Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Според црвениот болд, сосема ми е јасно што е и како е, и како тоа се фураш у филм од таква позиција и глумиш лудило.

Според плавиот болд, гледам дедо ти не го бивало, па го стаиле директор.

Јас лично сум вчудоневиден од ваквиов твој став, ама ти си знаеш. Голем си.
Муабет ми беше да не беше СФРЈ далеку ќе беше поразлично имотот и сите срања. Да незборам и национализација и други методи за одземање на приватен имот. Тоа е дури и да и најбитна фаца и некој што знам што тогаш ништо заџабе многу помалку ќе добиеш од сега. Да добиваа директорите тогаш повеќе ама сега истите фаци земаат многу повеќе.
Јас мислам дека да небеше СФРЈ во смисла на 45 години комунизам многу ќе беше понапредна Македонија и на мене а најверојатно и на сите ќе им беше подобро. СФРЈ сама по себе не лоша ама С-то во СФРЈ е она лошото и во основа ретроградното на тоа уредување. Поента: Комунизам не го бива ова сега полу-функционалано капиталистичко општество е подобро. Најдобро ќе беше тоа што се случи во 1990 да беше во 1945 да не се мучевме со 45 години лошо економско уредување. Да не почвам за демократија и слобода на говорот за овој мој коментар ќе одев на голи оток во 1946-7 а ти за твојот во 1920-30 во Сремска Митровица. И на двајцата ни е подобро сега од пред 1990 барем од тој аспект.
Не ме интересира политика ама ова денешно општество нуди поголеми можности за избор успех слобода од тоа во СФРЈ да социјалната заштита е малку послаба ама во основа е добар дил и дефинитвно пад на комунизмот беше одлична работа. Но сепак нивото на социјална заштита не е катастрофални и за недај боже се наоѓа но нетреба да расте на сметка на капитализмот.
А за распадот на Југославија е сосема друг фактор во основа е виновен национализмот. Мене не ми се допаѓа национализмот на денешната десница и социјализмот на левицата. Затоа не гласам на избори освен првиот пат ептен мерак ми беше да видам како е...после не сум се појавил на избори и не планирам наскоро.
Тоа ај да не одам во друг правец со муабетот.
Сума сумарум Комунизам СФРЈ сакс ептен катастрофа фијаско (n) Југославија ОК (не свршавам по братсво и едниство ама не мразам никого) сега посаглам капитализамоидимзам -Супер (y) национализам бул шит тотал.
 
Тоа со становите беше голема неправда во СФРЈ но никој немаш сила да ја исправи после. Станови си добиваа луѓе на поклон незаработени а некој не добиваа. Ти го сметаш за плус јас за минус на комунистите. Затоа е поубаво денес од тогаш...не е идеално но многу е поправедно и фер.
Плус, но битно е во кој смисол. Како една солидна база за најголемиот број граѓани да се стекнат со недвижен имот со кој потоа ќе тргуваат, ќе го менуваат за поголем или помал што зависи од нивните потреби. Оти замисли недајбоже под кирија со макар просечни месечни примања, макар нека се и редовни. Никогаш не би можел човек да заработи доволно за свој дом. Доказ повеќе за големиот потенцијал со кој се здобија граѓаните се податоците, конкретно за Скопје. До земјотресот во Скопје имало околу 37.000 станови, денеска има 120-130.000. По периоди, најголем број станови се изградени 1960-1970 41.000 и 1970-1980 42.000. По 1999 7.500. Состојбата по периоди е слична на ниво на Македонија. Заради тоа го споменав потенцијалот и станбениот фонд. На страна фактот што паралелно со станови, се изградија и јавните институции, клуч за писменоста и здравјето на едно население.
Значи показателите како брз развој на јавно здравство и образование, изградба на инфраструктурата, индустријализација, природниот прираст (од 9.5 во 1990 на 1.6 во 2010), зголемена и сигурна имотна состојба, како и сигурни работни места и плати одат во прилог на тој период.
 
Роден сум во СФРЈ се сеќавам на Југопластика Поп 84 Партизан Ѕвезда и компанија светски европски ова она. ОК е тоа ама не е нешто битно и значајно во животот.
Дедо ми бил директор и партиски функционер во СФРЈ. Се пензионираше и отиде пред да се распадне СФРЈ и ни остави куќа и викендица. Не доби ништо многу повеќе од обичен работник...стан несакаа да му дадат дека имал куќа. Додуше ни тој сакаше веруваше во тие идеи. Како и да е од тој имот од 1990/1 до сега два пати се зголеми недвижниот и незнам колку пати движниот и посебно ликвидниот сетоа тоа во инфлација корегирана вредност. Сите се школувавме во странство и знам како функционира капитализмот и комунизмот и избор е јасен помеѓу ова сега и тоа тогаш....барем тие верзии на општествено уредување. Знам што правеа тогаш тие и ние сега. Мене ми е многу пати подобро сега...не е најдобро има сериозни проблеми ама ова сега за СФРЈ не би го менувал ни на сон.
Да не беше СФРЈ најверојатно тука ние немаше да разговараме и јас да ти пишувам туку мојот батлер :pos:... нема везе шала на страна батлери се селска работа. Како и да е поентата ми е ако те биваш во СФРЈ тотално те убиваше државата и сега е донекаде така ама Маршалот и комунисите беа многу поефикасни позлобни и понеправедни и нефер.
Сега се чуствувам многу послободно од тогаш и на личен план и на економски и на геогравски итн.
Треба да се менува и ова ама доста сум среќен што си отиде тој систем. И арен сум и порано ми е :)

Стефус, јас и оној што сака да те разбере ќе те разбере....
види џабе везеш момак.... јас се обидов да објаснам на овој форум нешто друго...дека ‘‘Во времето на СФРЈ многу лесно се умирало - не е мит туку вистина!‘‘ Бидејки многу (повеќето) овдека говорат за последните години на таа творба, биле деца тогаш и им било убаво, а таа држава знаеме малку повеќе егзистираше од нашето битисување во неа .....Токму за тоа сакав, она што го пишуваат аналитичарите, историчарите, политиколозите, хроничарите... зашто ако пишувам од лично искуство ќе бидам субјективен, а парадоксот да е поголем имам многу поголем мотив да го сторам тоа, бидејки барем од 90% од овие што се пењават за тој систем. јас сум живеел подобро во истиот! Но моите пак имаат предходно многупати имаат пострадано од тој систем, исто така знаеме (тие што сакаат да знаат) и нацијата на која припаѓаме... И сега која стока од човек треба да бидам јас и да кажам: Па ме боли ‘‘премудриот‘‘ што страдала мојата фамилија и мојата држава некогаш, ВАЖНО МЕНЕ МИ БИЛО УБАВО, целото мое детство и младост: Стариот работеше во словенско претставништво, земаше плата колку Киро Глигоров у Београду... јас исто така (5-6 години се работев во истото), и како 20 и нешто годишен земав плата колку тројца шалтерски банкари од Југобанка, кои се фаќаа за глава кога ќе го видеа мојот чек од платата.... И САМО ПОРАДИ ТОА ТРЕБА ДА СЕ ПЕЊАВАМ ЗА ТОЈ СИСТЕМ? ХА-ХАХАХАХ ГЛУПОСТИ! СУБЈЕКТИВНО ДА РЕЗОНИРАМ? ДЕКА МЕНЕ МИ БИЛО УБАВО;БИЛО НА СИТЕ? ПОДОБРО ДА МЕ НЕМА!

Се обидов Стефус, ама не вреди! Знаеш Југоносталгијата, веќе одамна не е состојба туку болест! На таа тема напишани се многу докторати! Еве еден добар напис: ‘‘Болеста наречена Југоносталгија‘‘.... човеку четврт век од нејзиното распаѓање, губење на толку енергија, пењавење, http://starisajt.nspm.rs/kulturnapolitika/2007_hofman2.htm
Има многу поинтерсни теми од економијата, каде што нема политика од оваа која многу малку има врска со економијата! Барем постовите - НИМАЛКУ!
Што мислиш Стеф, КМБ го допре ли дното? ТПЛФ ќе сибе мајка или ќе фане во висини? За економично загревање на простории. за заштеда на електрична енергија... за идеја како да се преживее во кризава ако веќе неможе да се профитира... има има многу интересни теми на овој форум за економија. Ова е навистина губење време!
 
Стефус, јас и оној што сака да те разбере ќе те разбере....
види џабе везеш момак.... јас се обидов да објаснам на овој форум нешто друго...дека ‘‘Во времето на СФРЈ многу лесно се умирало - не е мит туку вистина!‘‘ Бидејки многу (повеќето) овдека говорат за последните години на таа творба, биле деца тогаш и им било убаво, а таа држава знаеме малку повеќе егзистираше од нашето битисување во неа .....Токму за тоа сакав, она што го пишуваат аналитичарите, историчарите, политиколозите, хроничарите... зашто ако пишувам од лично искуство ќе бидам субјективен, а парадоксот да е поголем имам многу поголем мотив да го сторам тоа, бидејки барем од 90% од овие што се пењават за тој систем. јас сум живеел подобро во истиот! Но моите пак имаат предходно многупати имаат пострадано од тој систем, исто така знаеме (тие што сакаат да знаат) и нацијата на која припаѓаме... И сега која стока од човек треба да бидам јас и да кажам: Па ме боли ‘‘премудриот‘‘ што страдала мојата фамилија и мојата држава некогаш, ВАЖНО МЕНЕ МИ БИЛО УБАВО, целото мое детство и младост: Стариот работеше во словенско претставништво, земаше плата колку Киро Глигоров у Београду... јас исто така 5-6 години се вработив во истото, и како 20 и нешто годишен земав плата колку тројца шалтерски банкари од Југобанка, кои се фаќаа за глава кога ќе го видеа мојот чек од платата.... И САМО ПОРАДИ ТОА ТРЕБА ДА СЕ ПЕЊАВАМ ЗА ТОЈ СИСТЕМ? ХА-ХАХАХАХ ПОДОБРО ДА МЕ НЕМА!
Се обидов Стефус, ама не вреди! Знаеш Југоносталгијата, веќе одамна не е состојба туку болест! На таа тема напишани се многу докторати! Еве еден добар напис: ‘‘Болеста наречена Југоносталгија‘‘.... човеку четврт век од нејзиното распаѓање, губење на толку енергија, пењавење, http://starisajt.nspm.rs/kulturnapolitika/2007_hofman2.htm
Има многу поинтерсни теми од економијата, каде што нема политика од оваа која многу малку има врска со економијата! Барем постовите - НИМАЛКУ!
Што мислиш Стеф, КМБ го допре ли дното? ТПЛФ ќе сибе мајка или ќе фане во висини? За економично загревање на простории. за заштеда на електрична енергија... за идеја како да се преживее во кризава ако веќе неможе да се профитира... има има многу интересни теми на овој форум за економија. Ова е навистина губење време!
Тоа е побизарното тие што релативно виделе повеќе и подобрата страна од тој систем мислат дека е посрање...мислам дека тоа е реализацијата кога ќе видиш дека всушност системот тебе највеќе те заебавал. Некој ќе рече ова е класичен случај „рани куче да те лае“ уствари кучетот било Магаре кое римбало за сите и добивало ситна слама за доручек :).
КМБ ќе има тапа година лоши се прогнозите поверојатно е ТПЛФ да изненади нагоре...за повеќе на друга тема...
 
Да не беше СФРЈ најверојатно тука ние немаше да разговараме и јас да ти пишувам туку мојот батлер
Ај за 20 години кај да е ќе имаме роботи да пишуваат за нас, ние ќе лежиме на плажа со коктел во раката и ќе уживаме во животот. СФРЈ ја нема така да ништо реално не не спречува да напредуваме, нели?
 
Kad Srbin Hrvatu kaze brate, Kad Slovenci pice plate, Kad Crnogorci se za posla uvate, Kad Makedonci dobiju vece plate i dok sve to Bosanci svate bice opet JUGOSLAVIJA!!!
 
Во Југославија добро се живеело во седумдесетите и ништо повеќе ,барем така кажвет постариве генерации.
 

Ова тука се кажува! нема потреба да навлегувате длабоко во темата.
RESPEKT!
 
Што јас тука да ти објаснувам , стави 20 литри бензин и прошетај ја пола Македонија ! Ке видиш зошто Скопје станало такво какво што е ! Спореди го тоа со братските ни републики на север па ке видиш каква мајка беше СФРЈ !
Друже не си ти толку наивен да сватиш дека југа беше промашен проект , кој преживеа толку долго благодарејки на харизмата на еден човек и на прекутната согласност на некои поголеми !
Беспари батка е само сирењето на факот ,а не становите , на оваков или онаков начин тие станови ги отплакаме сите ние сеуште .
koj denes ima pari da stavi 20 litri benzin ,coveku toa ti e 1/4 od najniska dozvolena plata , ili 1/2 od mesecnite smetki , ti navistina mozes da si dozvolis 20 litri benzim za edno polnenje ????:eek:
--- надополнето: 26 мај 2013 во 22:44 ---
https://www.youtube.com/watch?v=ZSwuqtaANtM
 
Мит дефинитивно! Зошто комунизам и диктатура поим немаш што се случува во остатокот на светот , па си викаш еј супер живееме! Што било добро ?! СФРЈ ти било ко Грција во сегашно време живот на кредити , огромни бонуси , 13 плати , одмори итн. Имено истиот план за штедење им е наметнат сега на Грциве :) СФРЈ пропадна овие ќе се спасат ли ? Нејсе воспитувањето од тоа време и последиците кои ги остави ги чуствуваме и дненес! Сеуште чекаме државата да ти обезбеди се , да ти ги реши проблемите , да те вработи.... Единствено небиле забележливи толку разликите бидејќи никој не бил преокупиран со пари е затоа е предноста !
 
Мит дефинитивно! Зошто комунизам и диктатура поим немаш што се случува во остатокот на светот , па си викаш еј супер живееме! Што било добро ?! СФРЈ ти било ко Грција во сегашно време живот на кредити , огромни бонуси , 13 плати , одмори итн. Имено истиот план за штедење им е наметнат сега на Грциве :) СФРЈ пропадна овие ќе се спасат ли ? Нејсе воспитувањето од тоа време и последиците кои ги остави ги чуствуваме и дненес! Сеуште чекаме државата да ти обезбеди се , да ти ги реши проблемите , да те вработи.... Единствено небиле забележливи толку разликите бидејќи никој не бил преокупиран со пари е затоа е предноста !
http://www.youtube.com/watch?v=VXpZ596kd6w
 
Се живееше подобро баш денес еден чика го исекна носот пред мене.
Да беше тоа добар систем луѓето денес ќе имаа манири ќе читаа книги, ќе одеа во театар и ќе бевме економски рај.

Пред 30 години беше срамота да секнеш нос на улица, луѓето беа покултурни, одеа во театар, а економски, споредено со денес, беше рај.
После дојдоа некои полуписмени исфрустрирани копилиња и разебаа све.
 
Пред 30 години беше срамота да секнеш нос на улица, луѓето беа покултурни, одеа во театар, а економски, споредено со денес, беше рај.
После дојдоа некои полуписмени исфрустрирани копилиња и разебаа све.

Тука беа тие од секогаш, никогаш не дошле. Само го чекале моментот и си правеле пат за да делуваат уште посилно :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom