bojann1
desmosedici rr
- Член од
- 7 ноември 2007
- Мислења
- 1.234
- Поени од реакции
- 41
Абе ти гледаш фудбал или играш фудбал менаџер? Оти само на тоа чудо можи некој друг да биди пред Интер, оти таму кога ке почниш Рома ке има скор 10-1-1, ке биде прва на табелата, па после неа ке биде Милан, каде Шевченко ке даде 30-40 гола во сезоната!! А сега да те вратам во реалноста, во која за жал не си! Никој не можи да биди шампион освен Интер, нити еден клуб не е поголем конкурент за титула освен Интер оваа сезона!! Милан ке го загуби скудетото со помалите екипи, исто како и Јувентус, кој имаше обичај кога не може да даде гол против помалите екипи да добие поклон пенал!! Тоа во минатото зборувам, бидејки сега не е така и Јувентус отпаѓа!! Така да и да ги изгубиме сите 4 наредни утакмици, верувај дека ке бидеме оддалечени од првото место максиум 4-5 бода!! А тоа не е ништо! Велам, ако ги изгубиме, што е мн тешко!! Така да брат ич не се замарај со првенствово, стравот им е во коски влезен од Интер, секаде сите само го спомнуваат, го негираат Интер, сакаат да падне од прво место, се радуваат како мали деца кога Интер ке изигра нерешено... Така да скудетото ни е во раце, само се надевам дека Мурињо доволно ке ги воигра со новава тактика играчиве за напролет од нокаут фазата од Лигата на Шампиони!!
Другар јас сум многу реален и судам според развојот на настаните. Не треба да чекаме Јуве, Милан или Роам да кикснуваат, потребно ни е самите да си победуваме на натпреварите и да си освојуваме трите бода. Така се гради позитивен тимски дух и самодоверба која со спремен тактичар е клуч за успех и во Европа.
Сезоните со Манчини кога немавме прави конкуренти се веќе минато. Милан оваа сезона осетно се засили (еден добар дефанзивец во јануари и ќе имаа многу солиден состав), Јуве е силен како и секогаш, а да не збориме за желбата на сите да го победат актуелниот шампион од последните три сезони и нивната мотивираност кога играат со нас. И ние не сме во најдобра форма во овој дел од сезоната и потребно ни е добра игра и победа против некој конкурент за враќање на самодовербата и покажување кој е кој
