Македонска берза

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Денес потоп на берзата, како тргнала работата изгледа ќе го онадиме ежот во доги стајл

ТТК -7%
МПТ -5%
МПОЛ -4%
ГРНТ -4%
КМБ -2.5%
 
Член од
11 април 2013
Мислења
65
Поени од реакции
39
Топлификација ќе откупи една десетина од главнината на компанијата

27/05/2013 // Пред 7 часа // ЕКОНОМИЈА // Коментирај

Топлификација ќе се стекне со сопствени акции со откуп на најмалку една десетина од основната главнина на компанијата, се вели во Одлуката за стекнување сопствени акции за откуп, објавена на Македонска берза.
-Се одобрува стекнување на сопствени акции со откуп на најмалку една десетина од основната главнина на ‘Топлификација’, по најниска цена од 1.000 денари, односно највисока цена од 10.000 денари за една акција, стои во Одлуката.
Во време кое не е подолго од 12 месеци ќе се изврши откупот на од денот на донесување на оваа одлука, а исплатата на средствата за откуп на сопствени акции ќе се врши од сметката на компанијата.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
2
Поени од реакции
0
Ме интересира дали некој има искуство со инвестициони фондови. Студент сум и сакам да инвестирам некоја мин. сума (1000ден. месечно) на 10 години дали вреди ?
 
Член од
14 април 2013
Мислења
93
Поени од реакции
62
Ме интересира дали некој има искуство со инвестициони фондови. Студент сум и сакам да инвестирам некоја мин. сума (1000ден. месечно) на 10 години дали вреди ?
Од инвестициони фондови имаш КБ Публикум , Илирика и Пензиските фондови . Сите наведени моментално капиталот ќе ти го зголемуваат по околу 1 до 4 % годишно , а вредноста на уделот во некои фондови дури и е намален во однос на тоа кога фондот е формиран. Значи фондовите инвестираат на берза , во обврзници , во депозити, а предност пред физичките лица им е само тоа што можат да инвестираат и на странските берзи. Мое мислење со овие стапки на раст и состојба во економијата и пазарот на капитал и инструментите што фондовите ги практикуваат е дека твоите 1000 денари во фондот за 10 години ќе станат околу 1200 денари . Ако си задоволен со толку ти си знаеш . Инаку да ти кажам дека годишната инфлација е 3,8 % . А ако штедиш во банка можеш да постигнеш до 5 % на годишно ниво . За провизии не сакам ни да пишувам . Интелегенцијата на менаџер во фонд и (не сакам да пишувам пошто си од Прилеп) :) е иста ,а кога ги вложуваш парите во фонд значи даваш доверба на фондот . Па сега ти види дали ќе ти се исплати . Ова е само мое мислење а одлуката секако твоја.

П.С . Јас да сум студент би ги потрошил на некоја згодна колешка .;)
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Ме интересира дали некој има искуство со инвестициони фондови. Студент сум и сакам да инвестирам некоја мин. сума (1000ден. месечно) на 10 години дали вреди ?
ako nemas poima od berzi i sl raboti dobra ti e ideata, ako sledis berza najdobro e od ednas da vlozis pari ne mora mnogu, i da cekas da karis. Barem vaka moe razmisluvanje
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Каква мизерија се МПОЛ, ни сајтот не им работи, им редиректира на дрводелски сајт :facepalm:
 
Член од
11 април 2013
Мислења
65
Поени од реакции
39
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Топлификација ќе откупи една десетина од главнината на компанијата

27/05/2013 // Пред 7 часа // ЕКОНОМИЈА // Коментирај

Топлификација ќе се стекне со сопствени акции со откуп на најмалку една десетина од основната главнина на компанијата, се вели во Одлуката за стекнување сопствени акции за откуп, објавена на Македонска берза.
-Се одобрува стекнување на сопствени акции со откуп на најмалку една десетина од основната главнина на ‘Топлификација’, по најниска цена од 1.000 денари, односно највисока цена од 10.000 денари за една акција, стои во Одлуката.
Во време кое не е подолго од 12 месеци ќе се изврши откупот на од денот на донесување на оваа одлука, а исплатата на средствата за откуп на сопствени акции ќе се врши од сметката на компанијата.
Со оглед дека е донесена одлуката, дали има некој инвормации зошто се чека?
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Банките најавуваат повеќе кредити

Растот на индустриското производство и стабилизирањето на економијата го враќаат оптимизмот во банкарскиот сектор. Се најавува засилено кредитирање.

29.05.2013 15:38:19
Share on facebook Share on twitter Share on email Share on print More Sharing Services 0
Банките ќе го одврзат ќесето. Охрабрени од позитивните економски резултати планираат зголемување на кредитирањето за фирмите. Досега тешко се одлучуваа да им дадат пари бидејќи се плашеа дека нема да можат да си ги вратат.
„Имаме историски зголемена ликвидност, намаленото давање кредити беше одраз на она што се случуваше во стопанството. Ако нема пораст, нема кредити. Податоците се оптимистички, имаме пораст кој ќе доведе до зголемување на кредитирањето“ вели Ѓорѓи Јанечевски, претседател на здружението за банкарство.
Освен директно од банките, свежи пари до претпријатијата треба да дојдат и преку државата. Министерството за финансии најавува нови субвенционирани кредитни линии преку Македонската банка за поддршка на развојот откако ќе бидат исцрпени постојните.
„Ние ќе настојуваме и во натамошниот дел од годината преку активни политики, носење на дополнителни средства за малите и средните претпријатија преку поволни кредитни линии и реализација на капиталните инвестиции да го помогнеме тој раст и верувам дека македонското стопанство ќе ја помине годината со позитивни резултати“ изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
И монетарната власт разгледува нови неконвенционални методи за да ги стимулира комерцијалните банки. Досега Народната Банка воведе само една ваква мерка – ослободување од задолжителната резерва за парите што им се позајмуваат на извозниците. Преку неа, за четири месеци биле одобрени 36 милиони евра.
Сепак, засега кредитирањето на стопанството стагнира. Подолг период вкупните пласмани се одржуват на околу 2.1 милијарди евра, а во парил имаа и благ пад за 650 илјади евра.
--- надополнето: 29 мај 2013 во 17:06 ---
Македонија ќе добие берза на недвижности

Од Агенцијата за катастар на недвижностите посочуваат дека со новиот проект ќе воспостават систем за процена на имотот, а информациите ќе бидат достапни и за другите државни институции, банките, компаниите, инвеститорите и за приватните корисници. Со создавање берза на недвижности се очекува купопродажбата на недвижности да се одвива побрзо и полесно

Знеа некој како ова ќе функционира? Дали ќе мора да се тргува по тие цени или чисто информативно е?
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Дали ќе мора да се тргува по тие цени или чисто информативно е?
Таман работа да мора да се тргува по тие цени.
Тогаш уште утре од берзата ќе направат 100 евра квадрат во Центар, ќе дојде #Ж со шлепер пари (ситното што останало од Ск2014) ќе го купи цел Центар, па после некој месец од берзата ќе ги направат 1000 евра за квадрат и #Ж ќе си ги шитне за таа цена.
 
Член од
30 мај 2011
Мислења
554
Поени од реакции
130

ИК од аеродром и КТ на скопје имаат повеќе пари тие можат да купат,Ж е уште слаб со пари неможе ништо да земе.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Ж е уште слаб со пари неможе ништо да земе.
Не си во тек со Твитер, #Ж не е градоначалникот на центар, туку апсолутниот владетел македонски во последните 7 години (и љубител на купување станови за мајка му) ;)
 
Член од
30 мај 2011
Мислења
554
Поени од реакции
130
Не си во тек со Твитер, #Ж не е градоначалникот на центар, туку апсолутниот владетел македонски во последните 7 години (и љубител на купување станови за мајка му) ;)
Е не сум.Грешно сме се разбрале т.е разбрал.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Денес КМБ под 2000 падна :(

Stefus Corp. која е твојата прогноза до каде може да оди надолу?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom