Само со куче...Такви се денес луѓето тешки подлеци другари се со тебе се дури не начекаат нешто па да те шитнат во буквална смисла...Еве да се земам ја за пример другари од маало што се знам со нив добри 10 години ми свртеа грб за 10 дена дур бев на одмор и тоа не по моја вина се поради нивната глупоќа и неинтелигенција ама ако,сите си коментираат еден зад друг , со мене еден муабет со нив друг муабет и така се врти таа топка што прави да се разделат луѓето за кратко.Најчесто љубомората и зависта прават непријателство и она чуство како да го наречам да се истакнат на тебе и во еден момент согледуваат дека не дозволуваш едноставно да се пред тебе во било што и така натаму.Мој совет според мои сфаќања е со никој ама баш никој да не бидете како гз и гаќи да речам пошто еден ден или гаќите ќе се скинат или гзот ќе се исере...
--- надополнето: 25 јули 2013 во 03:03 ---
Па не денес нормално,порано немале ајфони,лаптопи и лајна не викам дека било нешто подобро али другарството им било основна занимација ама тоа е денешното општество направи многу глупава младина и од него се е можно и треба да се очекува.
Нема другарство затоа што денеска т.е. веќе 2 децении наназад е нов систем за нас Капитализам систем во кој се ценат пред се материјалните добра, а не духовните ...
Како второ интересот за дружба е доста намален бидејќи порано немало ниту мобилни, смартфони, компјутери, таблети, интернет... и едноставно децата па и возрасните а и воопшто луѓето биле приморани повеќе време да поминуваат заедно и да се дружат, се одело доста повеќе на гости кај роднини, комшии, пријатели... но денеска овие технолошки принајдоци буквално ги затворија луѓето во сопствениот дом(говорам за во слободното време) !
Трето постои голема љубомора, завист, ривалство и натпреварување помеѓу луѓето кој повеќе да се истакне, кој повеќе да/ќе успее во животот, кој повеќе да се покаже пред другите секако со материјални добра бидејќи денеска е Капитализам систем во кој се цени исклучиво Материјалното !
А другарството еднаш ако го спое*еш толку, тешко дека веќе со истата таа личност повторно некогаш ќе се спријателите, а најмногу другарствата се расипуваат поради злите јазици, поткажување, издајништво, кодошлук, оговарање и сл. доволно е некој да каже нешто лошо за тебе и повеќе да не сакаш да го видиш пред очи тој човек а не пак другари да бидете !