- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.231
- Поени од реакции
- 4.104
Епа некои како него мислат дека парите го прават квалитетен живот. Да! Тие се најглавниот услов за да имаш квалитетен живот... еве денес има во Македонија многумина со натрупано богатство, ама никогаш тие во Македонија нема да го имаат тој квалитет на живот како во една Данска, Холандија, Германија, Австралија....обичниот човек сака/бара сигурност, стабилност, среќен е кога е со фамилијата и другарите, кога се здрави, кога има доволно да си ги подмири животните трошоци.
НЕобичниот човек (наречен паразит и егоист) сака/бара пари, пари, пари и ништо друго. не го интересира дали гази по лешеви за да се здобие со тоа богаство, дали пратил некого во болница или гроб за истото тоа богаство, дали децата му се добро воспитани, или пак најблиските се во добро здравје. тој едноставно нема време за тоа, тоа му е губење време, ..... какво здравје, какво воспитување. се е тоа срање. луѓето и општеството ги вреднува по тоа кој колку има, колку коли има на улица, или каков тел поседува, колку општеството му овозможило да ги уништува другите за да тој се чуствува исполнето.
Обичен припадник на средната класа во овие земји, живее неколкупати поквалитетен живот од луѓе кои кај нас имаат милиони. Ама многумина не виделе и не знаат да споредат.
Stefus Corp. замисли се еве дека имаш доволно пари за убава куќа, две коли, одмор во Шпанија итн. И замисли каков би ти бил еден обичен ден во Македонија. Сакаш од аеродром до карпош 4 да стигниш. Замисли си само колку време ќе ти треба за тоа и со кое ниво на стрес ќе го изведиш. Јас сум го искусил тоа во Скопје и сум го искусил истото во милионски градови и можам во секој момент да ти направам споредба. Замисли си дека се поболуваш и треба да појдиш на доктор, или недај боже те удира кола на пешачки. Замисли си што би се случило во тој случај со полицијата и нивната реакција, со брзата помош, третманот што ќе го имаш како граѓанин...
Сигурно ко ќе излегуваш од дома трипати ќе провериш дали сите врати ти се заклучени. И замисли еве те ограбат. Претпостави како би реагирала полицијата.
Или да речиме треба да појдиш во некоја јавна установа да завршиш работа на шалтер, или во општина, катастар, фонд за здравствено. Замисли си само со кое ниво на стрес и квалитет и ефикасност би ги извел овие работи..... па после ќе зборуваме за квалитетот на живот.
Образованието каде е во сиот овој муабет, со некои си банана-факултети од типот на Европски, Фон, Американ и слични гомнарии... државните полека-полека и тие тонат во калта и тоа реноме што сеуште го имаат се должи на репутацијата од порано. Ако земам се’ да набројувам крај нема споредбава.
. луѓето и општеството ги вреднува по тоа кој колку има, колку коли има на улица, или каков тел поседува, колку општеството му овозможило да ги уништува другите за да тој се чуствува исполнето.


. А бе дете, 9 од 10 луѓе ќе ти го постираат истиов твој пост, со истите две слики и со обратна поента
. 

