Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Комерцијална моментално е најпотенцијална акција за инвестирање . Фирмата е натоварено магаре , кое на своите плеќи носи многу кампањи , искредитирани проекти, но со сите потпишани договори е во добитна комбинација . Јас мислам дека ќе паѓа до ревидираниот извештај на полугодие но не помалку од 1800 . Очекувам многу позитивен извештај за успех и акцијата ќе се корегира до 2400. Летно време до декември ќе хибернира околу 2400 -2200 , а после во зависност од целата берза која изгледа е излезена од контрола и во зависност од остварените резултати ќе видиме до каде може да дојде.
Исплатената дивиденда од само 90 денари придонесе за овој лош резултат .
Но откако ќе се преселат со зградите , и со изјавата на Ставрески дека банките моментално се најликвидни во историјата , мислам дека цената ќе се корегира.
На ваква берза Комерцијална ја сместувам во најпотенцијалните за инвестирање на 1900 денари.. До 2400 е 500 денари по акција или околу 25 %. Многу солидно.
 
Денес КМБ под 2000 падна :(

Stefus Corp. која е твојата прогноза до каде може да оди надолу?
Воглавно се согласувам со mijak_76 имаат само една лоша година ништо повеќе за 6-18 месеци би требало да се врати на старата позиција од 2400+ .
 
Дури и според оптимистичките прогнози на менаџментот на КМБ 2013 ќе им биде полоша од 2012. Ако дивидендата за 2012 беше 100 ден нето, според прогнозата за 2013 ќе изнесува 80 ден! А како што ми изгледа ќе мора многу да се потрудат да го достигнат тој таргет.
 
според прогнозата за 2013 ќе изнесува 80 ден!

Има и полоша прогноза од 60 денари и тоа исплатени од добивките од претходните години при салдо на крај на годината од речиси нула (+/- еден милион евра).
 
Има и полоша прогноза од 60 денари и тоа исплатени од добивките од претходните години при салдо на крај на годината од речиси нула (+/- еден милион евра).
2013 ќе биде лоша нема сомнение но не ми изгледа дека имаат некој системски проблем...а порано без проблем остварувале со години добивка. Така да не би ме изненадило да имаат добра 2014. А за дивиденда кој е поголема од добивка е малку безвеза ТЕЛ го прави тоа...стварно не гледам логика и долгорочна стратегија во таков потек освен краткорочно држење на цена на акцијата.
 
Sakam da investiram na MSE i se mislam pomegu ALK,TEL,KMB . Ve molam za sovet i mislenje za ovie tri kompanii.
 
Sakam da investiram na MSE i se mislam pomegu ALK,TEL,KMB . Ve molam za sovet i mislenje za ovie tri kompanii.
Zavisi sto sakas TEL i ALK se low beta akcii dodeka KMB ima povisoka beta. Dosta razlicni firmi i akcii se toa...imaat i dobri i losi strani sekoja od niv.
 
Претпоставувам дека се повозрасни и располагате со поголем вокабулар. Средношколец(во Борис економски смер) па сакам вон тоа да се едуцирам, има ли некаков материал достапен, видеа, филмови и слично за таа цел?Благодарам однапред
 
Конечно !!! Акционерите на „Макпетрол“ побараа независна ревизија

  • share1.png
од Владимир Петрески, НОВА | објавено на: 02-06-2013 12:41:07
4204golema.jpg

Според Љубица Рубен, од Друштвото за заштита на акционерски права, за „24 Вести“ вели дека на годишното Собрание на „Макпетрол“ АД, мнозинството акционери биле против годишните извештаи на компанијата и побарале објаснување за загубите и независна ревизија.

Рубен, која работи во адвокатската компанија „Менс Легис“, вели дека исходот од ревизијата го чекаат и потенцијални руски инвеститори кои, според неа, се заинтересирани за македонскиот нафтен гигант.

Инаку, „Менс Легис“ на својот корпоративен веб сајт на 17 мај објави и повик до акционерите и вработените да си го заштитат својот акционерски капитал.

„Согласно официјалните податоци за искажаната загуба во МАКПЕТРОЛ АД Скопје Вашиот акционерски капитал е обезвреднет. Загубата за 2012 година изнесува 58.592.056 денари (приближно 952.716 евра). Загубата продолжува и за само првите три месеци во 2013 веќе изнесува 2.400.000 евра. И покрај тоа што голем дел од имотот на МАКПЕТРОЛ АД Скопје е ставен под хипотека, сепак на дневниот ред на акционерското собрание закажано за 1 јуни 2013 година е ставена точка за одобрување на зделка со заинтересирана страна за отуѓување на средства на МАКПЕТРОЛ АД Скопје во корист на КДА ОИЛКО Скопје,“ се вели во повикот и се додава дека акционерскиот капитал е доверен на управување на менаџери кои не се акционери во МАКПЕТРОЛ АД Скопје, туку во КДА ОИЛКО Скопје и кои донесуваат одлуки спротивни на интересите на акционерите.

Покрај ова, адвокатската компанија тогаш побара акционерите директно учествуваат на акционерското собрание или дадат полномошно на Друштвото за правни работи „МЕНС ЛЕГИС“ да им обезбеди бесплатно застапување и заштита на нивните права и интереси на акционерското собрание на МАКПЕТРОЛ АД Скопје.
 
Газдата на топланата Те-То сака да ја купи грчката ДЕСФА

  • share1.png
од Владимир Петрески, НОВА | објавено на: 27-05-2013 16:30:34
3993golema.jpg

Руската „Синтез Група“ нема да учествува во наддавањето за грчката компанија за природен гас ДЕПА, но може да учествува во наддавањето за операторот на мрежата за природен гас ДЕСФА, извести „Синтез“ денеска, а пренесоа грчките медиуми.

- Конечната одлука дали ќе се поднесе обврзувачка понуда ќе биде донесена во блиска иднина, откако ќе се прегледаат конечните верзии на договорите со акционерите и договорот за продажба – рече компанијата денеска.

Продажбата на ДЕПА и ДЕСФА се главни компании во приватизацијата која се врши со поддршка на Европската унија, а со цел да се зајакнат финансиите на земјата и да се отплати дел од долгот.

Двете грчки компании за гас привлекоа интерес од пет различни инвеститори од Русија, Грција и Азербејџан, но останува нејасно колку од нив ќе поднесат конечни обврзувачки понуди.

Покрај „Синтез“, интерес за грчките компании за природен гас покажа и рускиот гасен гигант „Газпром“. Извршниот директор на компанијата, Алексеј Милер, ја посети Атина три пати во последните месеци. „Газпром“ снабдува најголем дел од грчкиот гас.

„Синтез“ е контролиран од страна на рускиот тајкун Леонид Лебедев. Компанијата влезе и на македонскиот пазар преку Топланата Те-То, во која поседува 80 отсто од акциите, додека скопска „Топлификација“ ги поседува останатите 20 отсто. „Синтез“, е, исто така, сопственик и на компанијата „Балкан Енерџи Груп“, која од први јануари годинава ја доби лиценцата за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на македонскиот главен град.
 
Лебедев им удели во Гаспром и Аерофлот а главен газда е на Тупољев Авиофабрика.
 
Укуцав на гугл Леонид Лебедев со цел да дознаам повеќе за неговата личност и дело и ми излегува само Руска Мафија . Ако има некој некој линк нека сподели да го видиме шо човек е ?
 
Укуцав на гугл Леонид Лебедев со цел да дознаам повеќе за неговата личност и дело и ми излегува само Руска Мафија . Ако има некој некој линк нека сподели да го видиме шо човек е ?

pa tocno izleglo :) nema sto toa e toa :)
--- надополнето: 3 јуни 2013 во 17:17 ---
Укуцав на гугл Леонид Лебедев со цел да дознаам повеќе за неговата личност и дело и ми излегува само Руска Мафија . Ако има некој некој линк нека сподели да го видиме шо човек е ?

Еве во ова книга описува некои работи мислам дека ке ти биде во корист да ги сватис сите тајкуни како настанале тајкуни ;) таму е и Лебедев и Абрамович и останатите

http://www.kapital.mk/mk/makedonija...in_kje_beshe_nesrekjna_politichka_figura.aspx
 
Позитивно во секој случај за акционерите во Топлификација А.Д. За оваа акција да се врати на ниво каде што беше треба да започне нов бизнис како што пишуваше и Stefus Corp. со кого иако полемизирав порано , морам да признаам дека се сложувам со неговите резервирани проценки. Сепак како што стојат работите акцијата е потценета во сооднос со ризиците и инвеститорите сеуште се резервирани но сега би требало фирмата да си ја штити акцијата со откуп на сопствени акции. Билансите и наплатата им се во ред и пишуваат дека навреме ги сервисираат кредитите .Мое мислење е дека со вакви цени на акциите на пазарот ТПЛФ треба да се корегира до 2200 денари во моментов. Има тука многу смешани работи .Негативни кампањи , луѓето сеуште мислат дека Топлификација е оператор , ТЕ - ТО не работи профитабилно , БЕГ не плаќа кирии .Изгледа дека енергетските компании стојат најлошо на Македонската Берза .
Но за похрабри инвеститори и на подолг рок секако дека е акција број 1 спрема можната капитална добивка . Превземање не очекувам бидејќи подобро им е на БЕГ да плаќаат 1 милион годишно за кирии отколку да дадат 30 -40 милиона евра за ТПЛФ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom