Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Незнам колку се сеќавате еден тренер од Англија(не ми текнува кој беше) многу убаво кажа и ја прочита тактиката на Мурињо!Кажа дека Мурињо секогаш има играч на средината кој ја контролира топката и ако треба ќе ја држи 15 минути све додека не се отвори простор или ако треба во случај да играа на време.Овој тренер го наведе тогаш Есиен како еден таков играч и како втор Лампард!И баш мислам дека оваа изјава држеше.Истото сака да го направи и со Мунтари во ИНтер.Он е цврст,брз и добро ја контролира топката.Така да Мурињо има контрола врз играта,ама нема шанси и затоа обично не дава многу голови.Иако Мунтари не е некој креативец,од него почнува сме пошто е последен во средниот ред!
 
Битно е да се има стратегија за развој на тимот, (незнам колку беше сериозен Мурињо со тоа дека откако ќе го испочитува договорот со Интер посакува да се врати во Англија) која обично треба да биде од 5-10 години и цврсто да се гази по неа. Да се заклучи кои играчите треба да се донесат во тој период, дали ќе се купуваат млади таленти или готови играчи, што сакаме, да правиме освојување на титули со били каква игра или пак градење на убава игра а потоа добивања резултат односно титулу. И според сите овие работи се крои играчкиот план. Еве некое мое видување кое не мора да биде точно и другите да се сложат со мене.

1 Кварезма се шпекулираше дека ќе дојде повеќе од месец дена, Морати негираше а Кварезма не тренираше во тој период. Во последниот ден го ангажиравме за 30 милиони евра, играч што ќе треба да тренира напорно подолго време за да влезе во полна физичка спремност. Значи ќе неможе од почеток да игра во тимот, а за да се вклупи во него потребни се стартови. Многу поинтересна опција Швајни. Договорот му истекува следната година, се врши врз Баерн притисок и го добиваме Швајни во јануари за 10 милиони евра,(за Баерн боље нешто отколку ништо во јуни)

2, Незнам зошто го држиме Креспо кога не игра (џабе зима плата од 3 милиони евра во најмала рака) доколку се ослободиме од него, Круз и Адри (иако не сакам) ќе имаме приход од околу 25 милиони евра + 10 милиони заштеда во плата веќе ја имаме половината од сумата за ангажман на Агуеро до година.

3 Исто така и Дакур не ми е јасно каква улога има во тимот. Битно и он си зема милион или два. Мислам дека треба да го продадеме и Виеира (често се повредува а и не е играчот што беше во Арсенал, а како деструктивци ги имаме Камбио ѕверот и Занети кој по секоја цена ќе игра во тимот) дур можеме да му извадиме некоја пара. Заедно со Деки и вкупна корист од една ваква зделка со заштеди во плата би изнесувала околу 30тина милиони пак доволно за еден квалитетен играч од средниот ред. Фиго да се пензионира по крајот на годината и да не се размислува за ново продолжување на договорот.

3, Мора да се направат и промени во дефанзивата. Бурдисо некако ми е најблиску до заминување, не дека е лош ама за него има заинтересирани екипи а и најслаб е кога ќе се стави во споредба со Киву, Кордоба и Самуел, Мтераци може да остане како замена пошо е Италијанец, а и Ривас да се прати на некоја позајмица.

За две години ќе дојде Коутињо, а можеби и оној ’Фоката’ (незнам како се вика), Ќе имаме избалансиран тим, со млади играчи и стари искусни, како оптимален број од околу 24-25
 
кога genoa со овој состав што го има можеше да го победи милан и да извади реми со интер,а ние само што немаме плејмекер и не оди,што мислите Јурич може да игра во средина подобро од станкович или мунтари неее јас мислам дека проблемот е кај дуото мансини и ку(а)ресма кај крилата,плејмекер знам треба за во лш,а за скудетото овој состав е премногу
 
кога genoa со овој состав што го има можеше да го победи милан и да извади реми со интер,а ние само што немаме плејмекер и не оди,што мислите Јурич може да игра во средина подобро од станкович или мунтари неее јас мислам дека проблемот е кај дуото мансини и ку(а)ресма кај крилата,плејмекер знам треба за во лш,а за скудетото овој состав е премногу
Не не споредувај со џенова!
Џенова ке падне на полусезона и ке се бори за највеќе 15 место заедно со екипите од нејзин ранг!
Главни конкуренти ни се пензионерите и старата баба(дама) само тие 2 екипи имаат доволно играчи за да сменат нешто на полусезона и да заменат повредени играчи!
и кога веќе спомна Кварезма Мансини дека не работеле само ке те потсетам дека заедно се само 2 месеца и дали 2 пати заедно ја почнале утакмицата!
А за интересен фудбал гледање од прости причини што Арсенал секоја година има импресивна игра а ништо не освојува а други екипи со топло ладно тактика освојуваат ЛШ и Титули во лигите!
 
Брат за никот не се замарам многу јас, кога се зачленував овде превртив неколку страни низ Фан Клубов, немаше ваков ник, сакав нешто да асоцира на Интер... Иначе ти си бил регистриран од 2007, а имаш само 70-80 постови, што значи тоа е причината поради која не сум те забечежал... Но доколку се сменува никот јас ке го сменам, немам проблем, не се замарам толку со тоа, на страната за контакт кај мене во профил има чат, таму си имам свој ник кој го користам неколку години, т.с. отсекогаш, но овде беше зафатен, па овој беше слободен и така го ставив... али нема проблем.. ке проверам дали се менува, и кога ке најдам некој соодветен ке го сменам! Поздрав



Ма не бе, уживај па и ти... Извини што така изреагирав : ))) Forza Zlatan : )))
 
кога genoa со овој состав што го има можеше да го победи милан и да извади реми со интер,а ние само што немаме плејмекер и не оди,што мислите Јурич може да игра во средина подобро од станкович или мунтари неее јас мислам дека проблемот е кај дуото мансини и ку(а)ресма кај крилата,плејмекер знам треба за во лш,а за скудетото овој состав е премногу

Најголемиот проблем е триото во средината , не крилата и не напаѓачот , средината воопшто не помага на нападот а за тоа и Мурињо самиот е свесен зашто истото го кажа на последниот прес по мечот со Удинезе . Не е дека Интер игра со еден напаѓач , многу други тимови тоа го прават ама разликата е што во истите шанси и прилики за гол или асистенции добиваат и плус двајца од средината на теренот покрај крилата и нормално, напаѓачот .
Кај Интер тоа долго време отсуствува , добра комуникација средина-напад, сега ке видиме со Палермо како ке се покажат, мене нерешен резултат искрено не би ме разочарал доколку Интер изигра добар фудбал со шанси за гол, али ако се анемични како со Фиорентина тогаш би бил многу разочаран .
 
Не не споредувај со џенова!
Џенова ке падне на полусезона и ке се бори за највеќе 15 место заедно со екипите од нејзин ранг!
Главни конкуренти ни се пензионерите и старата баба(дама) само тие 2 екипи имаат доволно играчи за да сменат нешто на полусезона и да заменат повредени играчи!
и кога веќе спомна Кварезма Мансини дека не работеле само ке те потсетам дека заедно се само 2 месеца и дали 2 пати заедно ја почнале утакмицата!
А за интересен фудбал гледање од прости причини што Арсенал секоја година има импресивна игра а ништо не освојува а други екипи со топло ладно тактика освојуваат ЛШ и Титули во лигите!

Џенова го зедов само како пример,тие го победија милан и реми со нас.
за кварезма и мансини:ебаго тие се професионални играчи.мансини топло ладно,а кварезма додека беше во порто не тренираше чекаше да дојде во интер и затоа толку слабо,и нормално мислам дека проблемот е кај нив.ние играме 4-3-3 во десната страна со Маикон и бек и крило,а во левата..........не зборувам за левата страна повеќе играме на десно...

Најголемиот проблем е триото во средината , не крилата и не напаѓачот , средината воопшто не помага на нападот а за тоа и Мурињо самиот е свесен зашто истото го кажа на последниот прес по мечот со Удинезе . Не е дека Интер игра со еден напаѓач , многу други тимови тоа го прават ама разликата е што во истите шанси и прилики за гол или асистенции добиваат и плус двајца од средината на теренот покрај крилата и нормално, напаѓачот .
Кај Интер тоа долго време отсуствува , добра комуникација средина-напад, сега ке видиме со Палермо како ке се покажат, мене нерешен резултат искрено не би ме разочарал доколку Интер изигра добар фудбал со шанси за гол, али ако се анемични како со Фиорентина тогаш би бил многу разочаран .
Затоа го зедов како пример Џеноа и дека јурич или некој друг не е подобар од станкович,а за средина треба да земеме еден ако сакаме лш,а скудетото мислам дека нема да биде проблем,само треба дуото напред да се уиграт подобро.
 
gos напиша:
Затоа го зедов како пример Џеноа и дека јурич или некој друг не е подобар од станкович,а за средина треба да земеме еден ако сакаме лш,а скудетото мислам дека нема да биде проблем,само треба дуото напред да се уиграт подобро.

Дури и да се земе еден плејмејкер играта и понатака ке остане анемична и тапа доколку целата средина не се вклучува во нападите, ова важи и за деструктивците во истата .
Есиен кој играше како деструктивец во Челзи колку пати само знаеше да се уфрли во нападот, да асистира и да постигнува голови . Скоро на секој меч влегуваше во шанса, иако тука беше Лампард.
Реков, многу ме интересира како ке изигра пред Се средниот ред против Палермо а и против Јуве зашто гледам дека Мурињо призна дека средината е виновна за малиот број на шанси и игра. Еднаш Бојан рече на форумов, напаѓачкиот фудбал не зависи од тоа колку напаѓачи имаш во тимот, зависи пред Се од целиот среден ред зашто тоа е она кое му дава динамика,организација и креативност на целиот тим, а не ке ставиш 4 напаѓачи како со Џенова а идеја никаква.

п.с. Ви текнува ли како го отворија мечот со Рома во првите 20 минути кога се редеа шанси, и самиот Пизаро по мечот изјави дека во тој дел од натпреварот биле збунети поради таквиот начин на игра.
 
Есиен=Мунтари!
Тоа е главната замисла на Мурињо!
и Gos ако може да го прикачи зголемено тоа сликичето од потпис и превод да даде баш ме интересира шо е!
 
Ако може некој текстот од песната c'e solo l'inter да го постира.

Он Топик:

Искрено од овој распоред не ни очекував да сме први после 10 кола, со нов тренер нова филозофија на играње, нова формација, нови задачи на играчите, итн итн. Имам верба во Интер :)

FORZA INTER!!!!

Edit:

На Кварезма уште 2 утакмици муу оставам на average level да ги игра, ке видите убаво кој е тој. И на сите ни изгледа дека ништо не прави оти кога ја има тој топката сите очекуваме гол (барем јас така, секогаш кога ја има топката чекам гол да падне), само да ве потсетам каков беше К.Роналдо на почетокот кога играше за Ман. Утд.
Ке го заборавиме Ибра до Нова Година, Кварезма ке биде THE MAN :).
 
Ако може некој текстот од песната c'e solo l'inter да го постира.

Он Топик:

Искрено од овој распоред не ни очекував да сме први после 10 кола, со нов тренер нова филозофија на играње, нова формација, нови задачи на играчите, итн итн. Имам верба во Интер :)

FORZA INTER!!!!

Edit:

Here you go

ОК ќе пробам да ја преведам и оваа песна.

C’E SOLO L’INTER

Cantare: Graziano Romani
E’ vero, ci sono cose piu’ importanti di calciatori e di cantanti
Ma dimmi cosa c’è di meglio
Di una continua sofferenza per arrivare alla vittoria
Ma poi non rompermi i coglioni
Per me c’è solo l’Inter.
A me che sono innamorato
Non venite a raccontare quello che l’Inter deve fare
Perchè per noi niente è mai normale
N è sconfitta nè vittoria
Che tanto è sempre la stessa storia
Un’ora e mezza senza fiato
Perchè c’è solo l’Inter.
C’è solo l’Inter, per me, solo l’Inter
C’è solo l’Inter, per me…
No, non puoi cambiare la bandiera
Ela maglia nerazzurra dei campioni del passato
Che poi è la stessa di quelli del presente
Io da loro voglio orgoglio per la squadra di Milano
Perchè c’è solo l’Inter.
…E mi torna ancora in mente l’avvocato Prisco
Lui diceva che la serie A è nel nostro dna
Io non rubo il campionato ed in serie B non son mai stato…
C’è solo l’Inter, per me, solo l’Inter
C’è solo l’Inter, per me, per me…
C’è solo l’Inter, c’è solo l’Inter, c’è solo l’Inter, per me…
C’è solo l’Inter per me.
***
превод на Македонски

ПОСТОИ САМО ИНТЕР

Вистина е, дека има и поважни работи од фудбалерите и певачите
Но кажими, што може да биде подобро
од бесконечните страдања , за да би се дошло до победа
но после немој да ме зафркавате
Замене постои само Интер.
Мене, вљубен,
немојте да ми кажувате што треба Интер да прави

Затоа што занами никогаш не е нормално
Ни пораз ни победа
И така секогаш ист е разговорот

Сат и пол без воздух
Затоа што постои само Интер.

Постои само Интер, за мене, само Интер
Постои само Интер, за мене...
Не неможеш да го променеш знамето

ниту црно-плавиот дрес на старите шампиони
И така е ист како денеска

Од нив барам почит за екипата од Милано
Затоа што постои само Интер.
...Во мислите секогаш ми е avvocato Prisco

Тој говореше дека Серија А е во нашата DNA
Јас некрадам првенства, а во серија Б никогаш не сум бил...

Постои само Интер, за мене, само Интер
Постои само Интер, за мене...
Постои само Интер, за мене, само Интер

Постои само Интер, за мене...

еве и за оваа песна превод
 
Први сме во Италијанско Први сме во групата ЛШ во купот уште неаме почнато!
Може играта ни е грда и непривлечна ама повеќе сакам грда игра со трофеи одколку најдобра игра(Арсенал) со нитуеден резултат!
 
Гледам сте го оживеле фан клубот Интер со добри анализи.
Јас еве повторно пишувам пост, после претарпените шокови кој ди добив за време и после натпреварот Интер - Удинезе.
во неделата ми се случи нешто што и сам не верував дека може да ми се случи.
Ја изггубив надешта во последните 10 минути дека ќе ги освоиме трите бода, на таква претпоставка дојдеов гледаќиги претходните натпревари со Џенова, Фиорентина.
Но кога Интер постигна гол во судиското продолжение, замислите око не ми трепна, никогаш дотогаш ми се немаше случено да не потскокнам после постигнување на гол.
А во неделата замислите ниту окото не ми трепна, и покрај победата.
...........
Но кога Лече постигна гол во последните секунди од натпреварот Лече - Милан, наплатив и за претходното , ми се врати срцето наместо, како да се преродив.
-------
во продолжение ќе ви пишам нешто , што е врзано со Мурињо и Интер.
 
18.5 mil.EУРА za “кражба ” на Mourinhо


- После TV show-то које го приреди Jose Mourinho за време на викендот, стигна една бомбастична вест: шеиците од Manchester City на Мурињо му понудиле 18.5 милиони Евра годишна плата за превземање на нивниот клуб Manchester City, сигурно е дека нема на пола сезона да го остави Интер, но налето тешко дека ќе им одолее на шушкањето на еврата. според некои извори од Абу Даби, каонтактите биле остварени уште пред пет недели, при што Мурињо позитивно реагирал на поканата. Мурињо и така веќе ја има почнато војната со италјанските медиуми, при што изјави дека „на навивачите во Италија им недостасува страст за фудбал“, па меѓу другото имаше и изјава дека еден ден сака повторно да се врати во Англија. извор: The Sun.

- Што се однесува за Круз, тој очекува покана за да го продолжи договорот со Интер , кој му истекува на крајот од сезонава. За можни дестинаци за продолжување на неговата кариера се споменуваат: Барселона, Рома и Болоња. доколку не потпише нов договор до јануари, тој може да почне да преговара како слободен играч и да си побара нова екипа за следната сезона. како најзаинтересирана се споменува Рома, која покрај за Круз се интересира и за Обина.
- Што се однесува до појачувањата, највероватно уште од јануари ќе бидеме засилени со Thiago Silva, бразилски одбранбен играч, Radu, Романецот исто игра во одбраната и француско-алжирскиот играч од средниот ред Yebd. напомена: ниеден од овие посочени трансвери не е службено завршен.
поздрав Думан
 
Inter - Juventus

Сисоко највероватно баниран 2 натпревари, па сеа треба да очекуваме од овие закочениве од Торино дека ова е масло на Интер! Туку друга ми беше целта на постов.. Дел Пиеро.. да човеков е добар во изведување на слободни удари, можеби и еден од најдобрите 5 во светот.. но погледнете го последниот натпревар со Киево, односно шансите на тој натпревар ке видите дека истиот овој играч кој не можам да го замислам падна како покосен на 25 м со цел да добие слободен удар! Така да мислам дека кога нема да му оди на Јуве, особено со помалите екипи, каде судијата почесто би свирнал прекршок за Дел Пиеро, бидејки сепак игра Јувентус против Киево, ке го гледаме овој офчар со големо Ф како паѓа на зелениот терен! така дојдоа до предност против Киево.. така ке дојдат и против мн други помали екипи.. :nerv:

П.С. Што се однесува на последниот пост на Думан, касно го видов ке мора вака да напишам, не мислам дека Мурињо туку така ке си замине, а и да си замине не е крај на светот, нас ни беше проблем Манчини, кој беше неискусен за во лигата на Шампиони, а ако веке овој си замине, ке дојде некој друг подобар од Манчини во секој случај! Сепак мислам дека лошо е за 2 год да се сменат 2 тренери! Лошо ке влијае на екипата..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom