kooperativa
Г-ин Пола Милениум
- Член од
- 2 октомври 2012
- Мислења
- 7.633
- Поени од реакции
- 8.601
е ова што го пишуваш е во ред, само според мене нема врска (малку само) со темата.Единствено што цитирав те реплицирав од твојот пост е (болдираното): но сепак, да ја потврдам тезата - во тоа време поубаво се живеело!!!
Јас се обидов да ти кажам зошто не сметам дека тоа е така.... дадов линкови во кои Владимир Дедиер зборува за само еден период од таа Ју и за жртвите од тој краток период (убиени 140,000 луѓе)... потоа дадов линк од истражувањето на еден научник (Румел http://www.hawaii.edu/powerkills/NOTE1.HTM политиколог и историчар кој во своите истражувања (признат и често цитиран од историчарите, политиколозите, аналитичарите.... и на исток и на запад) говори за еден милион жртви (убиени) од титовиот режим. Колку се тоа семејства завиени во црно? Колку се тоа уништени семејства?... За обесправени по разни основи веројатно си слушал читал и информиран си дека ги има и над милион, почнувајки од оние кои темничеле во разни логори како што е оној на ‘‘Голи Оток‘‘ поради идеолошки неслагања со режимот, локалпатриотизам, слободарски идеи... и тн. прогласувани за државни непријатели кои скапувале во затвори со години со децении ни криви и должни повеќето од нив. Колку се тоа обесправени? Колку се тоа уништени семејства? За затворот во Идризово и на Кале и за робувањето таму на некои наши познати патриоти, поети, интелектуалци, државници.... имаш во линкот кој го дадов во постот.... За обесправени по разни основи, за оние на кои им било одземено експроприрано, конфискувано (имот, недвижнина, фабрики земја, станови, земја.... и тн ) од бившиот режим кои исто така ги имало на стотици илјади, да не кажам ги имало и на милиони... и тн и тн.... а ти зборуваш за 200-300 иљади незадоволни - обесправени!? Повеќе од 200-300.000 обесправени имало вработени во тогашниот ‘‘здружен труд‘‘, вредни луѓе, интелектуалци или занаетчии сеедно, кои немале книшка и кои во многу што зависеле од двата прста, те вољата или расположението на кодошите со партиски книшки и ‘‘Кумровачка школа‘‘ кои што во ОЗТ-њата (тогашните компании) ги имало на стотици иљади низ државава..... и тн. и тн.
Но да се вратам на оние вистински (во прав смисол на зборот) жртви на режимот.....Несакам да поверувам, ниту пак се обидувам да ти импутирам тебе или на некој друг дека може да помисли или да се сложи, со сталиновата позната флоскула: ‘‘Ако треба од 300 милиони (жители на тогашниот СССР) ќе истепаме 270, за оние 30 милиони што ќе останат живеат во Комунизам‘‘... убивал, убивал Сталин и неговата врхушка....и дошол до цифра по разни проценки од 30 па дури и до 60 милиони.... Е нашиов Маршал, ученик на Сталин не бил толку безмилосен нему и на режимот негов му му припишуваат ‘‘само‘‘ милион убиени!
Милион жртви и на милиони обесправени по разни основи (со своите семејства), нималку не се 200-300 илјади незадоволни.... И баш поради сите тие жртви на Комунизмот сакав да укажам на секоја апсурдност на прашањето дали тогаш се живеело подобро.... Ќе повторам: Тие што биле убиени, логички немале шанса да живеат, а камо ли да живеат подобро или полошо... Оние останатите семејствата нивни или обесправените по разни основи не треба да се мудрува, се знае како живееле тие...
Со следното што го кажа се согласувам, убаво кажано! .... е сега, дали тој режим на владеење и економија биле добри се друга тема. зошто, како и што не спаѓаат во оваа тема. али колку за да ти го задоволам егото, ДА не ми се допаѓа тој режим, таа посрана економија. нивните последици се присутни ден денес. ние ги отплаќаме со големи камати тие срања. но реков, тоа е друга тема и друга дискусија.... Секако дека и тоа спаѓа во оваа тема и тоа како!.... во право си и за последиците кои се присутни и ден денес, на пример она што го спомна: мрзеливоста.... Би додали оштетената свест дека треба да учиме само за да не работиме подоцна, дека не е издржлива во реалниот свет омилената флоскула од Социјализмот: клати врата земај плата... и тн и тн......сето тао држи! Меѓутоа без оноа егото! Нема потреба од такво нешто, дискутираме секој со свои аргументи:
ај еве да ја упростиме работата. кога би било возможно да се направи анкета на луѓето кои живееле тогаш и сега, и кога секоја од генерациите би гласала “дали сте задовлни со животот“, ...... што мислиш, кој би победил?


. Чувај ги за некој на кој му се „попотребни„
.
