многу бев забегана по таа серија.
И пошто обожавам трилер/мистерија, а за оваа серија сум чула дека е врв на жанрот, ја спуштив пред некој месец. И ја пуштив првата епизода, овој ја најде тетратката и почна да ги утепува сите еден по еден. Некако си реков добро што ќе се дешава понатаму? И главниот лик многу ме нервираше, почна многу да аздисува.
Во секој случај, со оглед на тоа што мислење лошо немам прочитано за Death Note, ќе и дадам уште една шанса.
 
2

~2A

Гостин
Мене најјака ми беше оваа, па после тоа таа на NelTu што ја постира...


 

Kajgana Shop

На врв Bottom