Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
lelel gledav milan do 89 minuta i si trgnav za doma.sho gol dadoa ovie lecce?ubav besdhe ili od prekin?

Епа ако ја гледаше утакмицата , тогаш знаеш дека не бил убав , дека не бил со некоја акција , него едноставно од нафрлена топка , типично италијански .
 
Zanetti then hailed 'El Jardinero' Cruz, who once again saved the Italian champions and scored a late winner.

"He's always quiet, but his goals are very important," he concluded.

Кај нас како велиме ,, Од тоа куче што не лае да се плашиш ,, :) :) :)
 
Каква мизерна игра денес. Удинезе сезонава е добра екипа, ама сепак со ваква победа тешко ќе оди и против многу послаби екипи (се виде тоа со Реџина и Анортозис). Средината е некреативна максимално, Мурињо мислам дека премногу менува, Ибрахимович делува индиспонирано. Единствена позитивна работа е што пак се довлечка некако до прво место.
 
Жална вест:
Вечерва судијата немаше муда да исклучи играч на Лече, а камоли да досудува пенал.

Интераши ГЛАВАТА ГОРЕ.
Интер први
Јован Павле втори
Лацио трети
Милан Четворти
Јуве шести
ЈЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ.
П.С После голот на Лече во последна секунда ми дојде да... , ај да не кажувам сега тоа ќе биде крај на Мај 2009 година.
Поздрав до сите Интераши
А Лече на Миланистите им ја затна муцката.
Треба да се знае , Интер и со лоша игра пак е Прв
а замислите за еден месец што ќе биде од Интер, ќе бега со светлосни години пред другите екипи.

П.С Да му се извинам на Круз за критиките,затоа што ме побива со факти.
во новата сезона одвај изигра 100 минути , а постигна 3 гола во сите натпреварувања.
 
сепак испадна добро коло за нас , но нема секогаш да биде вака мора да се подобри играта и ефикасноста . ако вака продолжи ко милан ќе се задржиме на првото место
 
Мора под итно да се подобри играта.
Следат серија тешки натпревари, а со ваква игра нема да се вадиме секој натпревар.
Прво гостуваме на Сицилија кај Палермо, ги пречекуваме Јувентус и Наполи па гостуваме во Рим кај Лацио.

Милан има далеку полесен распоред во наредните 4 кола.
Го пречекува Киево, му гостува на Торино и Палермо па дома со Катанија...

Јувентус игра на домашен терен со Џенова, потоа дербито за Италија и гостување во Реџина и Лече.

Значи од трите екипи кои ќе се борат за скудетото во наредните месец дена ни предстои најтешка задача.
Имам доверба во Мурињо, мислам дека знае што прави. Се надевам дека ќе го врати и Адри што поскоро во тимот што секако е од голема важност за екипата.
 
слабо некако во последно време денеска за малце се спаси интер мора да ја подобри играта ако сака да остане на врвот
 
Мора под итно да се подобри играта.
Следат серија тешки натпревари, а со ваква игра нема да се вадиме секој натпревар.
Прво гостуваме на Сицилија кај Палермо, ги пречекуваме Јувентус и Наполи па гостуваме во Рим кај Лацио.

Милан има далеку полесен распоред во наредните 4 кола.
Го пречекува Киево, му гостува на Торино и Палермо па дома со Катанија...

Јувентус игра на домашен терен со Џенова, потоа дербито за Италија и гостување во Реџина и Лече.

Значи од трите екипи кои ќе се борат за скудетото во наредните месец дена ни предстои најтешка задача.
Имам доверба во Мурињо, мислам дека знае што прави. Се надевам дека ќе го врати и Адри што поскоро во тимот што секако е од голема важност за екипата.

Да се победат Палермо и Јуве и Интер би разарале до крајов на 2008ма, наредните два меча се од големо значење, т.е. најголемо кога е во прашање првиот дел од првенството а и истите се одлична прилика за Интер да се покажат во најдобро светло .

Е сега малце за играта, ке го спомнам Манчини кој е Италијанец и ке ја спомнам неговата прва сезона во Интер, онаа со 100те нерешени средби . :toe: Што очекувате од човек кој е од Јуни годинава во Италија и во Интер, едноставно го учи италијанскиот фудбал, факт е дека играта е лоша но ете , први се , што ке биде кога играта ке биде добра и кога сите овде ке бидеме задоволни од истата . . . . Grande Inter .

Иначе денес Мурињо имаше една интересна конфликтна ситуација со еден од фудбалските аналитичари на Скај Италија, Скончерти .
На пресот по мечот со Удинезе Скончерти го споредувал Мурињо со Манчини и начинот на игра со едниот и со другиот . Мурињо на тоа одговорил:
" Те знам тебе, ти си оној Скончерти, новинар од Скај Италија и ти си добар пријател со Манчини, затоа и ми ги поставуваш овие прашања. Но ти не си мој пријател, ти си новинар, и да ме поканиш на вечера никогаш не би присуствувал на истата
Незнам зашто медиумите се опсесирани со споредбите Манчини - Мурињо , доволно е да се сетат на тоа што погоре го кажав, првата сезона на Манчини со Интер. :toe:
 
Првото полувреме не го гледав играв табла! Во второто полувреме како што гледав јас, како што има обичај да речи Мурињо, Удинезе играше со 2 голмани, 8 одбрамбени фудбалери и 1 напаѓач! Удинезе второто напаѓаше само од контри, имаа мислам 3-4 удари на голот и тоа беше се од нив! Ибрахимович како и обично двајца го чуваа, а трет ја следеше ситуацијата да не затреба и тој случајно!!! Круз беше солиден, Обиња исто така! Едно му замерувам на тројцата напаѓачи, а тоа е премалку шутираат на гол! Ќе почнат да ми личат на децана од Арсенал кои сакаат со топката вгол да влезат, а кога само ке ми текни какви шутери имамевме во игра, Ибра, Круз, Станкович.. Едноставно треба да се шутира повеќе на гол, па макар и не било некоја изградена позиција!! Инаку резултатот е одличен, прво место сме, а мислам дека и ке останиме, овие од социјалниов дел на градов Милано тешко дека ке победат вечер.. ке им треба некој пенал или црвен картон.. Наредна утакмица играме со Палермо, го очекувам конечно Адриано!! А потоа следи Derby d' Italia!! Поздрав!

Ви кажав дека не треба нервози и тимот кој најмалку ме загрижува е Милан :toe: Едноставно не се кадарни да бидат шампиони, погледнете ја поставата сеуште не ми се верува, Фавали играше централен одбрамбен фудбалер!!! Човече, се очекував од Милан, ама ова ги помина сите будалештини.. :pos2:

Не ти текна друг ник да смислиш изгледа... Браво, баш оригинално :drk::drk::drk:

Брат за никот не се замарам многу јас, кога се зачленував овде превртив неколку страни низ Фан Клубов, немаше ваков ник, сакав нешто да асоцира на Интер... Иначе ти си бил регистриран од 2007, а имаш само 70-80 постови, што значи тоа е причината поради која не сум те забечежал... Но доколку се сменува никот јас ке го сменам, немам проблем, не се замарам толку со тоа, на страната за контакт кај мене во профил има чат, таму си имам свој ник кој го користам неколку години, т.с. отсекогаш, но овде беше зафатен, па овој беше слободен и така го ставив... али нема проблем.. ке проверам дали се менува, и кога ке најдам некој соодветен ке го сменам! Поздрав
 
Мора под итно да се подобри играта.
Следат серија тешки натпревари, а со ваква игра нема да се вадиме секој натпревар.
Прво гостуваме на Сицилија кај Палермо, ги пречекуваме Јувентус и Наполи па гостуваме во Рим кај Лацио.

Милан има далеку полесен распоред во наредните 4 кола.
Го пречекува Киево, му гостува на Торино и Палермо па дома со Катанија...

Јувентус игра на домашен терен со Џенова, потоа дербито за Италија и гостување во Реџина и Лече.

Значи од трите екипи кои ќе се борат за скудетото во наредните месец дена ни предстои најтешка задача.
Имам доверба во Мурињо, мислам дека знае што прави. Се надевам дека ќе го врати и Адри што поскоро во тимот што секако е од голема важност за екипата.

На една од овие две не победуваат - се кладам у шо сакаш =)
 
Adriano will certainly be back for the game against Palermo and he will play," Mourinho told Sky Sport Italia.

гУД Гуд!
 
Не сакав вчера да пишувам за натреварот зошто бев многу разочаран. Ќе преовладуваа емоциите и ќе требаше се у пичку матер да отерам. Еден случаен гол ни донесе три бода и тоа е единствената позитивна работа од целиот натпревар. Да игравме уште 180 минути немаше да постигнеме погодок зошто едноставно бевме АНЕМИЧНИ. Како да го чувавме резултатот 0-0, немавме желба за посериозен напад, никој не се обидуваше да шутира а сите сака да дриблаат по страна и да уптатуваат многу многу ’прецизни’ центаршутеви. Капитенот што игра цел живот дефанзивец требаше да им покаже на другите како се разбива класичен бункер, незнам како на Ибра не му текнуваа дека може да шутира наместо да дрибла. Круз делуваше како изгубен но се покажа како решавачки фактори исто како и многу пати претходно. Можам и да го разберам зошто секогаш е дел од клупата за резерви а Мурињо повеќе ги преферира Балотели и Обиња, со седење на клупа неможе да се влезе во форма. И тоа како се гледа дека ни фали еден плеј и поради тактиката 4-3-3 тоа се приметува највеќе од било кога.

На селдните пет натпревари или нешто повеќе од три недели треба да покажеме дека сме главен кандидат за освојување на титулата. Играме со Палермо во гости, па со Јуве дома, Панатанаикос од ЛШ, па потоа го пречекуваме Наполи и гостуваме во Рим со Лацио.

Играме против три екипи кои се дел од врвот на Серија А, и секогаш незгодниот тим на Палермо особено на Сицилија. На дуелот со Панатанаикос треба да ставиме печат на првото место во групата од ЛШ и да не се замараме повеќе со тоа до февруари.

Максимални 12 бодови од четири тешки натпревари во Серија А, ќе покаже дека сме многу, многу сериозен кандидат за Скудетото. Максимален учинок кога сите очекуваат кикс (неколку) и тоа како ќе внесе страв кај конкуретните и намалување на моралот. Знам дека ваков развој е неверојатен но не и невозможен. Немаме повредени играчи (освен Киву и Ривас) и имаме доволно квалитетни 22 за да ги избалансираме стартните 11 на сите натпревари.

И освојување на 6-9 бода не е страшно, но ќе треба да се потрудиме многу повеќе во вториот дел од сезоната, а тогаш ќе дојдат и нок-аут фазите од ЛШ, натпреварување кое Морати многу го посакува, па притисокот врз нас ќе биде двојно поголем.

Најбитно е да не дозволиме да се повторат грешките од претходните натпревари, киксовите во одбрана како на Бурдисо и анемичноста и немањето желба на дуелот со Удине.
 
Абе ти гледаш фудбал или играш фудбал менаџер? Оти само на тоа чудо можи некој друг да биди пред Интер, оти таму кога ке почниш Рома ке има скор 10-1-1, ке биде прва на табелата, па после неа ке биде Милан, каде Шевченко ке даде 30-40 гола во сезоната!! А сега да те вратам во реалноста, во која за жал не си! Никој не можи да биди шампион освен Интер, нити еден клуб не е поголем конкурент за титула освен Интер оваа сезона!! Милан ке го загуби скудетото со помалите екипи, исто како и Јувентус, кој имаше обичај кога не може да даде гол против помалите екипи да добие поклон пенал!! Тоа во минатото зборувам, бидејки сега не е така и Јувентус отпаѓа!! Така да и да ги изгубиме сите 4 наредни утакмици, верувај дека ке бидеме оддалечени од првото место максиум 4-5 бода!! А тоа не е ништо! Велам, ако ги изгубиме, што е мн тешко!! Така да брат ич не се замарај со првенствово, стравот им е во коски влезен од Интер, секаде сите само го спомнуваат, го негираат Интер, сакаат да падне од прво место, се радуваат како мали деца кога Интер ке изигра нерешено... Така да скудетото ни е во раце, само се надевам дека Мурињо доволно ке ги воигра со новава тактика играчиве за напролет од нокаут фазата од Лигата на Шампиони!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom