Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
frank_lampard_england_43.jpg



Зошто господ не помогна кога требаше овој да дојде? :uvo:
 
frank_lampard_england_43.jpg



Зошто господ не помогна кога требаше овој да дојде? :uvo:

Незнам, една од теориите ми е дека не го интересира фудбалот многу.
Другата дека не навива за Интер за што собирав докази 15 години.

:pos:
 
Абе Господ ви го даде Деко на тацна, Мурињо на грешна страна сврти ебаго. :smir:
 
112102-480.jpg


Мурињо-Запален!:nenene:

Хм, соомнителни лица... него, другата рака на Мурињо, каде е? :kesa:

Океј, шала на страна во овој преоден рок не очекувам засилувања, освен некој џокер кој Мурињо мисли да го искористи во ЛШ, против Манчестер. Сепак нема да биде некое големо, звучно име бидејќи таквите се веќе врзани со настапите за своите клубови во ЛШ.

На лето е друга приказна, ќе има повторување на она лето од 1999-2000та година. После неколку сезони скромност, ќе има голема фешта. :)
 
не е толку чудно што ја нема раката на Мурињо,чудна ми е фацава на мајкон-како да испушта некои звуци:pos2:
 
Океј, шала на страна во овој преоден рок не очекувам засилувања, освен некој џокер кој Мурињо мисли да го искористи во ЛШ, против Манчестер. Сепак нема да биде некое големо, звучно име бидејќи таквите се веќе врзани со настапите за своите клубови во ЛШ.

Мурињо може се да искористи.. ништо не ме чуди кај него.. како со дуелот со Рома кога го стави прва постава Обиња.. и овај му го закопа на Дони од 25 м со лева нога :vozbud: така да.. не би ме чудело да го извади Балотели од листата на ЛШ, да го стави Креспо.. и не само тоа.. да го стави прва постава против Манчестер.. а овој да даде гол со глава.. :pos2: е тогаш ке има смеење..
 
почнувајки од денеска на Интер.ит секоја ден ке се презентира по 1 фудбалер!
за старт е Хулио Цезар

и на паца интер форумот сретнав една директна вест за мистер моџи и неговото барање интеристите да се извинат за украдениот гол против сиена!

http://pazza-inter.com/goals/?p=269#more-269

се извинуваме што сме најдобри!
 
и на паца интер форумот сретнав една директна вест за мистер моџи и неговото барање интеристите да се извинат за украдениот гол против сиена!

http://pazza-inter.com/goals/?p=269#more-269

се извинуваме што сме најдобри!

Ццц патетично створење.Овој треба да се лечи, треба да се прати кај Ханибал Лектор !!!

:nerv: :nerv: :nerv:
 
Јас незнам зошто сеуште новинарите му прават интервју на овој човек - но тоа покажува дека новинарите не можат да ги заборават неговите пари со кои тие беа поткупувани, што за жал изгледа сега не е така.. Јас да сум на местото на Морати, да имам богатство од милијарди, и да сум вложувал во Интер 20 год, да дојди еден ваков лигушко да ми мести натпревари.. па ке платам талибанци жив да го закопаат во гроб заедно со цела негова фамилија! Па Морати потроши богатство на Интер, а заради местењата на ова проклето суштество никогаш не освои титула! И уште има лице да зборува во весници.. Катастрофа!
 
Мурињо за Кварезма.

Кварезма ќе се докажи,во тоа сум сигурен
Неговиот проблем е: Да играш со Порто е лесно,дојде овде мислејќи дека и овде е лесно,но ако интер би го продале нема да губи ни цент,бидејќи со тие играчи што ги купам јас секогаш е така.
 
Трансвери:

Интер оваа зима ќе биде главен за новинарите кој копаат вести за трансври.
Така, според сознаниата Адриано со сигурност нема да се врати во Италија, иако Мурињо тврди дека проблематичниот напаѓач ќе се врати на почетокот на новата година. Новиот тим кој е заинтересиран за Адриано е Фламенго чија понуда Адриано би ја прифатил, иако со намалена плата.
Како замена за Адриано се споменува Ведат Ибишевиќ и позајмицата од Каљари Robert Acquafresca кој е многу реална опција. Додека отежителна околност за трансфер на Ибишевиќ е намерата на преседателот на Хофенхајм да не го продава неговиот најдобар играч.
Според еден извор можно е Суазо да се повлече од Бенфика и да им се остапи на Каљари а Acquafrescа да се повлече во Интер.
Што се однесува до Didier Drogbа, многу е вероватно тој во Интер да дојде во летниот период.
Hernan Crespo и Olivier Dacourt со сигурност се тврди дека уште во јануар ќе го напуштаат Интер, бидеќи за нив има интерес од многу клубови во Сериа А.
Nelson Rivas исто така треба да го напушти Интер поради преголемата конкуренција , а заинтересиран за неговите услуги е Синиша Михајловиќ и неговата Болоља.

П.С Синиша Михајловиќ изгледа ќе ни заврши голема работа, све што е отпад ќе го расчисти.
 
Ова е од Вечер, незнам кој е оригиналниот извор:

Најконтроверзниот фудбалски стручњак и предводник на актуелниот шампион на Италија, Интер, Жозе Мурињо првпат јавно призна дека е подготвен да се раздели од проблематичниот напаѓач Адријано. Тој истакна дека нема да му прави никакви проблеми на 26-годишниот бразилски интернационалец доколку истиот реши да си замине од Милано за време на зимскиот преоден рок.
- Искрено, јас и претседателот, Масимо Морати сакаме Адријано да остане во нашите редови уште многу години. Сепак, можам да потврдам дека нема да му правам никакви проблеми доколку реши да си замине од Интер за време на зимскиот преоден рок. Вистинските професионалци и фудбалери не се контролирани од тренерите. Кога е во прашање Адријано, тој фудбалер има потреба постојано да биде контролиран, а јас не сакам такви работи, изјави поранешниот тренер на Порто и Челзи. Адријано дојде во Интер во 2001 година со 19 години, но три сезони мина како позајмен во Фиорентина и Парма. Во Интер се врати во 2004 година и во првата сезона постигна 28 гола во сите натпреварувања. Неговите проблеми почнаа поради ноќниот живот и алкохолот, по што го загуби местото во тимот. Поради судир со тренерот Манчини заврши како позајмен во Сао Паоло, а на Сан Сиро се врати со доаѓањето на Мурињно, но и таа "љубов" брзо заврши, откако дојде пијан на тренинг.
Според последните информации, најголеми фаворити за потписот на репрезентативецот на Бразил се челниците на Сао Паоло, Фламенго и Милан.
 
Ни на крај памет не ми доаѓа дека Морати би го дал Адриано во Милан...ова е мое мислење и пишав без намера да провоцирам позз:helou:
 
Мислам дека во договорот на Адриано има една стапка во која се вели дека несмее да оди во Милан.Значи прво ке треба да игра во Бразил па дури потоа има шанси да дојде во Милан.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom