Предлог за филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата VeGaS
  • Време на започнување Време на започнување
august-rush-freddie-highmore-dvd-cover.jpg

Август Раш(August Rush)

Мојот последен гледан филм којшто го препорачувам пред се на сите романтичари, емотивци и почитувачи на љубовта на форумов. Филм за љубовта , осаменоста , животот , судбината и магијата на музиката.
не сакам да давам било какви други информации за содржината за да не ви откријам нешто. Режисерот убаво ја раскажува приказната , има многу интересни ликови и феноменален саундтрак . Ова е едноставно еден од ретките филмови кои менатераа да речам вау каков фантастичен филм.
Ова е самиот почеток на филмот една многу убава сцена која нажалост е скратена во најубавиот момент.
 
Changeling новиот со Angelina Jolie ТОП

И зошто е топ? Можеш барем да напишеш две реченици за филмов. На каков вид публика би му се допаднал филмов?

Немора да пишувате којзнае колку, ама ова не е баш некоја рецензија. Следете го примерот на некои членови овде на темава кои фино ќе одвојат барем пет минути за да напишат значаен пост.
Идејата на темава е кога некој член ќе ја отвори да се изначита солидни мислења за филмови.

Ако некој дојде овде без идеја што да погледне можеби ќе си го најде предлогот кој ќе му се допадне.
Не е фер да се стави само слика од филмот или само да се наведе филмот и чао пријатно.

Фала на разбирање.:)

Еве јас ке помогнам.:) Се работи за вистински настан каде мајка (Анџелина Џоли) враќајки се после работа дознава дека детето и е киднапирано. По некое време полицијата од Лос Анџелес и носи дете велејки дека го пронашле но тоа не е нејзиното. Таа ќе се побуни барајки да и го вратат вистинското дете и поради тоа ќе западне во уште поголеми проблеми.. Само трае подолго време околу 2 часа. И тие што не гледаат драми им го препорачувам, навистина добар филм.
 
Филмов комедија, да се рушиш од смеејне друго шо да ви кажам
 
воен ветеран од Кореа, Волт Ковалски, се нафаќа да направи ,,маж'' од неговиот сосед, тинејџер со потекло од народот монг, кој пред тоа се обиде да му ја украде убавицата на Волт ,,gran torino" (модел на ford)

прекрасен филм и стварно се што ќе допре Клинт Иствуд станува ремек дело

GRAN TORINO
 
Препорачајте некој добар машки филм од типот на транспортер, умри машки...
 
The Day the Earth Stood Still (2008)
daytheearthstoodtease1.jpg

Oва е римејк на истоимениот (оригинал) филм од 1951ва година, приказна во која хуманоид (човек вонземјанин) се симнува на Земјата со цел да го уништи човештвото за да може таа (Земјата) да биде спасена, но сепак.. познато ви е, нали.
Интересни ефекти, сигурно стокомадва посто подобри од оригиналот, сепак веќе видени во други sci-fi филмови, фина глума која добро му прилега на Keanu Reeves, преубавата Jennifer Connelly и како да не го спомнам ѕверот, актериште бе - Robert Knepper или вам попознат како Theodore 'T-Bag' Bagwell.
 
Препорачајте некој добар машки филм од типот на транспортер, умри машки...

За тебе другар, вистинскиот филм е Death Race
а ако го имаш гледано пробај со, Taken и така. :)

The Day the Earth Stood Still (2008)
daytheearthstoodtease1.jpg

Oва е римејк на истоимениот (оригинал) филм од 1951ва година, приказна во која хуманоид (човек вонземјанин) се симнува на Земјата со цел да го уништи човештвото за да може таа (Земјата) да биде спасена, но сепак.. познато ви е, нали.
Интересни ефекти, сигурно стокомадва посто подобри од оригиналот, сепак веќе видени во други sci-fi филмови, фина глума која добро му прилега на Keanu Reeves, преубавата Jennifer Connelly и како да не го спомнам ѕверот, актериште бе - Robert Knepper или вам попознат како Theodore 'T-Bag' Bagwell.

Леле, немој само овој филм да им го препорачуваш на луѓево овде.Ќе те проколнат :):)
 
You don't mess with the ZOHAN (Scrappy Coco) hahah koj ke go gleda ova filmce neka mi veruva nema da zazali.
 
The Others
Можеби по вторпат пишувам на темава за него али вреди дефинитивно. Нешто феноменално излезено од режисерската палка на Алејандро Аменабар. Ги надмина сите мои очекувања. Немам доволно пофални зборови за филмов. Ќе им се бендиса на сите оние кои се љубители на драми, па и хорори. Кој крај човече. Значи филмот през цело време е ок, ништо посебно. Ама крајот...
Содржина (не е спојлер): Кон средината на минатиот век, во куќата на една жена и нејзините две деца доаѓаат 3 морничави слуги. Ќерката е убедена дека гледа, па дури и зборува со духови. На почетокот никој не и верува, но после ...
 
Добар филм, ми се допадна. Но од филмовите кои обработуваат слична тематика, далеку најдобар е
b.gif
The Sixth Sense (1999). Минатата година излезе уште еден сличен филм, Passengers (2008). На кој му се допаднал еден од овие филмови, треба да ги изгледа и другите два.
 
интериста дај мала рецензија за втрориов филм и оценка.
секако ако си го гледал
 
Еве ќе се цитирам:

Инаку само што го изгледав Passengers (2008). Иако во жанрот стои хорор/трилер многу повеќе е надприродна драма. Нешто како комбинација од The Sixth Sense (1999), Senki (2007) и
b.gif
Angel Eyes (2001) или друга по желба романса.

Приказната е помалку или повеќе предвидлива, го прави филмот лесен за гледање и за разлика од повеќето трилери не е потребно многу размислување. Се работи за група патници кои преживеале авионска несреќа но полека почнуваат да исчезнуваат. Во средината на приказната е професионалната врска помеѓу психијатарот Anne Hathaway и еден од патниците, која прераснува во романса.

Музиката во позадина потсетува на
b.gif
Unfaithful (2002) само ја има многу повеќе и ја прави напнатоста помала. Главната актерка Anne Hathaway ја има во скоро сите сцени што е голем плус за филмот. Оцената на филмот засега (мал број на гласачи) е 6.2 што се должи најверојатно на првиот дел на филмот, кога после бурниот почеток со авионската несреќа следи предолго затишје... Но само заради последните сцени кои се преполни со емоции, од мене 7/10.

Ништо спектакуларно, но вреди да се види.
 
Never%20back%20Down%20%28Custom%29.jpg

Може бил предложен филмов ама јас од овој филм решив да се упишам на борелачки вештини.Интересна акција онака за помлади мислам дека беше хит ова лето има и добри оценки.Барем мене ми беше хитче за 2008.Нема пуцање во филмов само ММА(mixed martial arts) според мене оценка 9.5/10 пошо нели хит ми беше:wink::wink:
 
Pride and glory (2008)
Pride.and.Glory.DVDRip.XViD-KiNGS.jpg

Cликава :icon_lol:

Импресиониран (како и секогаш) од актерите, највеќе од Едуард Норт`н, добар филм и приказна за корумпираноста ја полицијата и како алчноста го променува човекот. Не го очекував крајот, ме изненади малце.
Огромна препорака за гледање.

-----

A Lot Like Love (2005)

alot.jpg

Како што вели песната "од љубов не се бега" така и во филмот тоа е главна тема. И кога јас би напишал спојлер овде, Оливер или Емили би рекле "Dont, youll ruin it!" :)
Прекрасен филм.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom