Инаку, вчера државата вкупно се задолжи за 61,6 милиони евра. Интересно е дека преку шестмесечни записи, Владата на првата аукција бараше 32,5 милиони евра, со камата од 3,1 отсто, но банките беа подготвени да и' дадат дури 42 милиона евра. Тоа покажува дека дури и по оваа ниска камата за банките се попримамливи државните записи отколку да ги кредитираат компаниите. На втората аукција на шестмесечни записи, пак, со камата од 3,15 отсто, државата бараше 22,7 милиони евра, а банките нудеа 30 милиони. На аукцијата, пак, на 12-месечни записи, државата и банките се најдоа со бараниот и понудениот износ, па се собраа 5,2 милиона евра, со каматна стапка од 3,6 отсто.