Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Од денеска Летен фестивал на книга во ТРИ Еве каталог издадена е најновата од Пауло Коелјо „Ракописот од Акра“, исто и од Мишел Уелбек „Елементарни честички“.

Исто така Матица почнува од денеска Со книга на плажа. Ова се дел од новите книги преведени на македонски, а има и 33% на сите книги на српски од Лагуна, огромен број на книги. Да не заборавам кој ја нема купено, трк и одма читање на „И планините одекнаа“, дефинитивно хит на лето 2013.

И двата саеми траат до 20 август.
 
Од денеска Летен фестивал на книга во ТРИ Еве каталог издадена е најновата од Пауло Коелјо „Ракописот од Акра“, исто и од Мишел Уелбек „Елементарни честички“.

Исто така Матица почнува од денеска Со книга на плажа. Ова се дел од новите книги преведни на македонски, а има и 33% на сите книги на српски од Лагуна, огромен број на книги. Да не заборавам кој ја нема купено, трк и одма читање на „И планините одекнаа“, дефинитивно хит на лето 2013.

И двата саеми траат до 20 август.


Па добро, тие 50 книги што се поставени со 70 посто попуст им се цело време на толку попуст. Земав се што ме интересира и не гледам други книги што ме интересираат ( освен, може само книгата од Жарко Лаушевиќ ).
 
Јас не одам ни на двата, имам полно нови книги дома, и фобија имам веќе кога ќе видам нов наслов, здравје едино нешто што ме занима и тоа понатаки е Убијци од лица и Ловци на глави од ТРИ. Може и новата од Линдвуд Баркли од Матица, но тоа дури есента/зимото. Сега имам точно 14 непрочитани книги дома :D
 
Не се ослонувај премногу на тоа. Јас имам дома книги кои ги нема на НУБ. Барем 20-тина грешки можам да посочам до сега што сум им нашол. Класификацијата им е каша-попара и тотално несередена. Да и мене дигиталниот каталог на НУБ ми се нашол за повеќе работи, ама за друго пак ми бил misleading. Еве ти пример. До сега од Достоевски како комплет збирки значи не поединечни книги туку збирки има издадено на три пати. Една е едицијата од 10 тома црни тврди корици каде што мислам дека ја имаше Записи од подземјето (оние 10% за кои не сум сигурен) и каде што Браќата Карамазови беше во 2 тома. Таа збирка ја нема на НУБ. Втората збирка е онаа што јас ја имам дома од 1971 година црни тврди корици со жолти омоти, на старо обично се продаваат без омотите кои лесно се кинат и губат. Таму Браќата Карамазови е во 4 тома, Момче, Демони и Идиот во три, Злосторство и Казна и Понижени и Навредени во два, Бедни луѓе и Двојник во еден том како и Записи од Подземјето во еден том и Селото Степанчиково исто во еден том. Вкупно 20 книги. Третата збирка е онаа на Табернакул со малите книги и малиот фонт. Од таа збирка и јас ја купив Записи од подземјето (во истата книга е и Понижени и Навредени) затоа што Достоевски сакам да го имам комплет а друго издание на Записи од Подземејто мислам дека нема. Ако ја начекам некаде таа 10-томската едиција ќе пишам со сигурност дали и таму ја има.
Исто ја имам на пример и Големите Очекувања на Чарлс Дикенс на Македонски, исклучително тешка за наоѓање од шеесет и трета ако не се лажам, и таа ја нема на НУБ. Уште многу примери имам вакви ич не им е средено како што треба.


Извини што ти враќам волку доцна, изгледа сум изумил порано. Доцнам скоро месец дена, ама муабети за книги никад не застаруваат. :) Во дигиталниот каталог на НУБ мислам дека се внесени книги што се издадени после некоја година ( да речеме после 1960та ) а се претходно не е внесено. Така имам чуено од неврзан муабет со вработените, а и со редовни корисници на библиотеката. Мада, целиот систем во НУБ е хаос, не само дигиталниот. Целата процедура со нарачување книги е, благо речено ретардирано. Си има големи минуси таа библиотека, иако ми е драга. :)
 
денес видов дека има мал саем на книга во џамбо. само на проаѓање бев, а и 10ч беше уште не беше отворено така да појма немам ни што книги ни кои издавачи
 
Ајде децо, попусти и низ Македонија на Три. Вокерка еве да не викаш дека само скопјанишчана се лаки бастардс.

https://www.facebook.com/photo.php?...3809754817.427798.190498999816&type=1&theater

Ги уловив „Океан, море“, „Триумфална капија“ и „Пеколен портокал“. :)

денес видов дека има мал саем на книга во џамбо. само на проаѓање бев, а и 10ч беше уште не беше отворено така да појма немам ни што книги ни кои издавачи

Ѓурѓа беа.
 
Овогодинешниот саем беше единствениот на кој што не успеав да отидам. Инаку секоја година редовно одам. Навистина голема штета што не отидов. Секоја година ми е прекрасно таму. Нови наслови, евтини цени... :)
 
И во Култура има попусти. Повеќе за тоа можете да најдете на нивната ФБ страна, ама јас на темава сум за друга причина. Или јас сум глуп или овие од Култура сакаат да ме направат глуп:

1013100_567308126641434_1788543307_n.jpg

970423_567307999974780_990992431_n.jpg
 
Најквалитетните, најдобрите, најиновативните. Три.
За порачка над 1000 ден бесплатна испорака.

1376382_10151884448704817_1898998905_n.jpg
 
Еве уште еден онлајн (новогодишен) саем на книга на Сакам Книги што се одвива на www.kupikniga.mk. Фина понуда, најновите книги со 20тина % попуст, постарите и до 45%, штета што тие ги имам веќе. Повелеле каталог тука.

1winter-baner.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom