Препораки за игри

Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Кајганџии да ми препорачате некои добри RPG игри за следнава конфигурација:

Processor: Intel(R) Core(TM) i3 - 2350M CPU @ 2.30 GHz
RAM: 4GB
Само не ми текнува графичката ама знам дека е Nvidia GeForce :/
 
Член од
30 јануари 2013
Мислења
162
Поени од реакции
136

Прва и според мене најдобра, Dark Souls, action-rpg игра што би рекол дека е мастерпис во жанрот.
Ако не ти е баш твој вкус пробај ја Dragon Age Origins, подобра е од Dragon Age 2, Origins ти е од оние party-based rpg кај што контролираш група јунаци и е одлична игра, со одлична приказна и повеќе различни краеви во зависност од тоа кој пат ќе го одбереш, секој дел од светот е полн со приказни и sidequest-ови, ако веќе ја имаш играно и сакаш нешто слично, ти ги препорачувам Star Wars Knights of the Old Republic, и кец и двојка или која и да било од двете, squad-based, одлична приказна, супер игра :) Исто така и Jade Empire спаѓа во таа категорија како Dragon Age и KOTOR, и таа е одлична.
Понатаму имаш нешто од стилот на Oblivion и Skyrim ако веќе не си ги играл, време е да пробаш барем една од нив и секако Fallout 3 или New Vegas, и двете се добри нека не те лажат коментари по интернетов xD Јас малку ги играв и ми се свиѓаа, за жал немав време да ги завршам нив ама ќе одвојам понатаму, другиве наведени сите ги имам изиграно повеќе пати и сите се свежи при ново играње и нудат повеќе можности кога убаво ќе ги научиш системите на играта.
Aко имаш изиграно се од овде, кажи па да смислам нешто друго, овие ми се must-have за оваа генерација на RPG кои јас сум ги играл, неможам да ти понудам нешто како Baldur's Gate пошто е премногу застарено и колку и да било одлично и револуционерно тогаш, да бидеме реални играта не е за денешнава генерација ама секако ако ти немаш проблем со тоа можеш да си ја пробаш :D
 
Фала ти многу :D
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 15:27 ---
А кажи ми само Dark souls e нешто како Skyrim ? Мислам правам споредба бидејќи само неа ја имам играно од горенаведените.

Тепаш животиње или што и да е и даваат Item - и и разни ствари или поразлична е ?
 
батеМаче

Човек
Член од
3 декември 2008
Мислења
320
Поени од реакции
272
Фала ти многу :D
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 15:27 ---
А кажи ми само Dark souls e нешто како Skyrim ? Мислам правам споредба бидејќи само неа ја имам играно од горенаведените.

Тепаш животиње или што и да е и даваат Item - и и разни ствари или поразлична е ?

Во споредба со Skyrim слободно може да се каже поразлична
 
Член од
31 август 2012
Мислења
320
Поени од реакции
184
dali nekj ja ima igraeno max payne 3 jas sega ja simnav od internet pa ja instaliram so igra e dali e dobra
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Фала ти многу :D
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 15:27 ---
А кажи ми само Dark souls e нешто како Skyrim ? Мислам правам споредба бидејќи само неа ја имам играно од горенаведените.

Тепаш животиње или што и да е и даваат Item - и и разни ствари или поразлична е ?

http://forum.kajgana.com/threads/dark-souls.65049/

Pridruzi ni se. :D

Ne bara mnogu, ama bez navedena graficka, neznam dali ke ti lizga ako igras na golema rezolucija. Bez fixovite, da, ama so niv, diskutabilno.

dali nekj ja ima igraeno max payne 3 jas sega ja simnav od internet pa ja instaliram so igra e dali e dobra
Линеарно шутерче, ама закон направено, goty скоро, физика, графика.. све топ.
Вреди да се помине, да.
 
Член од
30 јануари 2013
Мислења
162
Поени од реакции
136
Фала ти многу :D
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 15:27 ---
А кажи ми само Dark souls e нешто како Skyrim ? Мислам правам споредба бидејќи само неа ја имам играно од горенаведените.

Тепаш животиње или што и да е и даваат Item - и и разни ствари или поразлична е ?
Како што кажа батеМаче, дефинитивно многу поразлична од Skyrim, немаш еден куп quest-ови и слично, кое според мене е подобро затоа што премногу се нервирам кога ми се впишува некоја нова мисија во тефтерот само затоа што сум напраил муабет со некој рандом човек во селото, не дека заради тоа е лоша играта, ама јас мразам еден куп незавршени квестови xD како и да е, во Dark Souls имаш една мисија, да ги активираш камбаните кои сам треба да ги најдеш и да продолжиш по патот, ништо не ти е јасно кажано а оние side-quest-ови нема да ги завршиш никогаш xD како и да е, мене лично ми се допаѓа ваквиот начин, играта те фрла во еден свет и те остава сам да дознаеш што треба да правиш и каде да одиш. Тепачките се одлични, нема стискање на едно копче 15 пати без везе, секој удар треба да е пресметан и во точен момент зададен, има голема длабочина тука и секоја битка е приказна за себе(барем додека не станеш мастер после многу преигрувања xD). Отприлика тоа би го навел, повеќе информации ако сакаш кажи, само битно е да не очекуваш игра што ќе те води за рака насекаде :)
 
Член од
30 јануари 2013
Мислења
162
Поени од реакции
136
Не ги знам баш добро Бетмениве, ај ако можеш кажи ми посликовито. Пример што не е тоа, фрифлоу, што е спортивното на тоа, па потоа и што е тоа.
Повели другар, видеово треба да го долови она на кое јас би потрошил еден куп зборови :) Во секој случај пробај ги Batman Arkham игрите, вредат :)

--- надополнето: 10 јуни 2013 во 21:53 ---
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445

Ауу братче, овој Бетмен многу лош бил, на сите кичмите им ги искрши.
Не знам, не сакам да изигравам ваков тепач.
 
Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Повели другар, видеово треба да го долови она на кое јас би потрошил еден куп зборови :) Во секој случај пробај ги Batman Arkham игрите, вредат :)

--- надополнето: 10 јуни 2013 во 21:53 ---

kaj najde da mu objasnuvas na hipsterov...daj mu neso so grafika od 80tite samo so dve kocki i 3 pixeli za da bide unikaten
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
kaj najde da mu objasnuvas na hipsterov...daj mu neso so grafika od 80tite samo so dve kocki i 3 pixeli za da bide unikaten
Абе недораснат, ќе те накажам дома дека шириш омраза по форуми. Ако имаш нешто да дополниш во ред, ако не шетај.
 
Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
Кајганџии да ми препорачате некои добри RPG игри за следнава конфигурација:

Processor: Intel(R) Core(TM) i3 - 2350M CPU @ 2.30 GHz
RAM: 4GB
Само не ми текнува графичката ама знам дека е Nvidia GeForce :/
Незнам дали ти ја спомнале и Kingdoms of Amalur: Reckoning, заедно со експанзиите Legend of Dead Kel и Teeth of Naros. Одлична игра е, на послаба резолуција би требало да ти држи солидно. :)

Е сега, сакам и јас слично барање да поднесам :D Што барам - сингл плејер RPG, доколку е нешто hack and slash/action RPG уште подобро. Поново, премногу сум зависен од графика, неможам расплакана пикселажа да трпам. Што имам испробано/играно/свртено: Oblivion & Skyrim, Kingdoms of Amalur, Loki, Divinity II, Risen 2, Hellgate: London, Titan Quest & Immortal Throne, Torchlight II, Witcher I & Witcher II. Една работа уште остана да напоменам - не уживам во игрите како Драгон Ејџ каде мора да си во сквад, па затоа ме интересира некој да ми каже КОТОR дали е баш таква (не велам дека игрите не се добри, туку не се за мене ;)). Дарк Соулс - за неа слушнав дека портот за ПЦ не бил добро направен - ај и за ова ако некој има испробано нека пише вреди ли да ја симнувам на ПЦ со оглед дека на тастатура ќе ја играм?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom