Кошаркарска репрезентација на Македонија

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.514
Каков е статусот со Илиевски и Бо?
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.010
Поени од реакции
5.666
Каков е статусот со Илиевски и Бо?
Илиевски сигурно ќе игра, а и Бо имаше изјави дека ќе игра... ама изјавите се малце постари.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Каков е статусот со Илиевски и Бо?
Ова е последната информација за Бо официјална:)
Директорот Мерџановски од Атина: Антиќ и Мекејлеб со нетрпение го очекуваат настапот за Македонија!
Неодамнешниот дуел на Олимпијакос и на Фенербахче во рамките на Евролигата (минатиот петок) беше идеална шанса колегите од таборот на македонската репрезентација, Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб, да разменат мислења за настапот на претстојното Европско првенство (ЕП) во Словенија и да му ги пренесат на директорот на репрезентациите, Илија Мерџановски, кој ја искористи можноста да се види со двајцата репрезентативци во Атина.
Мерџановски со Мекејлеб и Антиќ на заедничка вечера во Атина
На средбата, Мерџановски им ја презентирал програмата за подготовки и натпревари на нашата најдобра селекција следното лето, како и насоките и очекувањата во однос на исполнувањето на програмата на селекторот Алеш Пипан, која, пак, е оптимизирана да им овозможи на репрезентативците доволно време за одмор по напорните сезони.
И Антиќ и Мекејлеб со ентузијазам гледаат на претстојните настапи со репрезентацијата и со нетрпение очекуваат летово да се сретнат со останатите соиграчи. Многу ми е мило што гледам дека Перо е одлично прифатен и високо ценет во средината каде што настапува, задоволен е и тоа е најважно за еден странски играч, да има мир и позитивно опкружување околу себе", изјави директорот Мерџановски за сајтот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ).
Селекторот Пипан претходно имаше средба и со Војдан Стојановски, за време на неговиот краток престој во Скопје, а во наредниов период ќе се остварат средби и со Предраг Самарџиски, како и со младите кандидати за сениорската селекција, Андреј Магдевски, Кристијан Николов и други што настапуваат во странство.
ОБЈАВЕНО НА 04 февруари 2013 15:17

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Друже оваа вест е стара, ова е првично оттогаш федерацијава немала контакт со Бо. По Мерсин нашиве ќе почнат припреми, ќе играат на неколку турнири такада до тогаш сигурно ќе има свежа информација.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Друже оваа вест е стара, ова е првично оттогаш федерацијава немала контакт со Бо. По Мерсин нашиве ќе почнат припреми, ќе играат на неколку турнири такада до тогаш сигурно ќе има свежа информација.
А што има врска ако е стара?
Бо ако не играше ќе изјавеше уште пред 4 месеци, е сеа нашиве глупи новинари што пишуваат глупости на своја рака тоа е друга работа.
Освен Илиевски и Гечевски што излегоа со свое соопштение дека повеќе нема да играат никој друг не се огласи, така да за првенствово ќе го немаме само Гече ( кој се надевам дека барем ќе биде присутен на клупата ).
 
Точно е дека е стара од Фебруари но тој став го нема сменето Бо , а последниот негов офовијален став е е дека со ентузијазам гледа на наредното Еп. Инаку на Медитаранските игри нема да ги има најдобрите кошаркари. Очигледно ќе се бара кој да влезе во резервната петорка.

Првиот тренинг во понеделник ќе почне од 10,30 часот во салата „Градски Парк“ во Скопје, а помошник – селекторот Марјан Србиновски, кој ќе ги предводи „црвено-жолтите“ на реномираното меѓународно натпреварување, ги повика следните 17 кошаркари: Александар Костоски, Дарко Соколов, Марко Симоновски, Бојан Трајковски, Владимир Брчков, Андреј Магдевски, Кристијан Николов, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Горјан Марковски, Оливер Двојаковски, Љубомир Младеновски, Огнен Стојановски, Александар Штерјов, Димитар Караџовски, Марјан Јанески и Синиша Аврамовски.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
А што има врска ако е стара?
Бо ако не играше ќе изјавеше уште пред 4 месеци, е сеа нашиве глупи новинари што пишуваат глупости на своја рака тоа е друга работа.
Освен Илиевски и Гечевски што излегоа со свое соопштение дека повеќе нема да играат никој друг не се огласи, така да за првенствово ќе го немаме само Гече ( кој се надевам дека барем ќе биде присутен на клупата ).

Јас не реков дека нема да игра туку дека сеуште не е потврдено официјално. Гечевски штета што не игра после оваа феноменална сезона со МЗТ.
 
Gregory9

Anonymous
Член од
12 јануари 2013
Мислења
231
Поени од реакции
296
Зашо бе Пипан не ги води на Медитерански, таман да се упознае со играчиве...некако нелогично ми е.
Ќе има 12-13 пријателски летово ако мислиш дека нема време да се запознаат незнам што да ти кажам. :)
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.908
Поени од реакции
7.476
Летово репрезентацијата ќе има најјак подготвителен период од кога постои...играат против Грција,Русија,Литванија,Шпанија,уште Америка фали...многу добри турнири ќе одиграат пред првенството и мислам дека таму ќе се одлучи уште кои 5 играчи ќе ги повика Пипан...е сега тоа може да биде и проблем бидејки сигурно со силно темпо ќе се играат натпреварите,па недај боже може да заработи повреда некој(се надевам нема).
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055

Ако истиот кондиционен дојде ( тој што пред Литванија плачеа дека не ги оставал да спијат и да јадат и дека 24 часа на ден тренирале ) немаме гајле.Тогаш иста петорка играше по 40 минути секој натпревар и паднаа на кондиција дури во последната против Шпанија после играње едно полувреме во егал.

Треба цело лето само кондиционен и турнири.Колку знаат толку важно да имаат сила да го покажат.Со кондиција и срце група би требало да поминеме скоро сигурно.
 
Тој бил тогаш кондиционен тренер во монтепаски Сиена , Врбица го донел по клупска линија.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.908
Поени од реакции
7.476
Ако истиот кондиционен дојде ( тој што пред Литванија плачеа дека не ги оставал да спијат и да јадат и дека 24 часа на ден тренирале ) немаме гајле.Тогаш иста петорка играше по 40 минути секој натпревар и паднаа на кондиција дури во последната против Шпанија после играње едно полувреме во егал.

Треба цело лето само кондиционен и турнири.Колку знаат толку важно да имаат сила да го покажат.Со кондиција и срце група би требало да поминеме скоро сигурно.
Па и не е баш дека паднаа кондиционо со Шпанија...паднаа ради

Играше животна партија,19 поени во 3/4 главен творец на пресвртот ама ајде да не се навраќам ми иде да си каснам од...кога ќе се сетам.
Кондициониот е од Монтепаски и мислам дека ќе биде пак.
 
Тргај сликата! Не можам да го гледам гадов! Кога и да го видам на некоја утакмица , ми текнува како второ полувреме мамата ни еба што шутна влезе! Да не беше копилево можеби ќе стигневме до финале!
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Ако истиот кондиционен дојде ( тој што пред Литванија плачеа дека не ги оставал да спијат и да јадат и дека 24 часа на ден тренирале ) немаме гајле.Тогаш иста петорка играше по 40 минути секој натпревар и паднаа на кондиција дури во последната против Шпанија после играње едно полувреме во егал.

Треба цело лето само кондиционен и турнири.Колку знаат толку важно да имаат сила да го покажат.Со кондиција и срце група би требало да поминеме скоро сигурно.
Ама тогаш и сите беа две години помлади. :)

Мора да се прошири ротацијата на уште двајца барем. Всушност сега ќе има минус еден во ротацијата, Соколов. Тој добиваше некоја минута во Литванија но сеа не го рачунам ни дека ќе влезе во финалниот ростер, дрво станал.

Костовски може многу да ни помогне во нападот. Сеа проблем е шо малку се ангажира во одбрана (барем колку сум го гледал) а играта на Пипан (па и таа на Марин од ЕП) бара плеј кој ќе „гризе“. Да имаме некој тип ко Оташевиќ, со Бо заедно и Војдан на крило би имале една од најјаките надворешни одбрани. :D

Сепак Костовски е мислам печен за репрезентација. Можеше и Димчевски да помогне штета што се повреди. Од другиве Крстевски и Трајковски ги гледам само како можни замени место Кире, но по се изглед ќе го шлепаат Николовски...

Но еве, ова со Медитеранскиве игри е одлична шанса за покажување (ма да со Србиноски на клупа ќе се усреќиме :icon_lol: ), па може ќе блесне некој ко близнаците што блеснаа на ЕП. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom