Значи ако веќе сакаш да ја сведеме дискусијата на лично ниво, јас имам 7 години работен стаж регистриран во ПИОМ, и уште неколку години нерегистриран, значи цела деценија ми се собира, студирав и работев паралелно и си подмирував дел од трошоците на студирањето. Ти колку години работен стаж имаш?
И не се дрзнувај да кажуваш било кому што да прави со свои пари дали да плаќа интернет или да купи сендвич. Тие калкулации за дома задржи си ги.
Инаку на времето секое семејство имаше залиха на храна, зимата ја дочекува со 10 кг. грав, пакет масло, вреќа шеќер, цел подрум зимница. Тоа е израз на традиција и домаќинлук, кој сега за поголем дел од населението е недостапен.
Убаво што си го правела тоа и ти посакувам уште поубава иднина искрено. Нема ни зошто да не ти посакам поубаво да живееш од сега, но кога збориш дека луѓе одат да купуваат 100 грама ориз е паушално. Јас не одам, семејството околу мене не оди, многу што знам не одат, а сигурно и други има што познаваат такви случаи. Нормално дека и има што купуваат така, но да се правиме Гвинеја мало морген.
.





