сефте се вклучувам на темава, прочитав многу страници, и некои од коментарите ме испровоцираа да напишам нешто.
ДА, во СФРЈ се живееше подобро, но кога беше криза (во тоа време), кризата беше толку голема што сега е дечја играчка за тогаш. во раните 80-ти имаше во неколку наврати кризи кои беа на граница на лудило. кризите беа од типот: леб, зејтин, млеко, бензин. ај ова последново и е “луксуз“ во случај на криза. но овие првите три се ОСНОВНИ прехрамбени продукти. тие да ги нема!?!?!?!? па тоа е рамно на самоубиство. да се станува во 4ч насабајле, да се фати ред и чека до 7ч додека да отворат продавниците за да се купи 1 (само еден) леб. или пак ..... не се сеќавам добро, али беше ограниено колку зејтин може да купиш. или млеко за децата (а дете бев тогаш) кога најмногу им треба. тоа се луди работи, на државно ниво да ги нема тие продукти.
но како што спомнав, тоа се случуваше во раните 80-ти, после смртта на тито, а јадните неуки и неискусни комунисти кои го наследија не знаеја како да се справат со работите кои “функционираа“ кога тито беше жив.
Е ТУКА Е ФИНТАТА. тито (со помош на својаа харизма) ја финансираше државата со кредити, донации, неврзаните кои беа максимално солидарни едни према други...... и така тоа со децении. и СИТЕ живееја супер. освен оние кои отидоа на голи оток. но тие се друга тема. сите слободно се шетаа, трошеа, слабо или ич работеа, плата секогаш имаа, сите (или скоро сите) вработени, а тоа е невозможно, да се вработени скоро сите. е токму таа “економија“ ја уништи таа држава. и нејзините последици се присутни и денес. МРЗЛИВОСТА!!! сите денес сакаме брзо да дојдеме до пари, без многу труд. да не збориме пак за пот и крФ. тоа е мисловна именка. но сепак, да ја потврдам тезата - во тоа време поубаво се живеело!!!