Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Денес Макпетрол направи растур на берзата а ? =) MPT 17.515,41 8,57%

АКЦИОНЕРИ И ВРАБОТЕНИ ВО МАКПЕТРОЛ АД СКОПЈЕ РАЗБУДЕТЕ СЕ, ЗАШТИТЕТЕ СИ ГО ВАШИОТ АКЦИОНЕРСКИ КАПИТАЛ

Согласно официјалните податоци за искажаната загуба во МАКПЕТРОЛ АД Скопје Вашиот акционерски капитал е обезвреднет. Загубата за 2012 година изнесува 58.592.056 денари (приближно 952.716 Евра). Загубата продолжува и за само првите три месеци во 2013 веќе изнесува 2.400.000 Евра.
И покрај тоа што голем дел од имотот на МАКПЕТРОЛ АД Скопје е ставен под хипотека, сепак на дневниот ред на акционерското собрание закажано за 1 јуни 2013 година е ставена точка за одобрување на зделка со заинтересирана страна за отуѓување на средства на МАКПЕТРОЛ АД Скопје во корист на КДА ОИЛКО Скопје.
АКЦИОНЕРИ, Вашиот акционерски капитал сте го довериле на управување на менаџери кои не се акционери во МАКПЕТРОЛ АД Скопје туку во КДА ОИЛКО Скопје и кои донесуваат одлуки спротивни на Вашиот интерес.
Крајно време е ова да се спречи, а тоа е возможно само ако акционерите директно учествуваат на акционерското собрание или дадат полномошно на Друштвото за правни работи МЕНС ЛЕГИС.
Ги повикуваме сите акционери на МАКПЕТРОЛ АД Скопје да се јават во МЕНС ЛЕГИС заради застапување на акционерското собрание на МАКПЕТРОЛ АД Скопје.
МЕНС ЛЕГИС на акционерите им обезбедува бесплатно застапување и заштита на нивните права и интереси на акционерското собрание на МАКПЕТРОЛ АД Скопје.
Акционерите можат да се јават во МЕНС ЛЕГИС на адреса; Бул. Св. Климент Охридски бр. 54-3/2 во Скопје, секој работен ден од 8-16 часот и на телефоните: 02/ 3 126 462 или 3 115 677 или на мобилен телефон: 070 278 467.
Скопје, 17.05.2013
Друштвото за правни работи МЕНС ЛЕГИС
 
Поздрав за иницијативата,Андреа Јосифовски и тие околу него владеат со најмногу 20% и некому му станало јасно дека тоа не е многу.
Не сум видел вакво агресивно тргување од 2007 како некој да пробува наеднаш да ја качи цената за да влезот на новите акционери кој не се со менаџментот се блокира.
Друга варијанта е дека навистина компанијата се продава.(како и да е корист имаат сите што купиле тука акции).
За првата варијант логично колку е таа повисока помала е куповната моќ или помал е бројот на акции што ке се купат. Андреа и компанија може да си дозволат да ја делкатаа на високи цени 60-80 000, ама обичните не баш за да ја загрозат позицијата на првите. АКо некој има друго толкување нека напише.
 
Не би рекол дека владее со 20 %. Ако имаа само толку до сега ќе беа во историјата.
Да анализираме заедно MPT1.jpg

Пакетот што го контролира АЈ според мене е ( Оилко + вработени +менаџери ) а тоа се околу 48 % и гледаме дека од година во година се намалува .Вработените во МПТ имаат добри услови и големи плати и ќе бидат на страната на АЈ.
Друштвото за правни работи Менс Легис може да ги привлече (надворешни + поранешни работници ,а тоа е околу 30 % максимум бидејќи оние што имаат малку ( 1, 4 , 6 ,10 ) акции не верувам дека ќе се ангажираат толку за да потпишат полномошно кое веројатно е само за едно собрание кое се одржувало во Струга .
А се работи за луѓе со различни карактери па тешко е сите да ги задоволиш посебно ако не си менаџер во компанијата па да делиш големи плати.
Во независна група ги ставам ( пензионери +странски субјекти ) околу 20%
Пензионерите се ортодоксни поклоници на директорот бидејќи имале убав живот и тие ќе вееруваат во неговите приказни за успешни планови , добивки и можна продажба . Дел од нив можат да се приклучат и на илегалата . И толку .
Значи 50 : 30 : 20 убедливо за Андреја Јосифовски.
Ако пристигне некој во Струга супер . Ќе му потполни над 51 % за успешно собрание.

Сега другата работа а тоа се фирмите ќерки MPT2.jpg

Од структурата на фирмите се гледа дека Гама ( бизнис со гас ) е само во 50 % сопственост на Макпетрол. Државата кога тогаш ќе си ги оствари интересите.
За финансиските резултати и долговите во тешки милиони знаеме .А дотогаш гледаме Италијанско првенство на Телма телевизија и разни други скапи ТВ права и спонзорства на каратисти , клубови ...
Мое мислење кое не мора да биде точно :

Овој или ќе го продаде Макпетрол или ќе оди во затвор .
Прашање е со вакви резултати колкава цена може да постигне ?
Значи за него само рај или ... крај . 100 % е луд .
Трето има само за сопствениците на оваа акција .
А тоа е да си излезат од МПТ во оној момент кога ќе проценат дека акцијата во моментов ја достигнала посакуваната цена.
Некои што купувале порано подобро е да излезат и со загуби и да се преструктуираат или ако се толкави љубители на МПТ да се натоварат на 12-13 000 повторно .
 
Табелата со акционери наведува на погрешен заклучок. Газдите на Оилко(акционерите) се и вработени во Макептрол како внатрешни акционери значи многу од внатрешните акционери двапати се бројат. Бидејќи Оилко е командитно друштво здружени акции на вработени во МАкпетрол како залог се ставени акциите нивните од Макпетрол за основање на Оилко.

Или просто Андреја како приватно лице и вработено во МПТ има да речеме 5000 акции.Тие се ставени во Оилко кое пак има сега во МПТ ,а Андреја уште се води како вработен во МПТ и во исто време неговите акции се бројат и како Внатрешни и како Оилко. Типовиве се пуни со интриги.
 
Со внимание ги прочитав постовите , последниве неколку страни кои се однесуваат на Топлификација и Макпетрол.
Сакам да укажам на нешто што е спацифично за Македонија и што го нема во Светот, а тоа е дека вработените и директорите се главни акционери. Тие се станати акционери затоа што во процесот на приватизација им се подарени акциите од претпријатијата во кои работат
Тие имаат различни цели:
Вработените сакаат да ги задржат своите работни места и своите надпросечни плати, а по можност, кога е поволно, да продадат нешто од акциите и да си купат стан, кола или нешто друго вредно
А директорите сакаат пред се да ги задржат своите директорски места, односно да се одбранат од „ непријателско превземање “. И да станат сопственици на што поголем број акции, односно сопственици на претпријатието. Исто е можно да сакаат капиталот, на претпријатието да го пренесат во претпријатие кое во нивна приватна сопственост.
И тука е разликата: Кога некој во Америка или Германија, купува или продава акции, тој тоа го прави за да заработи.
А кај нас сопствениците, купувачите и продавачите на акции имаат и други мотиви.
Инаку мојот совет за тие што имаат акции од Топлификација - ослободете се од тие акции. Топлификација никој не може да ја спаси од пропаст
--- надополнето: 21 мај 2013 во 12:02 ---
Мислам дека и ова ќе ве интересира:
380px-DJIA_historical_graph_to_jan09_(log).svg.png
Дау Џонс индексот кој во време на Големата депресија беше 60 поени, Од 1960 до 1980 беше околу илјада, а по 2000 година порасна на преку 10 илјади
Како го толкувате ова?
 
Слабо нешто МПТ или тка ми се чини?
 
Znae nekoj granik koga ke isplaka dividenda?
 
Znae nekoj granik koga ke isplaka dividenda?

Денеска Топлификација изгласа одлука за исплата на дивиденда, воедно изгласа и одлука за купување на сопствени акции на Македонска Берза по цена од 1000 до 10 000 денари.
 
Денеска Топлификација изгласа одлука за исплата на дивиденда, воедно изгласа и одлука за купување на сопствени акции на Македонска Берза по цена од 1000 до 10 000 денари.


А информацијата од Х.М. дека е добиен тендерот за гасоводниот систем во Чаир ?
И тоа дека оваа година треба да стартуваат балансните групи за струја ?
 
Ништо...во октомври ќе си одиш на одмор :P
uste da imav tolku da mozam so niv na odmor da idam dobro ke bese, ali ke ima za burek so jogurt mesec dva :)
Денеска Топлификација изгласа одлука за исплата на дивиденда, воедно изгласа и одлука за купување на сопствени акции на Македонска Берза по цена од 1000 до 10 000 денари.
kolku e dividendata na TPLF? koga e presekot i koga ke ja isplakaat znaes?
 
Со внимание ги прочитав постовите , последниве неколку страни кои се однесуваат на Топлификација и Макпетрол.
Сакам да укажам на нешто што е спацифично за Македонија и што го нема во Светот, а тоа е дека вработените и директорите се главни акционери. Тие се станати акционери затоа што во процесот на приватизација им се подарени акциите од претпријатијата во кои работат
Тие имаат различни цели:
Вработените сакаат да ги задржат своите работни места и своите надпросечни плати, а по можност, кога е поволно, да продадат нешто од акциите и да си купат стан, кола или нешто друго вредно
А директорите сакаат пред се да ги задржат своите директорски места, односно да се одбранат од „ непријателско превземање “. И да станат сопственици на што поголем број акции, односно сопственици на претпријатието. Исто е можно да сакаат капиталот, на претпријатието да го пренесат во претпријатие кое во нивна приватна сопственост.
И тука е разликата: Кога некој во Америка или Германија, купува или продава акции, тој тоа го прави за да заработи.
А кај нас сопствениците, купувачите и продавачите на акции имаат и други мотиви.
Инаку мојот совет за тие што имаат акции од Топлификација - ослободете се од тие акции. Топлификација никој не може да ја спаси од пропаст
--- надополнето: 21 мај 2013 во 12:02 ---
Мислам дека и ова ќе ве интересира:
Прегледај го приврзокот 64223
Дау Џонс индексот кој во време на Големата депресија беше 60 поени, Од 1960 до 1980 беше околу илјада, а по 2000 година порасна на преку 10 илјади
Како го толкувате ова?
Брате Смрт (или слобода), да ти напоменам дека ова што го вршиш е класична берзанска шпекулација, и мислам дека ја вршиш со намера да се здобиеш со противправна имотна корист, што не е далеку од ајдутство и е за поздравување.

А околу Доу индексот, дали количеството на капитал кој се врти на берзата е ист сега, во 60-тите или во 1929?
 
О Д Л У К А
за утврдување на дивиденден календар
1. Датум на известување на Собрание на акционерите за годишна сметка за 2012 година е 24.04.2013 година.
2. Бруто дивиденда по акција по годишната сметка за 2012 година изнесува 60,00 денари и е 1,908 % од номиналната вредност на една акција.
3. Седницата на Собранието на акционери по завршната сметка за 2012 ќе се одржи на ден 15.05.2013 (беше одложено и се одржи вчера на 23.05)година.
4. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 27.05.2013 година.
5. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 28.05.2013 година.
6. Дата на пресек на книга на акционери е 30.05.2013 година.
7. Дивидендата ќе се исплаќа во пропишаниот законски рок.
8. Начин на исплата на дивиденда: преку трансакциските сметки на акционерите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom