Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Адриано не оди НИКАДЕ!
слушајте ми го зборот.Адриано ке остане најмалку до јуни кога ке треба да ја крене својата цена колку е можно повисоко за да не биде продаден на второкласна екипа!
и него не му одговара да игра за фламенго заради тоа што нема да биде повикан за бразилската репрезентација.
 
Како што се очекуваше, Интер е најинтересниот тим за медиумите кога е во прашање зимскиот трансвер период.
Покрај Ибишевич (кој изјави дека би сакал да игра за Интер но одкако ќе заврши сезоната), денес прочитав дека Интер е заинтересиран и за Милито.

Во трансверот би можеле да бидат вклучени Бурдисо, Балотели, Сантон, Болзони, Обиња, Дакур...
Мислам дека дел од вив (мислам на младите играчи) би биле како позајмени играчи.
За приказната да ја направат поинтересна требало да го додадат и Креспо па ќе беше малку поверојатно и поинтересно :)

ВО почетокот на новата полусезона ни предстои полесен распоред. Па нема да биде лошо во јануари да имаме 100% учинок кога се во прашање бодовите.

Saturday 10 January 2009: Serie A Week 18 Tim - Inter v Cagliari (20:30)
Tuesday 13 January 2009: Tim Cup, round of sixteen - Inter v Genoa (21:00)
Sunday 18 January 2009: Serie A Week 19 - Atalanta v Inter (15:00)
Sunday 25 January 2009: Serie A Week 20 - Inter v Sampdoria (20:30)
Wednesday 28 January 2009: Serie A Week 21 - Catania v Inter (20:30)
Sunday 1 February 2009 - Serie A Week 22 - Inter v Torino (15:00)
 
Еден офтопик, трансФери... аман, ве молам. Живцира кога и да ви го прочитам тоа трансвери. :)
 
Moratti: Сакам да ни се насмее среќата во Лигата на Шампиони

Во предпразничниов период има многу анализи за досегашните текови во фудбалска Европа.
Како гледате на натпреварот со Manchester?
Сјајно, прекрасно. Нас ни беше потребно еден ваков натпревар, за да видеме колку можеме. А посебна ќе биде за навивачите, затоа што на теренот ќе има многу звезди.
Покрај Ибрахимовиќ и Мурињо за кој многу се зборува има ли уште некој што можете да го истакнете?
Сигурно тоа е Камбиасо. Можда не е некој техничар, но сјајен во многу сегменти од фудбалската игра. Исто така Cordoba i Samuel , се вратија во врвна форма после повредите. Сите допринесоа за успехот, а јас сум многу благодарен на сите.
Како би го опишале Интер 2008 со еден збор. Кој збор би бил тој?
Оваа беше година во која Интер доминираше.
Сакате да бидете активен во Јануари на трансфер пазарот?
Лично мислам дека не. (лажет)

превод: Думан

Еден офтопик, трансФери... аман, ве молам. Живцира кога и да ви го прочитам тоа трансвери. :)
Забелешката на место ти е.
 
Како можел да заборави да го спомне nr.13
Мајкон, заедно со Ибрахимович, Камбијасо и Хулио Цезар беше меѓу најдобрите и најкорисните во 2008 година.
 
Како можел да заборави да го спомне nr.13
Мајкон, заедно со Ибрахимович, Камбијасо и Хулио Цезар беше меѓу најдобрите и најкорисните во 2008 година.
Ако е така го заборавил и Станкович. Гледате каква ни е играта без Дејан. Дефинитивно еден од подобрите поединци.
Уствари сите добро си ја вршат работата, па затоа сме први.
 
Ако е така го заборавил и Станкович. Гледате каква ни е играта без Дејан. Дефинитивно еден од подобрите поединци.
Уствари сите добро си ја вршат работата, па затоа сме први.

Ќе напраевме голема грешка ако го продаевме Деки во некоја екипа, а летово сакав да си заминит :kesa:. Како и да е мило ми е шо остана...

А ианче за мене најкорисни беа: Ибра, Камби, Маикон и Занети...
 
Дали Дејан Станковиќ е навистина многу добар играч или пак кога е тој во екипата носи среќа, ако се анализира играта ќе се види дека секогаш кога игра Станковиќ, Интер лесно победува.
Оваа сезона Деки на Интер му носи среќа.
 
Дејан е многу квалитетен играч. Активен е во текот на сите 90 мин, посебно во дефанзива, а знае да даде добра топка и кон напажачите. Можеби поради повеќе офанзивните задачи кои ги имаше на поголемиот дел од натпреварите се не гледа неговиот придонес за тимот...
 
Mourinho: “Го напуштам Интер, кога, не знам!”

Jose Mourinho, признава дека сонува да го освои “scudettо”, а потоа да замине на неговото ново работно место во Англија…
Но сепак додека е во Интер, нема ништо да го попречи да ја работи тренерската работа на високо ниво, и ветува дека својот останат дел од работата во Интер квалитетно ќе го одработи.
- Една од моите тренерски амбиции е да ги освојам шампионатите во Англија, Италија и Шпанија, рече Мурињо.
Со Челзи Мурињо почна да ги осварува зацртаните планови, во два случаеви ја освои Премиер Лигата, моментално неговата екипа Интер е на водечкото место во Сериа А.
- Ќе се вратам во Англија затоа што таму повеќе ми се допаѓа, а ќе заминам и во Шпанија да го освојам тамошното првенство. Но, да не се разбереме погрешно, и овдее сум задоволен. Сакам Интер да го направам подобар клуб, и многу сум задоволен како работите се одвиваат. Интер е како Челзи во сезоната 2004./05. “победнички строј”. Секогаш имате чувство дека ќе победете, затоа што оваа екипа е навистина јака.
На Мурињо во Италија не му одговара само една работа, а тоа е разговорите со медиумите:
- Еден сат после натпреварот треба да излезам пред медиумите, а тоа навистина негосакам. Морам да се прилагодам на тоа затоа што имам потпишано договор, но тоа не значи дека и ми се допаѓа. кога дојдов се се вртеше околу притисокот и несогласувањата. Не бев радосен кога одговарав на прашањата, тоа ме уморуваше. Но таква е мојата работа…
 
следна овца за стрижење-Џенова(куп на италија)
6 јануари 2009 во 21.00
 
Okaka Chuka во Интер?!

денеска се прошири гласина дека Stefano Okaka Chuka може да дојде во Интер.
Наводно, небил среќен поради платата што ја земал во Рома, а занего интерес пројавува и Chelsea после тоа што сватиле од Chelsea дека Балотели тешко дека ќе го доведаат во своите редови.
Сите медиуми пишуваат дека Интер бара нов напаѓаач, а меѓу фаворитите се Ibisevic, а сега и Okaka пренесува okakachuka.com.
Дали овој играч ќе оди по стапките на Mancini, Dacourt, Chivu и многу други, останува да се види.
 
Нема шанса, ондак зашто да се ослободуваат од Балотели, уф колку е бедна шпекулацијава. Сфаќам Божиќ е, луѓе фантазираат, имаат нереални замисли и желби, али на вакви играчи Дедо Мраз може да им ги донесе Парма, Каљари и Лече а не и Интер .
 
Okaka Chuka во Интер?!

денеска се прошири гласина дека Stefano Okaka Chuka може да дојде во Интер.
Наводно, небил среќен поради платата што ја земал во Рома, а занего интерес пројавува и Chelsea после тоа што сватиле од Chelsea дека Балотели тешко дека ќе го доведаат во своите редови.
Сите медиуми пишуваат дека Интер бара нов напаѓаач, а меѓу фаворитите се Ibisevic, а сега и Okaka пренесува okakachuka.com.
Дали овој играч ќе оди по стапките на Mancini, Dacourt, Chivu и многу други, останува да се види.

Каков Окака каков Чука :):):) Нека седи тој таму во Рома, имаме ние носачи на вода !!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom