Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Во 1945 година Македонија како и цела СФРЈ излезе од светска војна осакатена опустошена. Македонија беше на феудално ниво, со примитивно земјоделство без патна мрежа без струја без индустрија. Постоеа региони каде владееше маларија, здравството и школството беше на многу ниско ниво, а надвор од поголеми градови немаше ни пристојни услови за хигиена. Во СФРЈ Македонија не само што доби признание како нација, народ, јазик, историја, се тргна и во изградба на земјата, патишта, мостови, електрификација, амбуланти и болници, школи факултети универзитети, афтокефална црква, се искоренија болести се направија канали за наводнување, се осовремени земјоделството се подигнаа фабрики се донесе радио па телевизија..... Македонија споредена со 1945 и она 1985 беа неописливи разлики. Врработеност, редовни примања, школство здравство социјала индустриски развиток ниска стапка на криминал.... тоа беа карактеристиките на тој систем. Во 90 сетите системот го сменавме за друг, за да си направиме како ни вветуваа подобро општество, побогато, понапредно, посигурно... Но не се случи. Сите ама баш сите придобивки кои народот го имаше во тој систем, - во овој исчезнаа. Се зголеми невработеноста, здравстрвото е со години на раб на колапс, не е повеќе бесплатно, школството е понеквалитетно и поскапо, криминалот во пораст, стандардот и куповната моќ на народот драстично намалена, фабриките затворени а тие што се успешни - во раце на странски компании кои ја извлекуваат заработката, Стратешките капацитети - не се веќе наши, телефонија, рафинерија, струја, рудници. Грчки бизнисменчиња не третираат како работници од малезија каде се работи за минимални плати и прекувремено и неосигурано и во лоши услови. Фирми кои во СФРЈ хранеа иљадници семејства - пропаднаа во новиот систем, заборченоста е многукратно зголемена како на државата надвор, така и на државата внатре а и на граѓаните секој од надвор ни диктира што смееме а што не смееме да правиме, во влада и парламент ни се припадници на терористички неприателски единици политичката верска и национална омраза се поголема а единствена надеж за младите е иселеничка виза. Дипломирани економисти, правници и инженери копаат за 400 денари дневница, грст луѓе се збогатија до незамисливо ниво додека на обичниот народ животот му се сведува да се прехрани во месецот и одлучи кои сметки ќе ги плати овој месец а кој следниот. Јас го живеев и едниот и другиот систем, и преминот од еден во друг, се уште бевме во СФРЈ а се слушаа прикаски како ќе ни биди неописливо подобро во демократија и капитализам, како нема никој да ни го зема виното бес пари, како европа нема видено пиперка и домат како македонскиот и ќе сме ги продавале по астрономски цени, литро наша ракија -30 марки ќе била пошто таква немало во цел свет, шлепери и вагони земјоделие ќе оделе на кај европа а ќе сме возеле сите нови коли, и по две во фамилијата, праските и јаболката од ресен ние ќе сме ги продавале за тешки пари а не како тогаш словенците да ни ги земаат за фруктал, емиграцијата имала собрано милијарда долари и се чекало да се прогласи независност и да ни ги дадат, македонски бизнисмени ќе изнаотворат фабрики и погони во татковината а рудниците и невидените природни богатства конечно ќе си ги искористиме а Европа ќе сфати конечно каква неправда ни е направена и ќе ни го вратеа Солун и Пирин...... И денес 20 години од тој период ми се смешни исто како и тогаш наивните прикаски сништа и со жалење ги гледам тогаш вработените, со пенсико социјално здравствено, 13 ста плата, К15, поволни кредити и можност за стан од претпријатието и летувања на езеро и море... кои сега кој држи тезга на пазар, кој живее од социјално, кој отворил прватно фирмиче и работи дупло повеќе осигуран на минимум со несигурна иднина и без сини картончиња оти не уплатил за последните месеци здравствено кој работи на црно.......
 
абе шо туку споредвате тогаш -сега аман ...јас велам дека сфрј и комунизмотт вооппшто како уредување е режим

Додека другите гледаја порничи на тв во сфрј беше табу тема,редици за леб се чекаше,100 грама кафе беше луксуз(го мешаја со наут у курац)...абе убо беше многу убо беше:pos:
 
https://www.youtube.com/watch?v=9HIrVKtTaT8
--- надополнето: 7 јуни 2013 во 05:52 ---
interesen film, doduse ne e makedonski,ama sekade vo bivsa yuga e isto
--- надополнето: 7 јуни 2013 во 06:04 ---
https://www.youtube.com/watch?v=hwjeD0nfkao
https://www.youtube.com/watch?v=gAd0fQZs5UQ
https://www.youtube.com/watch?v=Fx-ABpSrjfk

http://www.youtube.com/watch?v=BRhIA8RTFM0
ova samo nesto primeri za toa ,kako e denes , ne samo kaj nas ,ama sekade e isto
--- надополнето: 7 јуни 2013 во 06:05 ---
https://www.youtube.com/watch?v=Mr4wAHKqxco
--- надополнето: 7 јуни 2013 во 06:15 ---
i nesto ,sto utrovo mi go razubavi denot :
http://www.klix.ba/vijesti/bih/pogledajte-kako-su-pojedinci-bjezali-iz-parlamenta-bih/130606144
375734_10151643915819847_1602575863_n.jpg ne go smetajte za vazno objavenoto,ova e sepak nekade vo bivsa yuga,nema vrska so nas , kaj nas e se super :(
 
обичен човек е тој што иде на раб, плаќа сметки за дома и школо, носи леб на маса.
ова е многу битен момент, заедно со стекнување стан, куќа...најголем број станови се изградиле 70 и 80те. Да не го споменувам фактот за државните добра (без кои денеска не би можеле да опстоите) од мостови, патишта, скоро целосна инфраструктура, преку амбуланти и школи до брани, акумулациони системи и електросистеми.
Гледајќи ги генерациите на татко ми и мајка ми мене жал ми паѓа за нив. Толку необразовани и ограничени тоа е чудо.
Никој од нив не одел никогаш во театар, опера, никој од нив не читал книги, грото од нив незнаат ни Кочо Рацин кој е.Таква беше 95% од работничката класа.Зарем мислиш дека тие што работеле во Охис, Металург и други фирми читале книги и оделе на опера? Дај не ме зезај. Грото од нив едвај прикрпиле некое основно школо.
.
За необразованост, театарот, книгите си грешка. За необразованост и не-култура, во тој период колку што ми е познато твореле или се школувале најголемиот број македонски познати признати личности во многу области од актери, писатели, поети, ликовни уметници па и во образованието и здравството.
Токму тој период го измени и образовниот систем во Македонија и ги промени образовните карактеристики на населението во Македонија. Од многу мал % писмени и образовани граѓани пред во Кралството, Македонија доби факултетски образовани, кв и вкв работници. Крајот на 80тите се измени и структурата и улогата на жената во Македонија, токму дел заради масовното описменување и образување на населението.
Според овие податоци, просечна неписменост во Кралството на лица постари од 12 години во 1921 била 51.5% од кои во Македонија околу 84%...во 1960 неписменоста паднала на околу 9-10%.
 
Многу е значајно и психолошкото чувство на стабилност кое го имаа луѓето во Југославија. Денес, токму таа нестабилност и страв од иднина во која може да ти е загрозена голата егзистенција и безбедноста во држава со влошени меѓунационални односи, влијае поразително врз населението, на нивното здравје пред се‘.

И сите овие постирачи на статистики контра СФРЈ не можат да го обезвреднат овој факт, а скоро сум сигурна дека најголем дел од овие бранители на новото време ни петти семестар немаат запишано и потајно се надеваат дека во прва прилика ќе ја здувнат што подалеку од овој ,,рај на земјата,,.
 
Во 1945 година Македонија како и цела СФРЈ излезе од светска војна осакатена опустошена. Македонија беше на феудално ниво, со примитивно земјоделство без патна мрежа без струја без индустрија. Постоеа региони каде владееше маларија, здравството и школството беше на многу ниско ниво, а надвор од поголеми градови немаше ни пристојни услови за хигиена. Во СФРЈ Македонија не само што доби признание како нација, народ, јазик, историја, се тргна и во изградба на земјата, патишта, мостови, електрификација, амбуланти и болници, школи факултети универзитети, афтокефална црква, се искоренија болести се направија канали за наводнување, се осовремени земјоделството се подигнаа фабрики се донесе радио па телевизија..... Македонија споредена со 1945 и она 1985 беа неописливи разлики. Врработеност, редовни примања, школство здравство социјала индустриски развиток ниска стапка на криминал.... тоа беа карактеристиките на тој систем. Во 90 сетите системот го сменавме за друг, за да си направиме како ни вветуваа подобро општество, побогато, понапредно, посигурно... Но не се случи. Сите ама баш сите придобивки кои народот го имаше во тој систем, - во овој исчезнаа. Се зголеми невработеноста, здравстрвото е со години на раб на колапс, не е повеќе бесплатно, школството е понеквалитетно и поскапо, криминалот во пораст, стандардот и куповната моќ на народот драстично намалена, фабриките затворени а тие што се успешни - во раце на странски компании кои ја извлекуваат заработката, Стратешките капацитети - не се веќе наши, телефонија, рафинерија, струја, рудници. Грчки бизнисменчиња не третираат како работници од малезија каде се работи за минимални плати и прекувремено и неосигурано и во лоши услови. Фирми кои во СФРЈ хранеа иљадници семејства - пропаднаа во новиот систем, заборченоста е многукратно зголемена како на државата надвор, така и на државата внатре а и на граѓаните секој од надвор ни диктира што смееме а што не смееме да правиме, во влада и парламент ни се припадници на терористички неприателски единици политичката верска и национална омраза се поголема а единствена надеж за младите е иселеничка виза. Дипломирани економисти, правници и инженери копаат за 400 денари дневница, грст луѓе се збогатија до незамисливо ниво додека на обичниот народ животот му се сведува да се прехрани во месецот и одлучи кои сметки ќе ги плати овој месец а кој следниот. Јас го живеев и едниот и другиот систем, и преминот од еден во друг, се уште бевме во СФРЈ а се слушаа прикаски како ќе ни биди неописливо подобро во демократија и капитализам, како нема никој да ни го зема виното бес пари, како европа нема видено пиперка и домат како македонскиот и ќе сме ги продавале по астрономски цени, литро наша ракија -30 марки ќе била пошто таква немало во цел свет, шлепери и вагони земјоделие ќе оделе на кај европа а ќе сме возеле сите нови коли, и по две во фамилијата, праските и јаболката од ресен ние ќе сме ги продавале за тешки пари а не како тогаш словенците да ни ги земаат за фруктал, емиграцијата имала собрано милијарда долари и се чекало да се прогласи независност и да ни ги дадат, македонски бизнисмени ќе изнаотворат фабрики и погони во татковината а рудниците и невидените природни богатства конечно ќе си ги искористиме а Европа ќе сфати конечно каква неправда ни е направена и ќе ни го вратеа Солун и Пирин...... И денес 20 години од тој период ми се смешни исто како и тогаш наивните прикаски сништа и со жалење ги гледам тогаш вработените, со пенсико социјално здравствено, 13 ста плата, К15, поволни кредити и можност за стан од претпријатието и летувања на езеро и море... кои сега кој држи тезга на пазар, кој живее од социјално, кој отворил прватно фирмиче и работи дупло повеќе осигуран на минимум со несигурна иднина и без сини картончиња оти не уплатил за последните месеци здравствено кој работи на црно.......

Ме расплака да си ебеш векот
 
tebe ti e smesno da kazes nekomu ,,dobar den ,, ??? ,ne znam sto da kazam , no koment,a vamu pisuvas za isprani mozoci :(
--- надополнето: 6 јуни 2013 во 22:15 ---

sto stana so taa ,,niska klasa,, postoi li uste ili i toa se zatvori ??
--- надополнето: 6 јуни 2013 во 22:16 ---

se sekavam i deka pred nekoja godina ne tepase andora, mislam nejzinite snajderi, berberi,..................
--- надополнето: 6 јуни 2013 во 22:18 ---
znaci sepak tie godini vo jugoslavija ,podobro se ziveelo ????
Кои години, само десетина години? Една цела деценија? Стандардот во 70-тите? Да секако, убав стандард како и секаде во Светот, дури и во диктатури како СССР, Куба, Бугарија, Романија или тогашната Шпанија под Франко.... и тн. Ама таа држава како што знаеме егзистираше скоро 5 пати повеќе од тие 10 години. Врз основа на една декада неможеш да судиш за целиот тој систем кој постоел 45 години.
Не велам не!... реков и предходно и мене ми било убаво тие години се сеќавам на моето безгрижно детство тогаш, на убавите плати на моите, на решената социјала, здравство, образование, стандард, вработеност..... и си велам камо да се вратат 70-тите, но само поради состојбата на огромен пораст на економијата во Светот тој период, а системот на СФРЈ не, никако... бидејки како што реков, иако успеал (и тоа го кажав како) да обезбеди добар стандард една деценија, тоа многу скапо е платено! Не САМО со пари, туку со животи, со упропастени семејства, упропастени човечки судбини!...Тоа бил систем деструктивен и нехуман, сега некој ќе рече: па секаде имало репресии, такви биле времињата, таков бил системот САМО према милион два или повеќе (во однос на останатите 17-18 мил не е ништо).... Но секако дека не е така тоа се жртви на тој репресивен систем, најголемиот број од нив без никаква вина: убивани, затварани, мачени.... обесправени, опљачкани (жтрви на конфискации на пари имот, злато, фабрики локали), деградирани, понижувани, протерувани.... жртви чиј број не така мала цифра, кои секако поради тоа несмее да се заборават и да се помине преку тоа, само поради убавите 70-ти, уште помалку имаме право да заклучиме дека тој систем бил подобар поради убавите седумдесети без да се осврнеме на нив!
Систем беше тоа, изграден преку многу лешеви, жртви, репресирани обесправени.... Систем кој така почна, така и заврши!
 
Но секако дека не е така тоа се жртви на тој репресивен систем, најголемиот број од нив без никаква вина: убивани, затварани, мачени.... обесправени, опљачкани (жтрви на конфискации на пари имот, злато, фабрики локали), деградирани, понижувани, протерувани.... жртви чиј број не така мала цифра, кои секако поради тоа несмее да се заборават и да се помине преку тоа, само поради убавите 70-ти, уште помалку имаме право да заклучиме дека тој систем бил подобар поради убавите седумдесети без да се осврнеме на нив!
Систем беше тоа, изграден преку многу лешеви, жртви, репресирани обесправени.... Систем кој така почна, така и заврши!
Му се конфискуваа имоти и дуќани и златото на богаташите кои им ја цицаа крвта на народот. Еве им вратија на наследниците имотот, Ги издаваат за 2000 евра дуќаните, на нив на грчко писмо напишани фирми и дејности, а кон државата прикажуваат дека го издаваат за 200 евра за да не му платат данок на татковината. Беше прогонуван олошот, криминалците, луѓе без морал и душа, во Битола му вратија имот на семејство кое во 30 сетите имаше 2-3 доктори кои лекуваа некого ако немаше пари, ќе те остаеа да умреш ако немаше да платиш лекарска услуга, или ќе направеа договор да адко оздравиш го одработиш лекувањето на нивните имоти и ниви.
Пошто гледам си растревожен за тие обесправни на кои им е одземен имотот би те замолил да ми одговориш, кој е твојот став за побараувањето на семејството Караѓорѓевиќи кои имаат тапии за големи имоти низ македонија, дали и тие треба да им се вратат и обештетат за децении одземени имоти?
 
Класичен Комунист од Стаљинскички ков...со хард кор национал шовинистички крактеристики.
 
То ти е цела аргументација и факти кои имаш да ги дадеш на темата (покрај она дека во СФРЈ немаше алуминумски бандаши и пица кечап)
 
Jas zboruvam za stavovite tie se ideoloski stavovi na krajna levica i dosta nacional-sovinisticki toa samo go kazav a sto imalo i nemalo zneame site i gledame okulu nas.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom