Изневерени после 5+ години врска, спремни за брак. Што би направиле?

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Доколку ова ми се деси мене ( недај боже ) би постабил вака :
Ќе го викнам него и неа, да незнат за што се дешава. Ќе седниме така убаво и само ќе ги запрашам ЗОШТО. И не сакам одговор, само иронично ќе им се насмевнам и ќе заминам. Тој што ме познава знае дека таа иронична насмевка е ЗАТИШЈЕ ПРЕД БУРА. Така да лако полако душата има да им ја извам на двата. Физички никако нема да ги повредам ама животот има да им се заврти 360 степени ( кон лошо ).

Мислиш дека со трошење на своето време на нервоза, лутење, планирање одмазда, ќе си помогнеш?
Лутината поминува со времето.
А се на свое место доаѓа, истите тие ќе те бараат. А ти ќе бидеш недостапен, макар се работело за нивното неродено дете.
 

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Мислиш дека со трошење на своето време на нервоза, лутење, планирање одмазда, ќе си помогнеш?
Лутината поминува со времето.
А се на свое место доаѓа, истите тие ќе те бараат. А ти ќе бидеш недостапен, макар се работело за нивното неродено дете.
Заеби таков сум, трошењето време, нервозата, лутината се премногу мала точка во споредба со желбата за одмазда. Ако не вратам не со иста, него со дупла мера нема никогаш да сум мирен нити ќе можам да спијам . Иако знам дека грешам вака би постапил.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
животот има да им се заврти 360 степени
Значи нема да има никаква промена? Пошто.... 360 е полн круг :)


Не верувам дека би убил некого или уште помалку да се убијам себеси. Дефинитивно би бил скршен, емоционално, онака. Ко што кажа некој, не би функционирал некое време. Дали би делувал во афект, не се знае, тоа зависи од многу фактори. Би имал ужасна желба да вратам. Таков сум, јеби га. Нема поента да праиме муабет за тоа дали има корист од тоа. Во мене желбата ќе постои. Мислам дека дефинитивно би им кажал на сите што ги знам, би го објавил тоа на интернет и би го емитувал на телевизија :), за сите да знаат дека е таква.
Никогаш не би простил.

Би искачил планина, за да се опоравам. Тоа би ми дало чувство дека животот уште вреди нешто. И дека сета мака има крај.
 
Член од
17 април 2013
Мислења
95
Поени од реакции
187
Мислам дека прво што би направила чим дознаам дека некој ме изиграл, и тоа доста добро како во оваа хипотетичка ситуација, би седнала на шолја некое време. Shit happens. Не може некој толку да те повреди или заебе ако не му дозволиш. Шо знам.. јас на пример, никогаш не ги обвинувам другите за она што ми се случува. Сметам дека секоја моја добра или лоша одлука носи позитивни или негативни исходи. На крај краева не смееш да си дозволиш било кој да има поголема власт од тебе за сопствениот живот, што и да се случило и колку и да си повреден, собираш сили, продолжуваш напред, посилен за сите идни срања во животот. :D
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
481
Ако се самоубивале сите шо биле изневерени не вервам дека ќе останеја појке од милјон лјуѓе на планетава.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Машкото треба да се воспитува да биде војник, женското да му биде одмор на војникот.

Се друго е лудост и заблуда.


Фридрих Ниче.

;)

И најверојатно некаде во воената опрема траба да има и камшик за да биде се` во ред.
п.с. Камшикот треба да се држи подалеку од коњи! За пак да биде се` во ред, нели :)

Во случај како опишаниот од првиот пост, секако дека би ми било тешко. Тешко се ослободуваме од навиките и ќе треба да се изгради повеќегодишна илузија повторно, што е исто така тешко. Не знам каква би ми била првата реакција, ама некако не верувам дека ќе убивам или ќе се убивам.
Секогаш е отрезнувачки кога ќе разбереш навреме (доколку нема заеднички деца во целата прикаска) нешто што би можело да го дознаеш премногу доцна и да те чини далеку повеќе. Мислам дека овде поважен проблем е како личноста која испаѓа жртва во случајов ќе ја надмине целава работа? Како ова ќе се одрази во натамошниот живот и идните врски?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.633
Поени од реакции
31.842
Да бе, не се самоубивам. Не сакам да влезам во статистиката каде мажите водат пред жените во однос на самоубиства со 4:1 на светско ниво. Нема ни да пробам да се самоубијам, оти во недовршени самоубиства/обиди жениве водат, така би се чувствувал нежено.

Што би направил, мрднато прашање. Во моментов можам да одговорам како размислувам што би направил, без да осетам и вистински би направил. Знам само дека ќе и ја покажам вратата. Потоа следува некое соземање за кое не знам како ќе се одвива, но си викам ќе помини кога тогаш. И најпосле нов живот терам. Нова женска/жена, клепам деца, гледам деца, радости ова она. Така некако.
А да и две битни прашања ќе си поставам:
-Дали сум бил претерано глуп за да не забележам ништо?
-Дали мајчината сето тоа добро го изиграла како за Оскар, па така си одбивам од глупоста и се тешам по малку?
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Работата е што, ако на некој НЕ ДАЈ БОЖЕ му се случи нешто вакво, тогаш разочарувањето е толку големо што едноставно НЕ МОЖЕШ да продолжиш понатаму. Не можеш од причина што, кога ќе видиш дека љубовта што некој искрено ја чувствувал кон тебе толку години може едноставно да исчезне, тогаш ја губиш цела надеж дека можеш да најдеш некој/а што СЕКОГАШ ќе те сака, ја губиш надежта дека можеш да најдеш некој што искрено ќе сака секогаш да биде покрај тебе...После ова повеќе не можеш да веруваш на никого. Немаш воља да почнеш нешто ново затоа што знаеш дека што и да правиш, како и да однесуваш, тоа еден ден може едноставно да исчезне “паф!“ Ја губиш надежта дека ќе најдеш Љубов. И ДА, со таа мисла, едноставно не ти се живее...
 

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Значи нема да има никаква промена? Пошто.... 360 е полн круг :)
.
;) Баш така. Но додека ги вртат тие 360 степени, или твојот круг, не верувам дека ќе се вратат на почеток како што било.
Ќе има и тоа голема промена .
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Одмазди? Бури?

Се прашува што и како во детаљи, да знаеш до кој степен е исчезната подлогата на која си замислувал дека сте стоеле, додека всушност сте биле на триста километарска оддалеченост со ставовите и карактерите.

 
M

Muranyi

Гостин
Со срце удавено во тага и копнеж по истрошеното време и љубов која никогаш нема да се случи повторно,чувствувајќи рѓава горчина во устата дур се обидувам да ја победам кнедлата во грлото и соберам сили за средба со уште еден во низата порази и животни разочарувања,ќе ја погледнам нежно,знаејќи дека е тоа последен пат да бидам покрај неа,со немоќ,плашејќи се да не ми откаже и издаде гласот ќе и речам:
-Зошто,о зошто,курво проклета?
И евентуално,вечерта кога ќе се начукам,ќе и се јавам на мобилен и ќе и ја пуштам песнава:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom