Девизно или денарско орочено штедење?

  • Креатор на темата ViM
  • Време на започнување
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.366
Ако орочам 30 000 евра на 2години колку пари би земал јас? и дали е можно парите од каматата да ги вадам послем секои 3 или 6 месеци?
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Без навреда, ама овие ми личат на бугарска филијала на Македонска Банка, Радо Банка. Ќе земаш 3-4 години убава камата, петата ќе си ја бараш основицата.

Ако урочам 30 000 евра
Толкави пари уроци не ги фаќаат :)
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Без навреда, ама овие ми личат на бугарска филијала на Македонска Банка, Радо Банка. Ќе земаш 3-4 години убава камата, петата ќе си ја бараш основицата.
Веќе 9-та година се на пазарот. Башка исто гарантира фонд за штедни влогови.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.366
Без навреда, ама овие ми личат на бугарска филијала на Македонска Банка, Радо Банка. Ќе земаш 3-4 години убава камата, петата ќе си ја бараш основицата.

Толкави пари уроци не ги фаќаат :)
ете препраив биди среќен и ако знаеш одговори :)
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
ете препраив биди среќен и ако знаеш одговори :)
Еве ти груба пресметка
Ако ги орочиш во евра за две години ќе земеш 2000-2500 евра камата. Орочени во денари би добил околу 3500 евра.
Ако ја вадиш каматата на 3 или 6 месеци тогаш износот е помал за околу 5-600 евра.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.366
Еве ти груба пресметка
Ако ги орочиш во евра за две години ќе земеш 2000-2500 евра камата. Орочени во денари би добил околу 3500 евра.
Ако ја вадиш каматата на 3 или 6 месеци тогаш износот е помал за околу 5-600 евра.
а кажи ми ризично е во денари да се орочува?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.839
Поени од реакции
36.875
Ако орочам 30 000 евра на 2години колку пари би земал јас? и дали е можно парите од каматата да ги вадам послем секои 3 или 6 месеци?
Дали би затворил 30 000 евра во банка на две години за да имаш ќар од одприлика 3000 евра??

Штедењето со сегашниве камати не е исплатливо ни инфлацијата да ја покрие :) Ја искрено на твое место толкава сума на пари не би затворил во банка (освен ако немаш подобра идеја што да правиш моментално) Убава сума е, и со малку напор може само да расте.. многу побрзо од орочување во банка... има триста места кај да се вложат пари во денешно време.
 
Член од
14 април 2013
Мислења
93
Поени од реакции
62

Те молам биди креативен и наброј некое од тие триста места во Македонија кај што може толку пари да се вложат ? Вака гратис ако може ?
 
jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Те молам биди креативен и наброј некое од тие триста места во Македонија кај што може толку пари да се вложат ? Вака гратис ако може ?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.839
Поени од реакции
36.875
Те молам биди креативен и наброј некое од тие триста места во Македонија кај што може толку пари да се вложат ? Вака гратис ако може ?
Прво реално за вакво барање постојат консалтинг агенции кој наплаќаат дебели пари за да ти дадат совет :icon_lol:

Шала на страна...

Има повеќе места... како прво ја имаш берзата, како второ имаш инвестициски фоднови, како трето имаш да си отвориш свој бизнис од секаков вид, како четврто да финансираш некој да отвори бизнис (за да уќариш ти нормално), имаш препродавање производи, трговија, нова или досега не толку експлоатирана дејност итн итн..

Реално да не се лажеме за секоја од овие работи што ги набројав си бара посветеност, време, многу истражување, труд и пот (додај на ова дека во земја како Македонија е тежок пазар за пробивање), али затоа добивката е друга.

Најлесно е да ги плеснеш во банка и да се лажеш дека заработуваш.

Прво, парите ти се затворени за (на пр.) 3 години за да добиеш 3000 - 3500 евра. Човек што работи за 100евра месечно за 3 години ќе заработи 3000 евра а ти за таа заработка си затворил 30 000 евра.

Другиот најбитен момент по мене е психолошкото лажење дека заработуваш со штедење. Да се разбереме... статистички ако ги погледнеш цените на производите и на штедните каматни стапки во на пример последниве 5 години ке приметиш дека цените пораснаа многу додека каматите паднаа.

Да не должам, тоа што си можел да купиш пред 5 години сега ќе купиш помалку па макар парите ти биле орочени и на 5 години од тогаш. Со други зборови си штедел а реално си загубил.

Факт е дека е полесно коа имаш капитал позади тебе да го зголемиш... тешко е коа ке тргнеш со 100 евра да праиш нешто.

Може ќе звучи премногу капиталистички али сепак и се докажа дека е точно ова... парите ако ти стојат ти губат од вредност.. тоа е неминовно и докажано. Побитен елемент е парите да се движат цело време (пак звучи многу капиталистички) али така е... зашто ако ги движиш има поголема шанса да заработиш па макар и негде се осварил загуба.

Тоа ти е мое мислење.:)

За штедењето можеш и да провериш дека е така.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Може ќе звучи премногу капиталистички али сепак и се докажа дека е точно ова... парите ако ти стојат ти губат од вредност.. тоа е неминовно и докажано. Побитен елемент е парите да се движат цело време (пак звучи многу капиталистички) али така е... зашто ако ги движиш има поголема шанса да заработиш па макар и негде се осварил загуба.
Теоретски земено теоријата и праксата се исти. Во пракса не се исти.

Парите треба да се вртат кога има интерес за нивно зголемување, не заради вртењето колку нешто да се врти.

Факт: берзата е во нокаут, недвижностите паѓаат секојдневно, каматите се најниско ниво до сега, повеќе бизниси се затвараат отколку што се отвараат.
Некој друг предлог за инвестирање на парите освен споменативе?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.839
Поени од реакции
36.875
Некој друг предлог за инвестирање на парите освен споменативе?
Тешки години се од 2007 навака, а западот вика ке остане така барем за наредните две.

Што викаш за земјоделие или преработка на храна?
:)
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Што викаш за земјоделие
:)
Се' дури има пари од кредити за субвенции е прифатливо, но што кога субвенциите поприлично ќе се намалат кога кредитите ќе секнат?
Така и инвеститорите во еко струја се затрчаа кога беа големи субвенциите, прашај ги сега како им е.

преработка на храна
:)
А каде ќе го пласираш преработеното?
Тренд е самите синџири на маркети (КАМ, Тинекс и сл) да имаат сопствен брендови на преработени производи (ајвари, пиперки, краставички итн), преработувачите добиваат само трошки од овие зделки.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom