Ретко ми се случува во дискусија да „држам страна„ на СФРЈ, па да си ја искористам приликата

.
Заебете стандарди, валути, извоз/увоз... Кога обичен човек ќе го прашаш„кога било подобро„ тој се води главно по две работи:
Прва, многу човечка и присебна - секогаш му е поубаво кога бил помлад, кога го брцкал мачорот или „за малку ќе го брцал„

. Имате Срби, Хрвати, Босанци кои ќе ви се колнат дека „во 90-те им било боље„. Еј, нивните 90-ти со војните и сите пички материни. Не збориме за профитери, не збориме за луѓе кои преживувале лични или семејни трагедии...збориме за обични дечки кои ете, заради сите срања што идат со војните повеќе имале отколку што немале, неизвесност и други глупости, ама - се погодило да биле тогаш тинејџери и да мислат дека можат све.
Второ, веројатно и поважно - ЧУВСТВОТО ДЕКА РАБОТИТЕ ОДАТ НА ПОДОБРО!!! Тоа е суштината. Запрашајте се кој е посреќен човек - тој што до вчера земал 250, а денес 500 евра плата, или тој што до вчера земал 2000, а денес 1000.
И затоа за покојниот ми дедо најубави времиња си биле после 2СВ - ебати времињата, по 3 години војска и спиење по рогозини, качаци на сите страни, СССР, инфраструктура лом... ама никој не можеше да го убеди дека тогаш не било најубаво. Како нема да биде, кога пред тоа било војна,
сега идело на подобро. А за татко ми па 60-те биле врв, ебеш спиење по рогозини и бркање по шуми кога имаш упола пократок воен рок, рокенрол и студентски живот, плочи, крпчиња од странство,
све идело на подобро...
И да не го тупам многу, сите генерации што сметале дека „иделе на подобро„ си се задоволни со своето време.Кога иде на полошо (како сега) не чини, јебеш стандард, коли и авиони.
Освен Стефчо, него му иде на подобро откога има неограничен интернет

.
П.С. Тоа што Југа била неодржлива на подолг рок е друго прашање, овде е темата кога на човек му било подобро
