Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Значи ќарот со 500 - пуна капа пари!Вработената ми кажа дека у магацин немале место за нови изданија па затоа е ваквиот попуст. Ако книгата што сега вреди 150, а вредела 500, трошоците за нејзино печатење и изготвување била 140.
http://forum.kajgana.com/threads/Што-читате-во-моментов-со-краток-коментар.1297/page-214#post-305539А да и „Ако една зимска ноќ некој патник“ е раскази или роман?
Каков е Ник Хорнби, поточно „Долг пат до дното“? И оваа „Долна земја“ изгледа интересно.
Иначe таа едиција на светска книжевност е првата моја комплетирана колекција на книги и иако не е најквалитетна ни по кориците и страните, нити по печатените букви, нити по многуте печатни грешки, сепак ми е омилена колекција. Само небо зна со колку мака, труд, и магии сум ја комплетирал. Прво дур да дознаам колку вкупно наслови се, па да ги најдам во добро сочувано издание, па некои беа невозможно да се најдат, па таман ја комплетирав, не знам ни сам како едната книга ја изгубив, па дур да ми текне кој е тој наслов што ми фали, па дур го најдов. Цело патешествие.
Ај ако не те мрзи напиши ги насловите од колекцијава. Јас ги имам:
1. Белиот ден, Џек Лондон
2. Бронзената птица, Анатолиј Рибаков
3. Бунтот на бесените, Б. Травен
4. Островот на пингвините, Анатол Франс
5. Хаџи Мурат, Толстој
6. Херој на нашето време, Михаил Лермонтов
7. Црвената коњица, Исак Бабељ
Па баш ме интересира кои се останатите дела.
40 книги се вкупно. Освен твоите 7 останатите 33:
8.Никос Казанѕакис-Алексис Зорбас
9. Александар Дума-Црното лале
10. Марк Твен-Принцот и питачот
11. Херман Кестен-Децата на Герника
12. Џовани Бокачо-Декамерон
13. Бруно Травен-Богатството на сиера Мадре
14. Иван Тургењев-Спроти новите дни
15. Џек Лондон-Од јужните мориња
16. Даниел Дефо-Робинзон Крусо
17. Анатолиј Рибаков-Бронзената птица
18. Антоан де Сент Егзипери-Воен пилот
19. Клод Кампањ-Збогум мои 15 години
20. Николај Чуковски-Славните морепловци
21. Франц Кафка-Процес
22. Артур Кларк-Големата длабочина
23. Јохан Волфганг Гете-Страдањата на младиот Вертер
24. Џејмс Џојс-Даблинци
25. Франко Балиони-По златото на Алјаска
26. Камара Лај-Црното момче
27. Фјодор Достоевски-Двојник
28. Лидија Чарскаја-Сибирка
29. Исак Башевис Сингер-Непријатели
30. Рајдер Хагард-Рудниците на цар Соломон
31. Оноре де Балзак-Евгенија Гранде
32. Александар Пушкин-Капетановата ќерка
33. Сведоштва за Кирил и Методиј
34. Антон Чехов-Двобој
35. Вилијам Шекспир-Отело
36. Богови и Херои (Грчки митови и легенди)
37. Едгар Алан По-Авантурите на Гордон Пим
38. Браќа Грим-Златната птица
39. Габриел Гарсија Маркез-Хроника на една најавена смрт/На полковникот нема кој да му пишува
40. Николај Гогољ-Тарас Буљба
Одма од памтење 39 ми текнаа, за последнава морав да станам да разбуричкам.
Ај овде да прашам...
Знае некој од Достоевски - „Записи од Подземјето“ каде може да се најде ?
Благодарам многу. Можеби и јас ќе тргнам во потрага по собирање на оваа колекција.
Мислам дека табернакул ја имаат издадено.
Јас ја немав таа среќа некој да ми каже што како, башка тогаш интернетот беше многу слабо развиен и достапен во Македонија, форуми дали постоеа на светско ниво а не па на Македонско. Сепак со среќа, некои од тие малку потешко се наоѓаат да знаеш, особено тие што се лектири-Процес, Декамерон, Земјата на снегот од Кавабата. Сега приметив дека уствари Бронзената птица ти веќе си ја пишал а јас сум ја дулирал, што значи и таа фали во списокотот Јасунати Кавабата-Земјата на снегот.
--- надополнето: 25 мај 2013 во 20:37 ---
И ако не се лажам тоа (на Табернакул ) е единственото издание на Записи од подземјето на македонски јазик. Друга постара или понова печатена верзија на таа книга 90% сум сигурен дека нема.
Да, во право си. Проверив на страната на НУБ, нема региристрирано друго издание на Записи од подземјето.
Благодарам многу. Можеби и јас ќе тргнам во потрага по собирање на оваа колекција.